Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.238
- Поени од реакции
- 36.516
Јас пак не сум толку пребирлив и немам некои посебни емоции кон еден или друг проект. Да има проекти што ми се допаѓаат или не, ама во принцип секогаш имам повеќе работи паралелно што нема ни време многу да се мислам. Мене повеќе ме нервираат луѓето околу мене, особено тие што не разбираат кој е обемот на работата или на „пребарувањата“ а се први да дадат мислење, нереално договорени рокови, еден куп промени на средина од проектот и тн.Според мое искуство, ако не одговорат најкасно за 2 дена, не одговараат..
Автоматски споено мислење:
Јас мислам дека сами се фаќаме у клопката на работа... Кога не ми се свиѓа проектот, едноставно не ми се седнува да работам (како сега на пример, па сум го заседнал форумот)...А кога ми е челинџ, само таму ми е умот. И тогаш сум ненаспан одсутен од фамилија и пријатели (психички), у сред сон се будам зошто сум го сонувал решението и одма на компјутер да го имплементирам и така натака... И да, косата ми е цела бела, уште од доста млад...
А седењето, порано сум киснел да работам иако не се плаќало прекувремено, али толку ми е преку нос дојдено од аспект на гага работа што во последно време се повеќе пробувам да бидам 9 до 5, ако има пари за после ок ќе седам и цела вечер, ако не се плаќа се поретко се осудувам да заглавувам.