Тешко и жално да се исчитаат скоро 30 страници млатење празна слама, изнаоѓање на изговори, протнување на квази-факти и оправдување на единствената цел на овие избори а тоа е: БЕТОНИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ СЕВЕРЏИСТАН!
Човек би помислил дека ете дури и форумџииве свесно застанале во одбрана на Северџистан, добро да бидеме искрени има и такви ама најмногу се корисни идиоти кои одработуваат без и да бидат свесни што прават, па така непресметливост може да им се земе како олеснителна околност.
Режисерот така добро ги поставил работите што претставува мачно задоволство да се гледа како актерите самите го одработуваат предвиденото!
Никој ни да гукне дека сајтот (серверот не е затоа што останатите сајтови на таа локација си работат беспрекорно) на ДИК е срушен!
Како да се работи за секидневна операција па нема потреба од коментар!
(Дури се оди до таму да се навредува елементарната интелигенција, замислете се пласира дека тоа било напад од надвор, алоооо кој Индонезија, Марс, Венера, Кина или ... има интерес да напаѓа сервер на изборна комисија на уништена и окупирана територија, зошто ги навредувате и оние малку 1-3% се, ама...)
И понатаму изненадува кога ќе видам како некои веруваат дека оние кои извршија државен удар на 27 април, кои си инсталираа претседател на собрание со 57 гласа, кои не почитуваат резултати од референдум, насилно сменија име на држава и извршија етноцид врз еден цел народ, дека ќе дозволат да бидат сменети на редовни избори.....!
Колку IQ треба да имаш за да поверуваш во такво нешто, а?
Прашањето колку IQ имаат оние кои гласат за менување на име и уништување на својата држава, со гласање на рекетари, аболицирани, криминалци и изроди нема ни да го поставам сите го знаеме одговорот. Иако одбивав да прифатам такво елитистичко размислување, сепак можеби е време и треба да се размисли на некои кои не се деловно способни да им се одземе гласачкото право, особено да одлучуваат за име и.....
Убаво рекол Платон не можат 3 овчари да одлучуваат за него и Сократ!
Ај можеби во наредниот милениум ќе се свати што сакал да каже.
Да се вратиме во Северџистан, по овие резултати многу лесно може да се предвиди кои се намерите и целта на режисерот и кон што (која бездна) ќе не водат копитариве на власт+опозиција и копитариве кои ги поддржуваат, се по-мачно ќе станува, ама ќе биде интересно за тоа не може да се жалиме.
П.С.
Што мислите до наредните избори, за колку ќе се зголеми масата на Северџгани?