ОК, легитимно е да протестираш велејќи дека деспотски се владее. Легитимно и легално е да се собере народ, да скандира, да вика...
Ама со свои очи видов на ТВ, во живо, како момци фрлаат со коцки од тротоарите, камења по полицајците кои мирно стоеа, не вршеа никакви насилни дејства према никого... Со свои очи видов запалено полициско возило. Тоа возило е на државата, не е ни на демострантите, ни на Вучиќ, ни на некој од полицијата. Исто и контејнери. Гледав како момци кршат и откорнуваат ниски улични светилки (најверојатно). Тие не беа излезени за да протестираат против најавените карантини, туку да кршат, маваат... Е на тие би им репнал казни да ги купат работите кои ги уништија, секако, плус судски процес и казна.
И кај нас (пред 27 април), тие од „шарените“ кои маваа по полиција, кои контејнери туркаа кон групи полицајци... да бев полицаец тогаш, имаше убаво да ги пикнам (не сам секако, со колеги) во тесно сокаче, па грбот како стомакот ќе им го направев(ме). На мирна полиција пак нека фрла и удира после, ако му функционира телото...