не знам кај го виде загубениот допир со реалноста
Гледам оти има потреба да се дообјаснам.
Изгубениот допир со реалноста на ВМРО му се случува откако го избраа т.н "реформирано" раководство на чело со Мицковски, чии што политики на неутралност по важните прашања од национален интерес го чинеа овој дебакл на изборите. Немањето јасен став по прашањето за името, договорот со Бугарија, двојазичноста во текот на трите години во опозиција, а посебно сега пред избори ќе не чинат уште поголеми национални отстапки.
Не можеш постизборно да излезеш на прес сиот блед и да кажеш оти треба да правиш анализа зошто народот не те гласал, кога причината за тоа се гледа од авион.
Уште потрагично да дозволиш кловн како Заев да те издрибла и да ти даде гол во '93.
Никој не му ја даде државата на Али, односно да, му ја даде македонскиот народ, кој не излезе да гласа масовно за било која македонска партија, туку напротив го направи спротивното.
Не успеа народот да ја препознае сериозноста на она што го најавува Ахмети. Сега рацете им се врзани и на Заев и на Мицко.
Треба еднаш за секогаш да се констатира дека македонскиот народ е политички неписмен, неговата нарав е клиентелистичка и опортунистичка. Не можеш исклучиво народот да го обвиниш, оти неговите лидери биле кусогледи, неспособни да ја согледаат фактичката реалност и истата да му ја предочат.
Кој му е на ВМРО крив што изгуби контакт со сопствените гласачи или на Мицко што не излезе да му ја соопшти реалноста и партискиот став за националните прашања кога требаше, па после да бара гласови. Тие на народот не му дадоа јасна причина за да ги гласа, посебно во едни вакви пандемиски околности некој да излезе и да си ја стави главата во торба, за да после го гледа Мицко како го прави истото што го прави Заев сега.
Тие мислеа оти три години ќе седат по страна, ќе молчат, ќе го остават СДС да краде и да распродава се национално и после народот масовно ќе го устоличи Мицковски, па уште и прошка ќе побара од Грујо. Еве му ја сега реалноста.