Левица - Политичка партија

  • Креатор на темата Креатор на темата Jack NolanProf.19
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Замислете тие шо гласавме за Апасиев колку ќе бидеме горди што сме уникат. :)
Барем маичка од левица да си најдев за летово, а може и бизнис да си напраиме да ги продаваме.
 
Толку не може у 4ката да помине со 1 мандат? Колку се потребни за 1 мандат? Моментално имаат 6.326 гласови.
 
Толку не може у 4ката да помине со 1 мандат? Колку се потребни за 1 мандат? Моментално имаат 6.326 гласови.
Како и да е на следните избори ќе бидеме сила и моќ.
#ДостаБешеМолк напиша другарот Апасиев пред да заврши гласањето.
Некој да не има некое инфо, изјавичка онака левичарска?
 
Од друга страна па и подобро ако влезе сам, можеби некој од другите ќе попушти и ќе биде купен од сдс и со тоа Левица ќе изгуби многу.
 
Zaev na pres - Pobedivme so 3 pratenika poveke od DPMNE, a do utre mozno e i so 4-5 povekje.
-
Димитар Апасиев
6m ·

Ноќва, со помош на Калето, во тек е операција на крадење на два мандата на Левица (во ИЕ2 и ИЕ3) за сметка на СДС на "Нашата Земја".
 
ИЕ 4, коефициенти за 10ти пратеник:
СДСМ 7336.9
ВМРО-ДПМНЕ 7029.9
Левица 6326

Значи на Левица им требаат гласовите што би ги освоиле ВМРО/10 + 704 за да освои нареден пратеник таму.
 
Хахаха, не си ја заборавил дискусијата за Рацин.Како и да е приватно каков бил не можеме да знаеме, фактот што го убиваат уште за време на војната кажува дека и самите знаеле дека никогаш нема да стане како Страхил Гигов, знаеле дека немало да можат да му влијаат во неговото размислување.Да се надеваме дека ќе биде таков и Димче.

Димче е наше кутре, пораснат у наша немаштија, по нашиве неосветлени паркови, дете на финансиски отепана топилница генерација шо од малку се задоволувавме и пораснавме со 50че од вечер, бутлег концерти на Стереотипови у амфи и седење на шпанија(ако си постар знаеш за шо зборуам :D ). И не се жалевме. Пари не се овде тоа шо Димче може да го корумпира.
 
Знаете како викаат, тешко е до првиот милион да се дојде, после натака е лесно.
Со ова, многу платформи и многу врати им се отворија. Се надевам дека ќе освојат уште еден пратеник.

И покрај сите маани што ги имаат припаднициве, перипетии, и покрај overinflated егото на Апасиев, сепак се решив да гласам за Левица. И убаво е да се види што на добар дел од младите (кои се преку 80% од гласачите на Левица) им е преку к*р од Костадин Костадинов ботчиња или Тимчо Муцунски ухлебани со генерации наназад бирократи, кои не ни имаат мозок за да размислуваат со своја глава туку само слепо извршуваат наредби, селективно критикуваат или пак се тешка школа на УДБА.

Замислете само таква мала партија која што нема набљудувачи и кодоши на секој сокак ко владариве успеа да влезе у парламент и да освои +/- 40.000 гласа(може грешам?). Слободно можам да тврдам дека голем дел од неважечките ливчиња во 2 и 3 се гласови за Левица, по теренски договор меѓу двете водечки партии (+ ДУИ) во државава. И дека има кратење гласови, манипулации и рандом силеџиски методи, тоа е несомнено.

Убава приказна у секој случај, човеков издржа секакви смешни наметнати дебати со ШКЉ аналитичари, се шлаеше по улици, идеше, пустеше, губеше, пробаа да му ја скршат партијата, но издржа. Мислам дека ако ништо друго, на овие избори, Апасиев и Левица испаднаа пример за сите нас дека може со пот, труд и со искрена намера и жар, далеку почесно(не викам тотално чесно!) од конкуренцијата да се дојде до целта порано или покасно.
 
lugje ... airlija neka ni e dobrisuvanjeto nashe. Posle 3 godini so smeneto ime i dvojazicnost ne go ocekuvav ova.Ocekuvav nova vlada so VMRO i Levica no komunjarive ne gi ocekuvav... strasno.
 
Ајај уште сега почнаа Апасиев да го распнуваат по социјални мрежи.

Наместо да слават "победа" или да се загрожени тоа што ДУИ и остали АК-47 партии ќе добијат се што ќе посакаат од СДС, Апасиев е проблемот уште невлезен во Собрание.

Арно си кажа во спотот, државен непријател број 1.
 
Убава приказна у секој случај, човеков издржа секакви смешни наметнати дебати со ШКЉ аналитичари, се шлаеше по улици, идеше, пустеше, губеше, пробаа да му ја скршат партијата, но издржа. Мислам дека ако ништо друго, на овие избори, Апасиев и Левица испаднаа пример за сите нас дека може со пот, труд и со искрена намера и жар, далеку почесно(не викам тотално чесно!) од конкуренцијата да се дојде до целта порано или покасно.

Ова е за потпис, свака ти час на кажаното.
 
Браво за Левица и за постигнатово. Во време кога повеќето се продаваат за зејтин, брашно и сендвич (а некој и да работи во администрација), си освоија над 35,000 гласови и ќе земат еве минимум едно место во парламентот (со поинаков систем ќе имаа повеќе, но што е тука е). Спотовите им беа на место, за разлика од другиве кои се осрамотија со гадни спотови.
Не би сакал да коалицираат со никого и да си бидат свои и да се борат во она што го веруваат. Па здравје на наредни избори и двоцифрен број на пратеници да си освојат. Се надевам Апасиев сите ќе ги тресе во собранието, не за да биде интересно и сеир да пукаме туку дека тоа се бара таму.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom