Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Од мое искуство не е проблем до самите мотори да стигнеш до таа километража, туку како ќе стигнеш до таму и со колку други попатни дефекти: кумплуг, турбини, бош, тие анти загадување филтри и други циркузи, сензори и останата електроника, квалитет на амортизација и тн. Барем од досегашно искуство повеќе пари имам потрошено за вакво одржување, отколку да стигнам до ремонт (како на времето пример на југословенска застава, знам татко ми го правеше ремонт 101то на 120 000км (додуша товаран беше) ама отиде моторот, сега ја купуваме со повеќе од тоа и барем уште толку ќе и догураме без ремонт, ама попатно обавезно: егр, голема шанса за турбина, бош пумпа или каква и да е, дпф, некоја електроника што ни мајсторот нема да знае дека постои и се во круг :D па и деловите кај нас се тешко ѓубре и еден од најдобрите „пријатели“ во животот ти станува механичарот.
 
Проблемот со трајноста на моторите е јавен пред околу 20 години со downsizing-от. Мали три цилиндрични мотори влечат коли од 1400-1600 kg. Генерално овие мотори се со многу помала трајност и на 150.000 км веќе се спремни за ремонт или отпад. Малите TSI мотори на VW на почетокот имаа огромни проблеми и имам слушано бројни приказни за возила со голема потрошувачка на масло уште на 30-40.000 км. Исто така и 1.2 и 1.4 моторите ( од 4-та генерација на поло ) не им се сјајни, и голем дел од нив трошат многу масло и имаат проблеми со вентили и карики. Всушност за нив е нормално моторот да троши и до 1л масло на 1000 км.
Слични проблеми со малите мотори имаат и други производители, пример Рено со 0.9TCi.
Прегледај го приврзокот 258205
Други проблеми настануваат и при воведување на нови технологии, пример варијабилните замајци во почетокот беа многу проблематични и откажуваа кај нови возила со под 60.000 км. EGR вентили, катализатори и DPF филтри исто така откажуваат далеку пред самиот мотор да покаже било каква слабост.
Нови возила со „соодветни“ мотори кои не се исфорсирани со преголема моќност тераат по 500.000км без посериозни механички дефекти, но проблемите со електрониката се цена која се плаќа за фенси екран и помало загадување.
Не е само тоа.Знаеш на колку коли лагер почнал да бучи на 50-60.000? Кај се мењал лагер порано на 60.000? Освен на заставините возила не ми се десило да дојде ред лагер да мењам на ниедна кола
 
Било која полуксузна марка ти е дупка без дно ако ја земаш половна, затоа вози опел, народска кола, кола за селаните.
 
Не е само тоа.Знаеш на колку коли лагер почнал да бучи на 50-60.000? Кај се мењал лагер порано на 60.000? Освен на заставините возила не ми се десило да дојде ред лагер да мењам на ниедна кола
За нови возила не знам, тоа сигурно си водат статистика производителите и не верувам дека често менуваат лагери во гарантен рок.До сега лагер имам менувано само на Клио од 95-та ( го имам 17 години ) на околу 140.000 километри и истиот лагер пак, после 10.000 километри. Моја вина што ставив кинески лагер од 1500 денари.
Денес трајноста на деловите на возилата е крајно оптимизирана да тие го поминат гарантинот период без никаков дефект, а потоа секој со своја среќа. Делови кои се критични за безбедноста на возилата ( потпирање, управување, кочење ) нормално дека се дизајнирани да траат многу време, ама останатите делови баш и не мора да траат 20 гидни.
 
Никој денес не ти прави било кој дел на колата да трае...премногу конкуренција има во автомобилскиот свет. Се штеди на се, се буста профит на максимум.

Мислите не знаат да направат кола што ќе трае денес? Не знаат да направат кола што нема троши масло? Или ако направат ќе кошта милион евра? ЛОЛ

Ама не им оди во прилог тоа, денес колите се проектрирани да поминат 200 000 - 300 000 км и послем на отпад, едноставно ПРЕСКАПО и НЕИСПЛАТЛИВО е нивното одржување за понатаму, не дека не може ремонти да правиш чуда...

Сакале да признаете или не, последните коли кои барем до некоја мера беа правени да траат, престанаа да се произведуваат пред 15 - 20 год. Денес дури ни мерцедес не е тоа што беше, а пак што остана за другите компании.

Тоа што овде на балканов сакаме да лечиме комплекси со скапи коли кој го отслужиле своето, е сосем друга, неповрзана работа.
 
