Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Љубовта секогаш има благ вкус која на крајот се претвора во горчлив.

Така е и со тебе блага, а горчлива од внатре. Не можеш без тоа минато човеку ... веќе ми здодеа да се борам само јас за тебе за нешто кое што нема поента во животов. Иако е крај мислев дека вредиш за уште еден обид... неуспешен
 
Факт е дека секој од нас држи нешто во себе далеку од очите на другите. Како во подрумите на потсвеста, во сенките на тоа ЈАС што сите околу мене го гледат. Синоќа при еден разговор каде што ти дојде како тема шо искрено, јас ја поттикнав, морав онаа мое скриено јас да го туркам пак во сенка да не се гледа пред очите на другите. За себе имам мислење дека сум лош човек. Не знам... Но знам дека одвнатре нешто малку по малку ме гризе и јаде. Ме уништува. Но што воопшто треба да очекувам да ми направи љубовта што нема како да то ја дадам? Како и да е, се надевам добро си.
 
Ми се допаѓаш, а не знам дали треба да ти го кажам тоа, уствари, уште не ни знам какви чуства поточно имам кон тебе, се ми е измешано. Вчера на мојата роденденска забава, и покрај тоа што имаше десетина души околу мене, јас сепак се чуствував празно. И ти беше присутна, те гледав, но тоа покрај тебе не бев јас, можеби и е само добра пријателска врска тоа помеѓу вас, но начинот на кој го гледаше ми задава болка. Како и сите други што пиеја, пиев и јас, но алкохолот само ми направи да се чуствувам полошо, по несигурно. Вечерта ја поминав имајчи кошмари, не можев да се заспијам бидејќи ми доаѓаа разни мисли, прашања, на кој немав одговор. Претпоставувам дека и вечерва ќе имам потешкотии при спиењето. За крај, се надевам дека ќе ми вратиш на мојата последна порака.
 
Не е дека ми е сеедно ама не е ко што беше, ми требаше да те видам да знам до каде сум (тражили сте, добили сте), али не е дека нема да спијам ради тоа. После 7 пива и три вињаци па не сум Терминатор да не заспијам, вајда. Се има дешавано де, не толку одамна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom