Кога би се прашувал јас, муабети од типот скопски педерчиња и сељаци од провинција би се казнувале со закон.
Трулиот систем е крив за тоа, не некој од Делчево што не извадил бг пасош и морал да замине у Скопје да биде келнер. Да му се смееш на некој за тоа како зборува те прави поголем сељак од истиот.
Од друга страна ако веќе се селиш во Скопје, треба да се навикнуваш на средината а не да пцуеш по истите а тука живееш, јас може не ги сакам Германците но живеам тука и ги почитувам, се однесувам според нивните правила, иако не е ова мој град не ја фрлам лименката од пивото во реката(и не, не е само за казните, никој нема да те види у 3 сабајле, до принципот е) а не како што и сам знам дека многу луѓе, (па видете по студентските) како фрлаат ѓубре со изговор ова не ми е дома.
Ама нели полесно е да се обвинуваме едни со други, решение ќе ни падне од небото.