Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.461
- Поени од реакции
- 5.162
ЕУ во суштина купува поскап гас од Катар, САД, С. Арабија заради политиката донесена под влијание на САД да нема еден снабдувач (читај Русија) токму заради влијанието на истиот. Но бидејќи тоа е неодржливо, се повеќе ЕУ се наклонува кон Русија за енергенси заради двојно помалата цена овозможена исклучиво од гасоводите. (Гасот од Блискиот исток, САД се пренесува со бродови, бара втечнување што е (по)скап процес од гасовод од зад Урал). Оттука војната во Сирија, да се овозможи изградба на гасовод кон ЕУ од Катар и С. Арабија.Да, ама најверојатно како одделни држави не како ЕУ армија. Инаку да пивотот е на исток но ми се чини дека европјаните не се во толку добри односи со америте во последно време...
ЕУ е доста повеќе од противтежа, економски се 12 пати поголеми од Русија, енергетски ми се чини Русија е позависна од Европа него обратно (им треба пазар), оваа година ќе си земаат гас од Азербајџан, а пак тоа опасното руско влијание некако не може ни низ Украина да продре...
Британија излезе највеќе поради опасностите од понатамошна ЕУ интеграција и губење независност...
Последново беше точно можеби до пред неколку години, но веќе не е така. И те како имаат длабоки внатрешни проблеми а и светот денес е доста поразличен од оној од крајот на ВСВ. Допрва ќе се менуваат многу работи...
Русија не е зависна од парите на ЕУ за гас, бидејќи е главен или станува главен снабдувач на Турција, Кина итн.
За Европа, или ЕУ или што и да е, најголемата пречка да бидат суперсила од рангот на САД и СССР се внатрешните несогласувања во голема мера овозможени од САД и Русија. Обединети, под едно раководство Европа е единствениот играч што има потенцијал да биди тоа што е САД.