Кајгана анкета за Парламентарни избори

  • Креатор на темата Креатор на темата elnino83
  • Време на започнување Време на започнување

За која партија би гласале на 15ти јули?

  • 1.ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • 2.Демократи за Македонија

    Гласови: 0 0,0%
  • 3.Коалиција СДСМ+БЕСА+останати

    Гласови: 21 11,0%
  • 4.Левица

    Гласови: 57 29,8%
  • 5.Алијанса+Алтернатива

    Гласови: 0 0,0%
  • 6.Глас за Македонија

    Гласови: 2 1,0%
  • 7.Г Д У

    Гласови: 2 1,0%
  • 8.Интегра

    Гласови: 5 2,6%
  • 9.ДУИ

    Гласови: 0 0,0%
  • 10.СДУ Скопје на Петар Богојески

    Гласови: 1 0,5%
  • 11.Единствена Македонија

    Гласови: 1 0,5%
  • 12.МОРО Работничка П

    Гласови: 0 0,0%
  • 13.Народна партија на Ромите

    Гласови: 3 1,6%
  • 14.ВМРО-ДПМНЕ+останати

    Гласови: 46 24,1%
  • 15.Твоја Партија-Најчевска

    Гласови: 2 1,0%
  • 16.Ќе го поништам

    Гласови: 14 7,3%
  • 17.Бојкотирам

    Гласови: 25 13,1%
  • 18.Сеуште не сум одлучил

    Гласови: 12 6,3%

  • Вкупно гласачи
    191
  • Гласањето е завршено на .
30год лешинари, бандити, клошари ја водат политиката, криминалистичка удбашка олигархија!
Дај боже да има некој муда да ги „брка“ и да им конфискува се што украдоа.
Тоа супер, и јас го поддржувам, само никаква поврзаност со капиталистите.

По судови ваљда, голи оток немаме.
Еве јас имам менувачница и сум капиталист идеолошки. И мене ќе ме суди?
 
Тоа супер, и јас го поддржувам, само никаква поврзаност со капиталистите.

Еве јас имам менувачница и сум капиталист идеолошки. И мене ќе ме суди?
Неговата партија сака да воведе радикализација, комплетно менување на систем. Нивната програма е заснована на еднопартиско владеење, владеење на работникот а не капиталистот.
Еве ти линк од ударните мерки на Левица
EDIT: Една од мерките коишто ги нудат е воведување данок на богатство. Колку си побогат толку повеќе данок ќе плаќаш. Правопропорционално колку си поголем капиталист, толку повеќе над глава ќе ти висат да не се обогатиш премногу.
Така да не се погрешно изразив.
 
Последно уредено:

И што има лошо во тоа?

Дај Боже да започне некој таков процес, за такви промени вреди да се загине, кога фабриките ќе се вратат на народот а не на оние кои ги украдоа пред 30 години, е тогаш ќе има правда за работниците и ќе го добијат она што го заслужуваат.Капитализмот мора да се менува зошто и камшикот на Турците бил подобар од ова денес.Или да бидеме сите еднакви или подобро да останеме сите без работа.Требало за време на приватизацијата и транзицијата, работниците да ги запалат сите фабрики, подобро да умреле од глад него за некоја година после тоа што половина народ умрел од срцеви удари и канцери.
 
Далеку се тие од остварување на тие идеи.
Но ако се искрени во намерите, и ако се дочепат до власт (дел од власт), јас би ги оставил да расчистат со олигархијата, да го истурат гневот на нив, да ги одмаздат нивните родители (и родителите на сите нас) кои беа оставени на патот во сиромаштија да се снаоѓаат од деновите на транзицијата до ден денес.

Иако тешко остварливо, поради менталитетот кој си го носиме, моралот кој го немаме итн.
 
И што има лошо во тоа?

