Аздисувањето на црнците во моментов, колку и да е за некого загрижувачко, или пак оправдано, нема да трае вечно. Не се толку бројни, ниту пак, можат да испорачаат квалитет со кој ќе се наметнат како фактор кој трајно би влијаел врз состојбите во САД. Вака инструментализирани, ќе бидат шутнати откако ќе се истрошат, односно откако нема веќе да има потреба од насилство и сеење паника и страв кај одредена популација , односно анимирање на вечно загрижените за расните правдини (латиноамериканците имаат одличен потенцијал како можна црнечка замена). Соодветната реакција на другата страна е прашање на време, и секако, прашање е како таа ќе се реализира: дали во ККК стил (добро, не баш така и толку очигледно) или постепено ќе им го одземаат она што го добиле, или за што, евентуално, се избориле низ претходниве децении (повторно: тоа не значи дека ќе има посебни нужници, седишта во јавен превоз и специјални барови за обоени, туку дека, посуптилно, нивното место во општеството ќе биде дополнително зацементирано, со извесен број исклучоци, секако помал од сегашниот). Долгорочно гледано, сметам дека на црнците во САД црно им се пишува.