Спијам брат, и секое сабајле е нов живот за мене. Проблем у животот ми е една мачка што згазив. Ја сум рекол, кога ќе умрам сакам сите што ги знам на мене да ми должат а не да биде обратно.
Ти си нешто вака како модерен Робин Худ. Земаш тендер и провизија од државата и после делиш со пријателите. Чиста партиска доктрина.
Искрено мило ми е некако што се сведовме на овие муабети, а не некои глупости од минатото, ко правда и правна држава, че си лежите, парите кај народот...
Ова е далеку поконкретен и поопиплив муабет. Од високи идеали за правда доаѓаме до она суштинското, ситното партиско профитерство. Сега правиме реален муабет без идеолошки замајувања, картите се отворени на маса, маските долу, на народот е да бира растеретен од реформски глупости. Глупо ќе биде утре истиот тој народ, после ваква искреност (дека отворено ќе му се ебе матер од крадење) да излезе и да рече оти бил излажан.
Еве правдата е закопана, државата и идентитетот исто, ти си искрен во твоите намери... и после со кој образ овој народ ќе излезе утре и ќе рече оти го излажале, и ќе впери прст во тебе или во било која партија, ќе рече оти некој му бил крив. Го немаме веќе ни тој луксуз, а ни луксузот да имаме држава по се изгледа.