Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
Со тоа што Советите после допринесоа највеќе, вложија највеќе, изгубија највеќе и го победија Хитлер, у мои очи се рехабилитирани, на некој начин.
Не дека треба да се заборави како и било на Британија, непосредно пред Барбароса и све друго што правеле тогаш.
Грешат сите кои ги гледаат работите црно-бело.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.959
Поени од реакции
12.377

Советскиот Сојуз и сталинизмот се жртви на самите себеси.

Во август 1939 кога веќе било очигледно дека наредна мета за освојување на Адолф Хитлер и Нацистичка Германија ќе биде Полска, Советскиот Сојуз не бил подготвен за војна - како последица на големиот терор и чистките кои ги опфатиле Советскиот Сојуз и Црвената Армија во 1930-те години.

Во вакви околности, Јосиф Висарионович Сталин препознал добра можност во договорот Молотов - Рибентроп за да купи време, а се разбира, и да ги прошири териториите на Советскиот Сојуз со оглед на фактот дека исходот на било каква идна континентална војна ќе зависи од оддалеченоста на напаѓачката војска од нејзината крајна цел - за германскиот Вермахт тоа била линијата Архангелск - Астрахан, а колку подалеку е границата која го дели Вермахтот од неговата зацртана цел, толку подобри ќе бидат шансите за Советскиот Сојуз да извојува победа во таква идна војна.

Точно е тоа дека договорот Молотов - Рибентроп има крајно неморални и неетички цели, но во август 1939 во Европа немало ни м од морал, ниту е од етика, а Сталин бил се`, само не морален и/или етички диктатор.

Како што Советскиот Сојуз е жртва на своите погубни политики, кои резултирале со катастрофалните порази во Зимската војна со Финска и во 1941 и во 1942 година, така и Сталин бил жртва на истиот страв врз кој ја темелел сопствената диктатура.

Како што Сталин дозволил да поминат критични часови, кои се претвориле во денови после 22 јуни 1941, без да направи апсолутно ништо, и да резултираат со катастрофални порази за Црвената Армија и за Советскиот Сојуз, така и во последните денови од неговиот живот никој не се осмелувал да му пријде поради страв да не биде наредниот кој ќе заврши во затвор, како што неодамна завршил неговиот личен лекар Владимир Виноградов, жртва на исфабрикуваниот Лекарски заговор.

Како последица на ваквиот страв од диктаторот, никој не му пришол да му помогне кога веќе претрпел мозочен удар, или бил отруен - теоријата на заговор потекнува од фактот дека лекари биле повикани дури 8 часа откако бил откриен легнат на земја во локва од сопствената крв.

Советскиот Сојуз и Јосиф Висарионович Сталин се жртви на самите себеси, но истовремено се историски фактори во 20-от век, а тоа никој не може да им го негира.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.988
Поени од реакции
6.472

Откако се уштекаа на америчка нафта почнаа да победуваат :D
Во мои очи никогаш нема да се рехабилитираат, посебно од оваа временска дистанца знаејќи за гулазите кои се потполно = еквивалент на конц-лагерн системот, значи на оние логори каде се работело, треба да се прави разлика меѓу концлагерн и тотенлагерн, овие вторите се кои немаат еквивалент во СССР односно логорите чисто за екстерминација.
:D
За мене, најважниот чинител не е РККА туку САД и нивната мамутска индустрија која кога еднаш се заврти на воен правец, оската беше веќе осудена на пропаст.

Борбата на СССР беше изнудена од Барбароса, до тогаш си живееа фино во сојуз со оската, така да, настрана што извршија агресија над 7 земји, овие пленот отпосле Маџарска, Бугарија не ги сметаме тука,нема никаква етичко-морална основа за да СССР макар наликува не нешто "добро" 1939-45.

Советскиот Сојуз и сталинизмот се жртви на самите себеси.

Во август 1939 кога веќе било очигледно дека наредна мета за освојување на Адолф Хитлер и Нацистичка Германија ќе биде Полска, Советскиот Сојуз не бил подготвен за војна - како последица на големиот терор и чистките кои ги опфатиле Советскиот Сојуз и Црвената Армија во 1930-те години.