Последно уредено:
Било која полуксузна марка ти е дупка без дно ако ја земаш половна, затоа вози опел, народска кола, кола за селаните.
Не мoрa дa е пoлуксузнa зa дa биде дупкa без днo.Смени јa Астрaтa сo Гoлф5кa дизел и ке видиш штo е дупкa без днo.Тoa штo се дуплo пoскупи делoвите зa Гoлфoт a уoпште не е пoдoбaр oд Астрaтa е другa прикaзнa
 
Од мое искуство не е проблем до самите мотори да стигнеш до таа километража, туку како ќе стигнеш до таму и со колку други попатни дефекти: кумплуг, турбини, бош, тие анти загадување филтри и други циркузи, сензори и останата електроника, квалитет на амортизација и тн. Барем од досегашно искуство повеќе пари имам потрошено за вакво одржување, отколку да стигнам до ремонт (како на времето пример на југословенска застава, знам татко ми го правеше ремонт 101то на 120 000км (додуша товаран беше) ама отиде моторот, сега ја купуваме со повеќе од тоа и барем уште толку ќе и догураме без ремонт, ама попатно обавезно: егр, голема шанса за турбина, бош пумпа или каква и да е, дпф, некоја електроника што ни мајсторот нема да знае дека постои и се во круг :D па и деловите кај нас се тешко ѓубре и еден од најдобрите „пријатели“ во животот ти станува механичарот.

Нешто што мора да се спомене е дека порано во времето на заставите, многу, ама мноогу помалку се возеше во просек него денес...така дур дојде до ремонт колата луѓето по 10 - 15 години ги возеа. Значи по некој тогашни мерила, ваљда ги рачунале за горе долу трајни.

Денес да земеш нов 101, со ова темпо на возење, ќе се разлока за три години...
 
Не дека тие беа квалитетни, али ајде. Прво едноставни возила, немаше што да се расипе, второ деловите произведени во слични земји како нашите и беа поефтини, а и можеби се возеше помалку.

Кај деловите проблемот е што секогаш ги произведува друга фирма како аутосорс за големиве корпорации, рачунај за да има есап пониска класа на материјали, па уште една рака да лапне од колачот и тие да ќарат штеди на едно и квалитетот е тој. Друга работа треба да се ненормални за да произведат возила што ќе траат 30 години или по 500-600 000 км без да имаат големи дефекти, продажбата би опаднала (особено во вакви сиромашни држави каде ретко кој брка технологија), а со тоа и нивната заработка.

Не само со колите, со се е така, бела техника дома претходната перална раде кончар ја користеле 30 години, сега новава Фаворит прашање дали ќе издржи и 10, фрижидерот исто Раде кончар на времето го имавме преку 30 години (моторот му работеше, се скрши вратата кога го сменија нов) сега новиот Беко веќе го преполнив со фреон после 7 години, телевизорот иста приказна и тн.
 
Како во вицот....ама стварно за другар прашувам... :vozbud:

Вози Опел Астра 1.8 од правта генерација, и има вградено плин. На плин колата супер работи, а на бензин добро работи но изнад 3000-3500 вртежи. На помали обртаи на бензин моторот немирно работи, треси, не влечи(по кажување....го немам слушано или возено)

Како што се сеќавам, Опел на времето вградуваше двојни усисни грани , едни цевки за ниски а други за високи обртаи. Тоа би требало да е проблем со лептирите што префрлаат од една во друга грана, но така би било и на бензин и на плин. на плин си е колата супер

што би можело да биди....?
 
Една или повеќе бензиски дизни.

На мали вртежи не работат како треба, “мочаат“
 
Dajte mislenje za fiatovi 1.4 t-jet/ opel astra/meriva 1.4 turbo benzinski motori...dali vredi da se investira/kupi takva kola so takov motor?
Bidejki ne gi falat mn TSI ni za benzin ni so plin..
Bravo-Astra godiste od 2010 nagore prasuvam.
 
Има некој менувано звучници на Opel Corsa C, дали знае од каде може да се набават квалитетни, какви се фаќаат и слично, сакам да ги менувам фабричкиве што се ама сакам задните да ги мењам, па не знам дали има некој работено ова да даде совети, насоки. :D
 
Здраво дечки ми треба помош/мислење
Утре на нотар ќе биде префрлена кола на име на сестра ми. Колата е од друг град и е со истечена регистрација . Знам дека се прави одјава на тие таблички е сега да не е проблем тоа што е помината регистрацијата ? После префрлањето колата ја носиме во нашиот град за регистрација. Е сега дали може пред регистрацијата да направиме нов договор за префрлање на нотар меѓу мене и сестра ми . Пак се враќам на тоа да не е проблем што е истечена регистрацијата ? Или мора прво да ја регистрираме ( и да направиме нова сообраќајна на нејзино име ) па после да ја префрламе на мое име и да правам нова сообраќајна ? Да се префрли директно на мое име од сегашниот сопственик не е возможно ( од лични причини) така да таа најочигледната опција е исклучена. Дали имал некој слично искуство. Фала
 
Некој има број од автоелектричар лало од Прилеп?
 
Може да се префрли без проблем на тебе (како сопственик да фигурираш ти), ама ако сакаш да ја регистрираш на тое име, ќе треба да ги одјавиш таблиците и ќе ти треба нова сообраќајна. Е сега проблем е да префлриш од еден град до друг без регистрација и по правило и најсигурно треба на шлеп да ја носиш, ама не знам ако не е голема релација и колата е во исправна состојба донеси ја со возење. Не вреди да се замараш со шлеп.
Автоматски споено мислење:

Некој има број од автоелектричар лало од Прилеп?

Појди друже со колата ако е во возна состојба. Ако треба дијагностика мора секако со колата да појдеш.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom