Парламентарни избори - 15 Јули 2020

  • Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување

Кој политички блок ќе успее да состави влада?

  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Нешто над 400к според Wikipedia. Инаку, членските книшки кај нас се штанцаат за бројка, голем дел можеби и сами не знаат дека имаат партиска книшка. Паметам повеќе случаи додека беа ВМРО на власт ми имаа кажувано другари како им стига на фејсбук порака од локален штаб да отидат да си ја подигнат книшката (без нивно барање), а знам и локални партиски обработувачи како масивно по фејсбук, најчесто на наивни безмалку деца од 18-19 год што тукушто добиле право на глас, им имаат барано матични броеви под секакви изговори, што и не е премногу тешко да се дознае ионака. Во држава каде што се фалсификуваат лични карти, пасоши, дозволи и што уште не, најмал проблем е да се извади членска книшка на нечие име.
Како не....не молеле за членски книшки, кога им требаа за вработувања. 2/3 се за тоа поделени откако веќе се договориле за работа.
 
Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
835
Поени од реакции
1.471
Како не....не молеле за членски книшки, кога им требаа за вработувања. 2/3 се за тоа поделени откако веќе се договориле за работа.
Демек тие ве молеле а вие сте биле на: не бе уште не заслужувате, дојдете по некое време? :) Не верувам дека некоја партија би одбила некого за членска кришка. А овие се примери од пред неколку години кои ги знам лично, дали партиска стратегија или интерна на членовите да се покажат кој колку внесол членови во партијата не знам. Знам дека не ви е толку низок прагот за вработување само членска книшка, треба малце да се потруди и по форуми, социјални мрежи, треба и списоци за гласање, лепење плакати, трчање ваму таму, зар не!?
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Јас не еднаш сум рекол дека словенските народи неможат да практицираат демократија, туку монархија...
Ова е една глупост од епски размери, и синдром на пониска вредност. Да посакуваш некој да владее со тебе, затоа што тоа му е од Бога дадено, навистина треба да имаш проблем со себе. На човештвото му требаа дваесетина векови на политички уредувања да се куртули од идеата дека некој кој не е избран има право да владее, ама словените биле инфериорни и за нив била монархијата.

Бидејќи Словенците, Чесите, Пољаците, Словаците ужасно живеат во демократии и изгорени се да се вратат во монархии.

Страшна работа, што се човек нема да прочита.
 
Последно уредено:
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.548
Поени од реакции
2.691
СДСМ и ВМРО се такви какви што се поради гласачите. Проблемот е во тоа што луѓето никогаш не гласаат за програма, туку клиентелистички за вработување на државна цицка или некој друг личен интерес, затоа е и таков курсот на партиите. Дури и критиките спрема партиите се во тој контекст. Критиките на луѓето спрема партиите се: "Гласав за СДСМ/ВМРО, а не ми вработија никој од фамилијата". Јас немам слушнато некој да поддржува или критикува некоја одредена реформа.

Треба промена на менталитетот и на тоа како треба да ги доживуваме политичките партии. Треба да го искорениме оној менталитет останат од социјализмот: "Земи партиска книшка синко и вработи се во државно, нишај врата земај плата", бидејќи во спротивно џабе е дури и да се сменат носечки партии, курсот ќе остане ист.
Види да до некаде е и до менталитет но јас лично мислам дека најголемиот проблем за ова е тоа што овде во државава немаме ни пак сме имале некогаш капитализам ,немаш независен и широк приватен(непартизиран) сектор , каде што народот би можел да најде лесно работа без да се шалта по партии.Можеш да земиш примери и во државава , ако живееш да речиме во Кичево каде што има малку работни места скоро нон егзистентен приватен сектор и тој што е е партизиран голема е веројатноста да се шалташ по партии за работа.Е сега во Скопје е малку поинаква работата има поразвиен приватен сектор и затоа во таа изборна единица можеш да очекуваш најдобри резултати кон помали партии , пример Левица , плус овој проблем е исто подржан од фактот што во Македонија се што се инвестира и гради е во Скопје , па тие што не можеа да заминат надвор од државава заминаа таму , но ова веќе е друга тема за дискусија..
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.382
Поени од реакции
24.092
Не гледам ниту еден разумен аргумент за тоа зошто некој нормален би излегол да гласа, у ковидов.
Па таман цела држава у курац да отиде.
Bas zatoa. Pogolema pricina i motiv od toa ima li?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Ова е една глупост од епски размери, и синдром на пониска вредност. Да посакуваш некој да владее со тебе, затоа што тоа му е од Бога дадено, навистина треба да имаш проблем со себе. На човештвото му требаа дваесетина векови на политички уредувања да се куртули од идеата дека некој кој не е избран има право да владее, ама словените биле инфериорни и за нив била монархијата.

Бидејќи Словенците, Чесите, пољаците, Словаците ужасно живеат во демократии и изгорени се да се вратат во монархии.

Страшна работа, што се човек нема да прочита.
Ова размислување важи за луѓе со низок expectation level. На кои терминологијата им е поважна од фактичката состојба. Кога фактичката состојба ти кажува дека „демократијата“ се базира на социјален инжинеринг и перење мозок, а кампањите им се базираат на шпекулации и лаги, во кои победата зависи од тоа колку пари си вложил, и политиката е претворена во бизнис за политичарите на кои ROI им зависи од тендерите, за каква тоа демократија збориме?

Само нејсе од кал да е демократија да е...
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.798
Поени од реакции
8.544

Не само тоа туку е и историски комплетно погрешен заклучок. Монархиите на Словенските народи биле обележани со комплетна нестабилност. Прочитајте ги историите на Руските, Српските, Полските и Бугарските цареви/кралеви.

Секоја втора реченица содржи обид за убиство/убиство/протеран/одземена моќта. Од време на време ќе се појавел некој далеку над-просечно способен и ќе стигнел далеку само за потоа се да тргне назад со пропаѓање.

На словенските држави во 21 век најголем проблем им се не-демократските системи, неспроведувањето на правда и генералната пропаганда против сите етички и морални вредности. На нас ни се потребни 3 работи:
  1. Правда
  2. Правда
  3. Правда
Без тоа се друго е само фарса. Додека системот не пробува барем да изглуми дека истите стандарди важат за сите, тогаш неможе да има напредок на ниедно друго поле.
Автоматски споено мислење:

Ама фактичката состојба за време на монархиите била 90% од времето комплетно катастрофална. Секоја втора година имале револуции и обиди за преврати зошто биле комплетно нефункционални системи. Толку биле нефункционални што кога абдицирал Николај II, ниту еден благородник не сакал да го прифати тронот освен Михаил кој пак барал првин да биде изгласан од народот ако сакаат да биде цар.

Еве замисли да немаш никаков демократски систем и институции за да може да биде контролиран кралот и да бидат ограничени неговите моќи. И некој лудак како Заев стане новиот крал, што ти останува освен револуција или атентат? И кога ќе почне тој циклус ќе се вратиме на менување на водачите пак константно како што правиме и сега, само наместо со гласање секое менување би било крв до колена.

А ако си ми ги одземал сите моќи и е како Британската кралица/крал ( кои немаат одбиено да потпишат закон или барање од парламентот во последните 250 години) тогаш имаш само церемонијална фигура. Би можел и доживотен преседател да ставиш и би било истото.
 
Навистина, ужасна работа демократијата. За разлика од наследните монархии каде што секој дегенерик може да биде цар или крал, само затоа што е син на претходниот цар или крал. Тоа се покажало како одлично решение многу пати низ историјата.

Срамота е да се бламираш на овој начин.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Слично е со форумов и полтроните, умс вмро ги немаше за живи на форумот до 2016 си лежеа и уживаа, си пишеа во чек дис аут и фудбал, никој да напишеше нешто овде. Сега одбрано е, сега си лежат на брашното од сдсм а вмро си ровари низ темите. И така тоа во круг.
Скроз точна констатација. Се се тоа неутралци, освен кога не се.

Нешто над 400к според Wikipedia. Инаку, членските книшки кај нас се штанцаат за бројка, голем дел можеби и сами не знаат дека имаат партиска книшка. Паметам повеќе случаи додека беа ВМРО на власт ми имаа кажувано другари како им стига на фејсбук порака од локален штаб да отидат да си ја подигнат книшката (без нивно барање), а знам и локални партиски обработувачи како масивно по фејсбук, најчесто на наивни безмалку деца од 18-19 год што тукушто добиле право на глас, им имаат барано матични броеви под секакви изговори, што и не е премногу тешко да се дознае ионака. Во држава каде што се фалсификуваат лични карти, пасоши, дозволи и што уште не, најмал проблем е да се извади членска книшка на нечие име.
Ете, блиску сум бил сепак.
Инаку за ова со партиските книшки прв пат слушам, не дека ме чуди. Знам дека бројот е огромен. Некои се активни цело време, одат по состаноци редовно, мнозинството се активираат пред избори. Интересна работа е што и таму не е како што нам ни се чини, системот на заслуги воопшто не му функционира. На некој може ноктите да му отпаднат од лепење плакати, да е редовен на состаноци, по митинзи и пак да остане со прстот в уста. Други пак со две појавувања на состанок влагаат на функција, оти имаат блиски влијателни луѓе внатре во партија. Нон стоп сега предизборно се лицитира со имиња, списоци и работни места. Интересна е исто разликата во апетитите измеѓу член на ДПМНЕ и СДС. Овие првите се нафаќаа да работат и како собирачи на смет во комуналните претпријатија, овие вторите исклучиво во јавна администрација, што пак одблиску ги отсликува разликите во нивните гласачки тела.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Навистина, ужасна работа демократијата. За разлика од наследните монархии каде што секој дегенерик може да биде цар или крал, само затоа што е син на претходниот цар или крал. Тоа се покажало како одлично решение многу пати низ историјата.

Срамота е да се бламираш на овој начин.
Бламажа е кога за дневно-политички цели во името на лоповскиот систем си ја продадеш и душата и интелектот, како на пример да се регистрираш на форум и за 10 дена да нсбилдаш 400 мислења за да изгледаш релевантен...

а не е срамота да имаш став, па макар и радикално различен...
Автоматски споено мислење:

Не само тоа туку е и историски комплетно погрешен заклучок. Монархиите на Словенските народи биле обележани со комплетна нестабилност. Прочитајте ги историите на Руските, Српските, Полските и Бугарските цареви/кралеви.

Секоја втора реченица содржи обид за убиство/убиство/протеран/одземена моќта. Од време на време ќе се појавел некој далеку над-просечно способен и ќе стигнел далеку само за потоа се да тргне назад со пропаѓање.

На словенските држави во 21 век најголем проблем им се не-демократските системи, неспроведувањето на правда и генералната пропаганда против сите етички и морални вредности. На нас ни се потребни 3 работи:
  1. Правда
  2. Правда
  3. Правда
Без тоа се друго е само фарса. Додека системот не пробува барем да изглуми дека истите стандарди важат за сите, тогаш неможе да има напредок на ниедно друго поле.
Автоматски споено мислење:

Ама фактичката состојба за време на монархиите била 90% од времето комплетно катастрофална. Секоја втора година имале револуции и обиди за преврати зошто биле комплетно нефункционални системи. Толку биле нефункционални што кога абдицирал Николај II, ниту еден благородник не сакал да го прифати тронот освен Михаил кој пак барал првин да биде изгласан од народот ако сакаат да биде цар.

Еве замисли да немаш никаков демократски систем и институции за да може да биде контролиран кралот и да бидат ограничени неговите моќи. И некој лудак како Заев стане новиот крал, што ти останува освен револуција или атентат? И кога ќе почне тој циклус ќе се вратиме на менување на водачите пак константно како што правиме и сега, само наместо со гласање секое менување би било крв до колена.

А ако си ми ги одземал сите моќи и е како Британската кралица/крал ( кои немаат одбиено да потпишат закон или барање од парламентот во последните 250 години) тогаш имаш само церемонијална фигура. Би можел и доживотен преседател да ставиш и би било истото.
ова истото важи и за тебе.... сендвич профил
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Бламажа е кога за дневно-политички цели во името на лоповскиот систем си ја продадеш и душата и интелектот, како на пример да се регистрираш на форум и за 10 дена да нсбилдаш 400 мислења за да изгледаш релевантен...

а не е срамота да имаш став, па макар и радикално различен...
Автоматски споено мислење:

ова истото важи и за тебе.... сендвич профил
Kаква врска има колку постови јас имам, и зошто сум регистриран со глупоста која ја истресе?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Kаква врска има колку постови јас имам, и зошто сум регистриран со глупоста која ја истресе?
Нема никаква врска со мене, туку со тебе.... Можеш слободно да си продолжиш и со овој јусер и со тој другиот....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom