Јас тоа и напишав во темата за Левица, дека ако им се укаже можност ќе прават коалиција со ДПМНЕ.
И сега во моментов тие само глумат со Апасиев дека Левица/Десница е самостојна партија на хартија, но Апасиев баш избрка од партијата основачи на Левица кои беа против дејствувањето на Апасиев кое се движеше кон приближување на некои политики и ставови кои ги има ДПМНЕ.
Но затоа ме нарекоа дека сум Татар.
Апасиев никаде го нема да спомне дека и ДПМНЕ и СДСМ 30 години додека било која од двете партии да е власт тогаш за партијата тече мед и млеко во државата а за другата партија која е опозиција за таа партија е црно во државата и обратно кога ќе ги сменеа улогите двете најголеми партии пак исто изјавуваа. Ова барем го кажа јавно претседателот на една партија која е сега на број 7 на листата на избориве, а Апасиев ова нема да го каже, за да не се замери на ДПМНЕ.