Од се „најдунстерски“ ми се зголемувањата на минималната плата. Како идеа и намера е сосема во ред, дури и 14500 е мала плата за живот, но многу е лесно да изгласаш закон в Собрание, а парите друг да ги дава, претприемачите, газдите. Секако дека многу газди го злоупотребуваат трудот на работниците, но сем Скопје и по нешто во поголемите градови, во другите мали места, села е многу тешко да се води фирма, па...
Сега се најавува (ако добро видов) минималец од 20,000 денари. Проблем е што минималецот се зголемува, ама другите плати не. Па, ако во иста фирма некој земал 11,000 денари, а друг 15,000, сега првиот зема 14,500, а вториот пак 15,000. Штом претходно имало разлика во платите, тоа значи дека има разлика во „тежината“ на двете работни места. Ако се дојде до 20,000 ќе настане урамниловка на сите плати што претходно биле под тој износ и ќе се приближат до оние плати кои се малку над 20,000. Тоа би било лошо.