Во вакви околности, Јосиф Висарионович Сталин препознал добра можност во договорот Молотов - Рибентроп за да купи време, а се разбира, и да ги прошири териториите на Советскиот Сојуз со оглед на фактот дека исходот на било каква идна континентална војна ќе зависи од оддалеченоста на напаѓачката војска од нејзината крајна цел - за германскиот Вермахт тоа била линијата Архангелск - Астрахан, а колку подалеку е границата која го дели Вермахтот од неговата зацртана цел, толку подобри ќе бидат шансите за Советскиот Сојуз да извојува победа во таква идна војна.

Точно е тоа дека договорот Молотов - Рибентроп има крајно неморални и неетички цели, но во август 1939 во Европа немало ни м од морал, ниту е од етика, а Сталин бил се`, само не морален и/или етички диктатор.

Како што Советскиот Сојуз е жртва на своите погубни политики, кои резултирале со катастрофалните порази во Зимската војна со Финска и во 1941 и во 1942 година, така и Сталин бил жртва на истиот страв врз кој ја темелел сопствената диктатура.

Како што Сталин дозволил да поминат критични часови, кои се претвориле во денови после 22 јуни 1941, без да направи апсолутно ништо, и да резултираат со катастрофални порази за Црвената Армија и за Советскиот Сојуз, така и во последните денови од неговиот живот никој не се осмелувал да му пријде поради страв да не биде наредниот кој ќе заврши во затвор, како што неодамна завршил неговиот личен лекар Владимир Виноградов, жртва на исфабрикуваниот Лекарски заговор.

Како последица на ваквиот страв од диктаторот, никој не му пришол да му помогне кога веќе претрпел мозочен удар, или бил отруен - теоријата на заговор потекнува од фактот дека лекари биле повикани дури 8 часа откако бил откриен легнат на земја во локва од сопствената крв.

Советскиот Сојуз и Јосиф Висарионович Сталин се жртви на самите себеси, но истовремено се историски фактори во 20-от век, а тоа никој не може да им го негира.
И тоа како биел погдотвени, не знам од каде се појавува таа заблуда, па и самите тие вршат агресија на истата Полска, некако тој факт сите го забораваат, како во 1984 до вчера со Истазија утре со Евроазија.
Настрана Војната за Монголија баш таа 1939, пред тоа Хасан војната 1938, а нападот на Финска е истата 1939, ептен неспремни овие, а само ратоваат некаде. Неспремни бе.:D

Тоа дека има било какво морално-етичко оправдување за пактот со рајхот = нема, кој се обидува да го изнајде = е или русофил или нешто нешто слично. Какво црно купување време кога заедно со рајхот вршат ВОЕНА инвазија на Полска, кој тоа ти кажувал дека биле неспремни?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
И тоа како биел погдотвени, не знам од каде се појавува таа заблуда, па и самите тие вршат агресија на истата Полска, некако тој факт сите го забораваат, како во 1984 до вчера со Истазија утре со Евроазија.
Настрана Војната за Монголија баш таа 1939, пред тоа Хасан војната 1938, а нападот на Финска е истата 1939, ептен неспремни овие, а само ратоваат некаде. Неспремни бе.:D

Тоа дека има било какво морално-етичко оправдување за пактот со рајхот = нема, кој се обидува да го изнајде = е или русофил или нешто нешто слично. Какво црно купување време кога заедно со рајхот вршат ВОЕНА инвазија на Полска, кој тоа ти кажувал дека биле неспремни?
Има милион факти кои укажуваат дека биле неспремни за Барбароса толку рано. Тоа што војувале, ваму-таму, не е никаков гарант дека биле подготвени за нешто како Барбароса, ниту ја очекувале толку рано.
Мал милион работи, од реорганизација на војската, во тој момент, до преместување на дефанзивните линии, на запад, во контекст на освојувањето на Полска и ред други работи, кои се случуваат во тој момент , а кои укажуваат дека тогаш никако не биле спремни за таква инвазија, најголема во историјата. Губитоците, подоцна го покажаа тоа.
Несомнено е дека очекувале тоа да се случи. Почнале да регрутираат засилено, да се подготвуваат, но не за војна во 1941-ва, туку за војна некаде откај 43-та, додека Хитлер ја клекне на колена Британија. Не е ваљда лудак на два фронта да се бори. Молотов-Рибентроп им беше гарант, кој купува време. Мислам дека ниту советите, ниту нацистите, во ниеден момент не го гледале договорот како некакво вечно пријателство.
И личи логично сево ова. Па од каде Хитлер би ги набавувал сите тие силни материјали, храна, нафта?
А во заднина на умот и двете страни секогаш го имале идеолошкиот понор.
Автоматски споено мислење:

За мене, најважниот чинител не е РККА туку САД и нивната мамутска индустрија која кога еднаш се заврти на воен правец, оската беше веќе осудена на пропаст.
Има две познати гледишта во јавниот наратив. Едно е слично на твоето, според кое советите ќе испогинеле, или ќе умреле од глад, да не бил ЛендЛизот. Ерго Америка е главен фактор за победа.
Другиот е, Америка и Британија педерски ја оставија Русија да гине, дур они седеа, демек помош праќаа. Ерго СССР е главен фактор за победа.
Секако овие две гледишта имаат цел куп свои пропратни додатоци кои ја носат водата на нивна воденица.

Прво, да кажам дека американскиот економски подвиг, неговото значење и ефекти врз војната, во јавниот наратив, не им е одадено признание какво заслужуваат, ниту пак е сфатено колкав и каков подвиг било тоа.

Е сега, да продолжам со тоа кое го прекинавме - за двата јавни наратива, исклучиви по карактер. Да, не се точни, но зошто?
Заради перспективата која ја има набљудувачот денес.
Американците и Енглезите давале помош, а Русите гинеле. Ова крајно упростување не е далеку од вистината, но одговара и на двете гледишта. Проблемот е во тоа што приврзаниците на едното или другото не ја гледаат целината. На про-американците им личи како они да дале у пичку матер многу за без пари. За ништо. А н про-русите им личи дека Русите најголеми жртви принеле, дур овие демек помош праќале.

Сето тоа е така, но тоа не е заговор на една од страните. Тоа било сојузништво од немање избор. Спротиставено на огромна сила. Тука се правеле работи кои морале да се прават, а не кои се сакало-или неќело да се прават. Морале да се здружат либертаријанец, монархист и комунист, за да преживеат.
Тоа што Америка давала за џабе, а Русија гинела, било свесен избор на сите, и на Американците и на Русите. Нешто што морале да го праат, во тој момент, или да изгубат. Никој од нив, освен Русија, немал во тој момент шанса да влезе во војна на истоштување. Бидејќи бевегунскригот (кој го викаат и блицкриг) морале да го претворат во војна до истоштување. Затоа што додека беше бевегунскриг, све порази беа. А кога станува збор за истоштување, сојузниците имаат добитна комбинација - најбројна војска/луѓе и БДП голем колку сите други земји. Сакаш истоштување со луѓе, сакаш економски. Најголемиот проблем - Германија која сега во моментот пали и жари е чисто конетинетална сила. Географски најблиску да ја предизвика континеталната сила е другата континетална сила со најбројна војска. Епа згодно е тоа.
Тоа им бил мастерпланот на тројцата - Русите да се борат, а Американците да произведуваат. Тоа е секако грубо кажано, сите произведувале и се бореле. Оската да се истошти.

Да, Русите требало да се изборат со Хитлер. Има еден куп потези на Американците, на далечниот исток, кои прават се, Јапонците да не се свртат накај СССР.
 
Последно уредено:

Ниту рајхот бил спремен за Барбароса во Август 39 тие одвај биле спремни за полската кампања, имаше и изјави од некои генерали кои сфаќале каков хазадер е фирерот, алудирајќи на тотална неспремност да се брани Германија во тој момент од евентуален франко-британски напад кој никогаш не се случил за жал. Немале резерва, све од авијација пример било фрлено на Полска. Пешадија имале нешто резервисти на запад, да.
Така да ако спремноста е некоја хипотеза зошто се десил пактот, не, не било тоа туку затоа што имале заеднички цели кои се поклопувале, немци да уништат Полска и западни сојузници, Сталин да завладее што повеќе територија што може и да извози за рајхот за суво злато ресурси. Практично и прагматично.
Соработката на СССР со Германија датира од 1922 уште :)

Да не заборавиме дека СССР беше едина земја од сојузниците која се потпираше значително на робовладетелство при продукција на ресурси и материјал. Тоа е сериозен цивилизациски блам и го турка СССР уште повеќе на негативна страна.

Во право си дека америчкиот индустриски левијатан е сериозно потценета сила во војната, и имињата на организаторите на пресвртот од цивилна во воена индустрија се заборавени иако би требало да стојат заедно со Ајзенхауер и остали, како стварни херои кои ја скршија оската.
Не се авионите и тенковите од ленд лиз кои биле нешто решавачки, иако многу асови преферирале П-39 Кобра пред Ла-5 илли МиГ-3, тоа се милиони километри телефонски жици, милиони чизми, униформи, радио-комуникациски уреди, полски болници и санитет во милиони тони, тоа е она кое не се споменува бидејќи му делува досадно на публиката, секако дека Харикените и Матилдите и Шерманите со црвена петокрака на нив не биле нешто решавачко, но помогнало би се осудил да кажам добри 10-15%.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.387
Поени од реакции
13.348

Ако тоа у СССР било робовладетелство и велиш дека едини од сојузниците биле такви, што е ова?

The Bengal famine of 1943 was a famine in the Bengal province of British India during World War II. An estimated 2.1–3 million,[A] out of a population of 60.3 million, died of starvation, malaria, or other diseases aggravated by malnutrition, population displacement, unsanitary conditions and lack of health care. Millions were impoverished as the crisis overwhelmed large segments of the economy and catastrophically disrupted the social fabric. Eventually, families disintegrated; men sold their small farms and left home to look for work or to join the British Indian Army, and women and children became homeless migrants, often travelling to Calcutta or other large cities in search of organised relief.[8] Historians have frequently characterised the famine as "man-made",[9] asserting that wartime colonial policies created and then exacerbated the crisis. A minority view holds that the famine arose instead from natural causes.[10]
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.988
Поени од реакции
6.472
Ако тоа у СССР било робовладетелство и велиш дека едини од сојузниците биле такви, што е ова?

Глад. Ко Холодомор само на послабо пуштено.
Интересна е психолошката страна кај тролањето, што добива тролот со тоа, од анонимноста на својата соба, никогаш не ми било јасно. Еднаш ќе му успее финта и после е готово, нема простор за втор пат. Као, ја ги заебавам овие или нешо?
А кој е појак, Селтик или Ренџерс?
 
Последно уредено:
Член од
28 август 2013
Мислења
4.387
Поени од реакции
13.348
Глад. Ко Холодомор само на послабо пуштено.
А кој е појак, Селтик или Ренџерс?
Муабетов почнуе да ми наликуе на ВМРО - СДС.

За капитализмот да биде успешен во една држава, треба да биде неуспешен во неколку други држави. Всушност, тоа не ни биле држави тогаш, биле колонии(сега се као демек независни држави).

Не е тролање, сите играле/играат прљави игри, не е толку црно-бело као што сакаш да прикажеш. Денес да постоеше СССР и да имаше влијание како што сега имаат западните држави, ќе се величаа вредностите на Варшавскиот пакт и СССР, како што се величаат НАТО и ЕУ. И секако, ќе имаше пропаганда како капиталистичките држави се нешто најлошо во светот, а СССР е нешто најдобро.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
Да не заборавиме дека СССР беше едина земја од сојузниците која се потпираше значително на робовладетелство при продукција на ресурси и материјал. Тоа е сериозен цивилизациски блам и го турка СССР уште повеќе на негативна страна.
За разлика од Британија, која ресурсите, материјалот и трудот ги добива на доброволна база од африканците, Индијците... како награда оти се и они дел од империјата.