Дај Боже да започне некој таков процес, за такви промени вреди да се загине, кога фабриките ќе се вратат на народот а не на оние кои ги украдоа пред 30 години, е тогаш ќе има правда за работниците и ќе го добијат она што го заслужуваат.Капитализмот мора да се менува зошто и камшикот на Турците бил подобар од ова денес.Или да бидеме сите еднакви или подобро да останеме сите без работа.Требало за време на приватизацијата и транзицијата, работниците да ги запалат сите фабрики, подобро да умреле од глад него за некоја година после тоа што половина народ умрел од срцеви удари и канцери.
Па лошо е за луѓе кои направија милиони и кои ќе дадат милиони за да остане или вмро или ездеес на власт, и пак ќе си продолжат да прават милиони а работникот ќе врзува крај со крај. Капитализмот ги прави богатите уште побогати. Единствен борец во светот за работникот се лево ориентираните партии. СДСМ е лево ориентирана партија која дозволува богатење затоа и се вика социјал демократска, но во иста мера не дозволува работникот да биде угнетен. ВМРО ДПМНЕ е десно ориентирана партија која има за цел владеење на народот со помош на богатите или комплетен капитализам.
 
Не, немам Бугарски пасош, а и не те сфаќам, ако може објасни ми каква врска имаат ГДУ со Бугарски пасоши? Стварно не ми е тоа познато и молам објасни ми тоа што си напишал што ти значи.

А инаку за кого да гласам?
Како и што самиот напишав во мојот претходен пост, ГДУ бушеа балони на СДСМ и ДПМНЕ, мерак ми направија ГДУ со дупење на балоните на двете најголеми партии кои ја дупат државава 30 години наназад.

Апасиев Левица ја присвои како да му е дедовина од претците оставена, за таква Левица нема сврха да се гласа. Мене ми е чудно тоа како овде форумџиите дале најмногу гласови за партија која ја раководи еден човек - Апасиев и тоа типот си ја присвои партијата, и Апасиев избрка од партијата многу нејзини основачи.

А двете најголеми партии доволно не оправија 30 години наназад.

Не дека и овие ГДУ ќе не оправат, но тие и онака нема да влезат во Собрание а уште помалку нема да формираат влада, и пред да се објават листите на учесници на изборите, самиот себеси и си реков и си дадов збор сам себеси дека на изборите ќе гласам за партија која нема шанси за влез во Собранието.

ГДУ се ретките кои се залагаат со намалување на бројот на пратеници, тие имаат 90 пратеници во нивната програма, според мене на државава повеќе од 50 пратеници не се потребни.
Нема такво нешто како ГДУ, тоа е Сдс, лично сум го видел Колев како присуствува на митинзи и трибини на СДС пред да се формира оваа партија.ЗНајголемиот дел од тие "десничарски" партии се направени само да му се земат гласови на ДПМНЕ.

И не си само ти, пред некое време читам многу луѓе паднале на вие лаги ама па среќа има интерент и овие партии ќе ги снема после овие избори.
 
Неговата партија сака да воведе радикализација, комплетно менување на систем. Нивната програма е заснована на еднопартиско владеење, владеење на работникот а не капиталистот.
Еве ти линк од ударните мерки на Левица
EDIT: Една од мерките коишто ги нудат е воведување данок на богатство. Колку си побогат толку повеќе данок ќе плаќаш. Правопропорционално колку си поголем капиталист, толку повеќе над глава ќе ти висат да не се обогатиш премногу.
Така да не се погрешно изразив.
И велиш Левица ќе има мнозинство, ќе ни воведе нео-социјализам, еднопартиски систем и ќе брка капиталисти? Бегајте, иде волкот.
 
Гласав за Единствена Македонија, напред Јанко Бачев и Владимир Путин :backa:
 
И велиш Левица ќе има мнозинство, ќе ни воведе нео-социјализам, еднопартиски систем и ќе брка капиталисти? Бегајте, иде волкот.
Па ако не на овие на следни избори сигурно.
Тие се единствената партија која не го признава договорот од Преспа. Значи од корен сакаат да менуваат. Вреди да се гласа за нив.
 
Дали муабетот за фабриките е применлив и за остатокот од системот т.е. ќе спречи автоматизација и дигитализација - наместо да вадиш/резервираш за документи електронски и слични работи, ќе си биде по старо со истата ужасно спора администрација, дека нели системот и државата треба да бидат на народот?
 
Единствено недопирливо тело во било кој систем на управување во една држава е јавната администрација. Владите доаѓаат и си одат единствено што останува е јавната администрација.
 
Единствено недопирливо тело во било кој систем на управување во една држава е јавната администрација. Владите доаѓаат и си одат единствено што останува е јавната администрација.

Не добив конкретен одговор, искрено ме интересира.Не ме интересира за вмро и сдсм и не би сакал да се вадите на нив, туку кои се размислувањата на левица по тоа прашање?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom