Půtîñöt
Претседател
- Член од
- 2 април 2020
- Мислења
- 733
- Поени од реакции
- 496
Во Русија во моментов се одвива референдум кој е почнат 25 јуни 2020 и ќе трае 7 дена. Референдумот е за уставни измени кои може да го отворат патот за продолжување на владеењето на досегашниот претседател Владимир Путин за нови 12 години. Според сегашното уставно решение а тоа е дека Путин нема да може да се кандидира за претседател во 2024 година, кога му завршува сегашниот мандат, поради ограничувањето на мандатот, но измените ќе му овозможат да се кандидира за уште два шестгодишни мандати. Реформата на Уставот исто така ќе ги промени овластувањата на Владата, со тоа што тој ќе ја има моќта над државата и ќе решава во кој правец ќе иде а Владата ќе ги врши неговите работи и ќе ги спроведува. По стапувањето на сила на промените би можел теоретски да владее за време на уште два мандата, до 2036, бидејќи еден трае шест години. Путин тогаш би имал 83 години.
За сите идни кандидати пак треба да важи ограничувањето дека за разлика од досега, претседателското место не смее да се окупира најмногу во два последователни мандати, туку сѐвкупно два пати.
Дали ова значи дека нема крај на режимот на Путин во политиката кон Европа, како и мешање во политиките на државите од Балканот.

Последно уредено: