Кога СДСМНЕ оди од врата до врата за да ги гласаш зошто никој не бара да се реши Смиљковско? Зошто никој не бара достоинство за загинатите во Вејце и Карпалак? Кој рекол сакам да го решите загадувањето, сакам ефикасна јавна администрација, функционално правосудство? Зошто сите викаат син ми Митре и ќерка ми Стојанка да ги ставите на шалтер и имате од цела фамилија глас? Друго не не интересира што сакате прајте ќе си молчиме. Зошто за ниеден протест не се излезе во масовни бројки? Ако е за загадување, јас живеам во Радовиш кур ме боли. Ако е за приватизација, кур ме боли јас во приватна фирма сум. Ако е за тепање на средношколци во Тетово, кур ме боли јас во Делчево сум дај купам Голф од плац во Благоевград што би рекол еден член. Ќути сине не излегувај, брат ти е нишало на врата во општина ако те видат ќе го избркаат, што ќе правиме после?
Добиваш што заслужуваш. Утре да извадат докази дека зајко, жмицко, грујо се сериски убијци пак ќе имаат шестоцифрен број гласови, пак ќе имаат двотретински број пратеници заедно.
А за тоа добри по природа. Сите асални иселеници што ги знам ми кажале ако некогаш се селиш, прво правило е бегај од наши. Наш ако не те заебе, кој? Да умре комшијата, да му ја земам козата. Завидлук, пикање нос во туѓи работи, величење на богаташи без разлика како стигнале до парите, идолизација на Аркан, Ране, правење сопки и омраза по партиска основа, по внатрепартиска основа, по различномисленска основа, секој кој успеал со образование е исмеван дека му мавале чврги како мал, таков ситен мал со наочарчиња го тепале, сега станал програмер, мочко. Заглавување во бирократски лавирнитни на итни медицински случаеви кои бараат веднаш оперативни зафати, те шуткаат од шалтер на шалтер, никој не сака да ти помогне како сограѓанин кур ги боли за тебе, гледаат да ги испијат тие 10 кафиња и да си одат дома. Ти бараат мито а гледаат дека си утепан и очаен, и баш на таа карта дека си на дното и ќе направиш да си го спасиш, синот, ќерката, имотот кој ти го утнале во административните процедури, гледаат максимално да ти ги исцицаат и тие минимум пари што ги имаш оти ќе пристанеш на се. Уште да редам сакаш?