Да не се лажеме, таков бил духот на времето. И Англичаните, Французите, Холанѓаните и други, исто така се служеле со туѓи ресурси и работна сила, врзани во исто така, речиси ропски односи. Па и не е некој цивилизациски блам. Повеќе како норма на времето, која ја употребувале и силите на Оската.
Само можеби САД не можеме да ги обвиниме дека користеле ропска сила и туѓи ресурси. Барем не на тоа ниво како другите.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.988
Поени од реакции
6.472
Муабетов почнуе да ми наликуе на ВМРО - СДС.

За капитализмот да биде успешен во една држава, треба да биде неуспешен во неколку други држави. Всушност, тоа не ни биле држави тогаш, биле колонии(сега се као демек независни држави).

Не е тролање, сите играле/играат прљави игри, не е толку црно-бело као што сакаш да прикажеш. Денес да постоеше СССР и да имаше влијание како што сега имаат западните држави, ќе се величаа вредностите на Варшавскиот пакт и СССР, како што се величаат НАТО и ЕУ. И секако, ќе имаше пропаганда како капиталистичките држави се нешто најлошо во светот, а СССР е нешто најдобро.
Не е до тоа, туку овде речиси 70 години владееше една тешка заблуда, а тоа беше дека СССР биле светци во ратот и дека биле едина причина за падот на оската. Нормално дека секоја империја си има свои интереси и повеќе или помалку, етичко-моралниот компас е тешко да се следи, но СССР се распадна, на виделина излегоа и други работи, така да муабетот е околу заблудата дека СССР за разлика од другите биле светци, безгрешни, идеални.

За разлика од Британија, која ресурсите, материјалот и трудот ги добива на доброволна база од африканците, Индијците... како награда оти се и они дел од империјата.

Да не се лажеме, таков бил духот на времето. И Англичаните, Французите, Холанѓаните и други, исто така се служеле со туѓи ресурси и работна сила, врзани во исто така, речиси ропски односи. Па и не е некој цивилизациски блам. Повеќе како норма на времето, која ја употребувале и силите на Оската.
Само можеби САД не можеме да ги обвиниме дека користеле ропска сила и туѓи ресурси. Барем не на тоа ниво како другите.
Не би рекол, духот на времето, денес во 2020 во светот има најмногу робови од било кој временски период од историјата :) Секако дека денес има 7 пати повеќе народ отколку во 1783 но и покрај тоа се работи за шокантен и бламирачки факт за човештвото, но тоа е тоа. Само С.Арабија држи неколку милиони робови, настрана Индија, Бангладеш, Пакистан, Африка.

Користење туѓи ресурси, секако, колонијални сили, но да видиме пример каде тоа Франција употребувала ропство. Речиси ропство е растеглив поим кој би можел да најде примена и во штипски конфекции денес.

Класично chattel slavery по дефиниција употребувале кај оската и во СССР и тоа нивни граѓани, за разлика од оската каде робувале странци, што ја прави работата уште пошокантна.

САД за воља на вистината е можеби најпозитивната страна во ратот, далеку од она во кое ќе се претвори во средина на 60-те па до денес, за што предупредувал и самиот Ајзенхауер.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
САД за воља на вистината е можеби најпозитивната страна во ратот, далеку од она во кое ќе се претвори во средина на 60-те па до денес, за што предупредувал и самиот Ајзенхауер.
Да. САД се симпатични тогаш. Не сфаќаат луѓето дека не е истата држава/политика денес.
Автоматски споено мислење:

Така да ако спремноста е некоја хипотеза зошто се десил пактот, не, не било тоа туку затоа што имале заеднички цели кои се поклопувале, немци да уништат Полска и западни сојузници, Сталин да завладее што повеќе територија што може и да извози за рајхот за суво злато ресурси. Практично и прагматично.
Соработката на СССР со Германија датира од 1922 уште :)
Имале заеднички цели, ама и купувале време, бидејќи јасно им било и на двете страни дека еден ден ќе влезат во конфликт. Не било тоа за никој од нив договор-база за вечно пријателство.
 
Последно уредено:

volare_g

Nediplomiran i nedokvakan
Член од
28 февруари 2014
Мислења
755
Поени од реакции
1.913
Глад. Ко Холодомор само на послабо пуштено.
Интересна е психолошката страна кај тролањето, што добива тролот со тоа, од анонимноста на својата соба, никогаш не ми било јасно. Еднаш ќе му успее финта и после е готово, нема простор за втор пат. Као, ја ги заебавам овие или нешо?
А кој е појак, Селтик или Ренџерс?
Cercil , kako vodac vo senka uste pred da oficijalno stane premier na uk , e direktno odgovoren za slucajov sto ti postiran pogore. Zosto toj neoficijalno ja vodi politkata na koloniite , i toj odlucuva da se centraliziraat site resursi od imperiiata vo samoto uk za da se izdrzi neminovniot napad od nacisticka germanija. Javno mislenje edeka samiot Cercil maestralno kako marioneta go igra Nevil Chemberlain , za da ja oslabi uk za da dobie totalna vlast vo sudirot so germanija. Baj d vej da nw zborimw za cercil anglija i nasite egejci vo post world war 2 slucki i paktovi. Zalosno......
Автоматски споено мислење:

Ниту рајхот бил спремен за Барбароса во Август 39 тие одвај биле спремни за полската кампања, имаше и изјави од некои генерали кои сфаќале каков хазадер е фирерот, алудирајќи на тотална неспремност да се брани Германија во тој момент од евентуален франко-британски напад кој никогаш не се случил за жал. Немале резерва, све од авијација пример било фрлено на Полска. Пешадија имале нешто резервисти на запад, да.
Dryze, 39 pohodot na Polska e samo so cel za dobivanje rabotna sila ( robovi meko kazano ), i rajhot ne ja napaga polska ,Herman Goring odlucuva da ja pokaze apsoluynata nadmoknost na novoto nacisticko milenice Luftwafe , so 24 saati eden pesadiski vojnik ne vlegyva vo polska , samo ja bombardiraat. Potoa e poznatata bitka na polskata konjanica so germanskata panzer devizija kade sto gi masakriraat i polska kapitulira a germanija dobiva preku 40 milioni rabotna sila za nivnite autobanovi koi se vo poln ek.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
Имало многу битки, многу судири, при инвазијата на Полска (Белиот План). Но во само една или две се случило коњаница да се судри со тенкови. И тоа, во едниот од тие случаи јуришот на коњаницата бил за да и овозможи на пешадијата да се повлече на раат.
Така да, тој јавен наратив дека Пољаците јуришале на тенкови, со коњи, не е точен, во смисол - е преувеличан. Се случило само еднаш, или два пати, од толку многу судири.
 
Е за тоа колку иам слушано "тие пољаците со коњицата" :angel: како демек ги боделе тенковите со копја.
Малкумина знаат дека полските тенкови 7-ТП и не биле најлесни за уништување баш, а нивниот Бофорс шведски 37мм ПТ, можеби најдобар во својот ранг (30-40мм) ги бушел Пз-2 од двете страни :D
Немачка имала една коњичка дивизија при Барбароса иначе. Не знам што улога вршела, но постоело такво нешто.

Последнит успешен коњички јуриш е ЊЊ-1 во Палестина во 1917, кога австралиските коњаници прегазуваат отомански положаји во битката за Беершива, помогнати од катастрофалното нишанење на отоманската артилерија која неколку пати ги натфрлила аустралијаните. Аустралијани, турци, коњи. Ова не се измислува аххахах.
 
Плус, колку што знам, некои од тие коњаници носеле сосема доволна, за тоа време, анти-тенковска пушка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom