Мислам дека Левица во наредниот период се повеќе ќе биде препознаена како единствена опција за Р.Македонија. Народот го сака начинот на владеење кој го нуди Левица, само останатите партии тоа вешто го прикриваат со десничарски методи.
Она што Левица го направи досега за Македонија, ниедна дуга партија не се осмели тоа да го направи од осамостојувањето па навака. Се надевам во наредниот период Левица ќе се воздигне повисоко пред се на финансиски план за да може да инвестира во промоција на нејзините активности.
Кога идете на гласање од сите понудени кандидати знајте дека Левица е единствената опција која нуди народно владеење, народни пари, народни болници. Ниедна партија тоа нити го спомнала нити ќе го спомне освен Левица. А сигурно сте слушнале од постарите како велат, ако имаш пари денеска ќе имаш и здравје.
Србите се светлосни години пред нас во тој поглед да си ја препознаат вистинската опција. Русија си врати се што е Руско, колку и да беа атакувани од западот. Не треба да се наседнува на лажен патриотизам. Сите они се златни спасувачи на Македонија додека не седнат у фотеља, 30 години ако тоа не успеавме да го препознаеме ни сега нема да го препознаеме.
Тоа ти е како мало дете коа му викаш не јади прво чоколада, најади се солено па после касни си.