Парламентарни избори - 15 Јули 2020

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување Време на започнување

Кој политички блок ќе успее да состави влада?

  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Телма праеле анкета , СДС лабаво тепале.

Интегра многу скокна со рејтингот, повисок им е од Левица, драстична промена во недела дена...а не гледам некоја јака кампања да имаат или нешто шо така силно може да влијае...ќе да ги форсира некој, ги куражат, може попот има грешено душа :pos:
 
Тоа кога го видов се ми беше јасно за истражувањево.
Попот може да се каже дека е новиот Стојанче, задолжен да прибере што е можно повеќе десно ориентиерани гласачи, воглавно разочарани по националните прашања и да ги неутрализира. Нормално, не дека некој ќе им ги решеше тие маки, ама нема да направат пакост на друго конто
Како и да е, лоша услуга од објективна Телма чија анкета извади 900 и кусур гласачи на референдумот кога имаше потреба за тоа.
 
Дедо Попе нема страв од виша сила ако прави ујдурми со Ванчо Михајлов помладиот?

Па нели анатемисуваа се живо и диво владиците, предавства, џр-мр...или тој е може од страната на Евро Владиката?

:icon_lol:
 
По денешната анкета на Телма решив да разгледам и други анкети.

Оваа анкета на Телма графикот е очобол треба да се измачиш убаво да видеш што како, дали затоа што ги штимале бројките или имаат неписмен вработен којзнае.
B1T1-3b64fc5npp68e9yj9jj9xc.jpg

Анкета на ИРИ малку е постара ама да имаме некоја перцепција како беше рејтингот на СДССМ пред неколку години.
3-1-1024x471.jpg

Анкета на ИФЕС од 20 мај до 4 јуни
mkd-470218.jpg

Анкета за МКД.мк од агенцијата Маркет вижн од 13 до 18 јуни
mkd-470639.jpg

Анкета на БИПС преработена од штабот на ВМРО
EbSl1V5WoAcWgoh

Автоматски споено мислење:

Попот е тежок платеник
И јас така мислам, човекот го имаше на раклами и билборди уште пред неколку месеци, а сите знаеме дека тоа чини многу пари, колку што знам нема некоја бизнис империја да се финансира, значи има многу богат финансиер, а штом имаш голем финансиер, значи дека ќе играш како што он ќе ти свири.
 
телма минатите пати секогаш беше солидно точно, мицко-зајко е исто со вемеро-сдс, и мое мислење е дека би било изедначено, нов хаос нормално му се зголемува шансата на дуи за успех ваљда..
 
Овој институт БИПС, постои вистински или е фантом, оти со пребарување на нет освен денешнава анкета, нема никакви резултати.
 
Последно уредено:
Интегра е води многу сумнителен лик и веројатно партијата и кампањата му е финансирана од СДС за да направи што поголема штета кај ВМРО во десниот блок.
 
Тие шо вриштеа дека обиџуко заебнциите биле расистички, шо ќе кажат за ова видео?

Лицемерие до 101 и назад.
 
телма минатите пати секогаш беше солидно точно, мицко-зајко е исто со вемеро-сдс, и мое мислење е дека би било изедначено, нов хаос нормално му се зголемува шансата на дуи за успех ваљда..

Претходните парламентарни ги погодија. Локалните беше така-така, а резултатите за референдумот спектакуларно ги промашија. Знам тогаш прогнозираа 850-900 илјади излезност :ROFLMAO:

Работата е што репрезентативниот примерок е мал и посебно за малите партии овие анкети ништо не може да ни кажат. Плус маргина на грешка е +-3% по партија што значи дека Вмро/Сдсм потенцијално може да се разидат за 6%. Тесно е и во рамки на статистичка грешка.

Од претходни анкети што сум приметил и поради тоа што се телефонски, обично постои мала резервираност кај луѓе што имаат намера да гласаат за опозиција и избегнуваат да одговорат.
 
Телма праеле анкета , СДС лабаво тепале.
Некако се помирив со судбината, па си викам по некад нека тепаат. Нек си ебе матер све и у курац нека иде, имам кај да отидам. Фаќам Немачка и у пизду метерину.....ама пак, кога ќе помислам сепак родна грутка земја Е. Ахххх маму им ебам предавничка.
Автоматски споено мислење:

Па Груевски нели имаше над 61 во 2008, па пак пушеше. Џабе муабетот.
Тогаш мајски договор ми се чини се појави....
 
Интегра е води многу сумнителен лик и веројатно партијата и кампањата му е финансирана од СДС за да направи што поголема штета кај ВМРО во десниот блок.
Се шушкало дека со Бачев и Бунтур си поделиле 300.000 евра за да работат за СДС. Уште пред неколку месеци се шушкаше и дека Љупчо се молел во америчка амбасада да го поддржат во за да формира партија. И како што велат, каде што има чад има и оган, човекот кај Миленко си призна дека бил таму и прашувал дали постои можност за формирање на трета опција.

Сите овие што демек ги бранат македонските интереси, во прва прилика ќе се шитнат кај Заев со изговор дека во позиција би имале поголема сила за спроведување на враќање на името, укинување на двојазичност итн.
 
ДУИ сериозно се во S&D :D Сериозно? Сериозно? Или некое тролање е.
Со S&D се заедно во Парламентарното Собрание на Советот на Европа. Не е тролање. :)
ова ќе да е некоја грешка зашто на истата анкета објавена кај нас Левица има 2,3% рејтинг.
2,3% од оние кои се изјасниле дека ќе гласаат (вклучително и оние кои не знаеле или не сакале да одговорат за кого ќе гласаат), 4,9% од оние кои само се изјасниле за која партија ќе гласаат, а 1,0% рејтинг од сите испитаници. Во речиси сите земји во светот процентите кои се објавуваат се само од оние определени кои се изјаснуват конкретно за кого ќе гласаат, нешто помал бројот се оние земји каде се објавуваат оние кои се изјасниеле дека ќе гласаат заедно со оние кои сеуште не одлучиле за кого. Ние сме мислам единствена земја во светот каде се објавуваат процентите каде што се содржат и оние што ќе гласаат и оние што нема да гласаат и оние што не знаат дали ќе гласаат. И тоа ми се допаѓа, кога ги прашав колегите зошто е така, тие ми одговорија дека таа пракса е веќе со децении воспоставена кај нас (воедно првото истражување на јавното мислење во МК било спроведено на почетокот на седумдесетите години минатиот век). Меѓутоа, тогаш за истото истражување да биде релевантно треба да имаш минимум 500 определени испитаници, што во ова истражување очигледно не било постигнато.
Овој институт БИПС, постои вистински или е фантом, оти со пребарување на нет освен денешнава анкета, нема никакви резултати.
Можно е да е од аналитичките центри на партиите, но таквите треба да се земаат со голема доза на резерва (немаат CAТI центри, не објавуваат демографска структура итн.)
Претходните парламентарни ги погодија. Локалните беше така-така, а резултатите за референдумот спектакуларно ги промашија. Знам тогаш прогнозираа 850-900 илјади излезност :ROFLMAO:
Прво Телма не спроведува никакви анкети, туку они им се клиенти на М-Проспект. Имаат солидно искуство, иако мислам дека повеќето од клиентите им се од граѓанскиот сектор, отколку од деловниот.

Второ, тоа што сами си се фалеле во споредба како што спомна членот Бетмнен со т.н. фантомски институти, воопшто не значи дека ги погодиле резултатите. Што од друга страна не значи и дека не се веродостојни. Генерално тогаш имаа ми се чини само 3-4 години искуство и сеуште беа нови на пазарот.

Во однос на бројките за излезноста. Кога дури и од Завод за статистика ти викаат дека немало повеќе од милион ипол граѓани во државата (https://www.economist.com/europe/2020/05/14/no-one-knows-how-many-people-live-in-north-macedonia), но без попис не можат да докажат(а во избирачкиот список има над 1,8 милиони запишани гласачи (кој знае дали умрени, отселени и слично), колку тогаш имаме полнолетни граѓани во земјата? 1,2 милиони?, 1,25 милиони? 1,3 милиони? Така да вината за ваквите бројки барајте ја во државните институции и изборните администрации, а не во истражувачките компании и агенции. Они немаат апсолутна вина што избирачкиот список покажува отприлика минус 20 проценти од реалноста.

Работата е што репрезентативниот примерок е мал и посебно за малите партии овие анкети ништо не може да ни кажат. Плус маргина на грешка е +-3% по партија што значи дека Вмро/Сдсм потенцијално може да се разидат за 6%. Тесно е и во рамки на статистичка грешка.

Од претходни анкети што сум приметил и поради тоа што се телефонски, обично постои мала резервираност кај луѓе што имаат намера да гласаат за опозиција и избегнуваат да одговорат.
Репрезентативен примерок од илјада испитаници (со маргина од +/-3 посто) не е мал, туку е сосема солидно. Како што кажав, минимумот за вакви испитувања за да се сметаат за релевантни се 500 испитаници и покрај тоа што тука маргината на грешка е нешто повисока.

Во однос на резервираните граѓани кои одбиле да одговорат за кого би гласале, за тоа кај кого би се прелеале гласовите, од искуство велам дека воопшто не е тешко да се открие. Ги гледаш одговорите на претходно одговорените прашања доколку во истражувањето е спроведено со пообемен прашалник и споредуваш со демографска структура. Овде како што гледам прашалникот не е нешто кој знае колку голем, ама со оглед на струкурата на прашањата би можело да се открие. Само овде во извештајот, клиентот/нарачателот освен прашалникот и демографијата, можел да ги објави и кростабулациите, тогаш (бар мене лично), не би ми било тешко да ги профилирам истите испитаници: :D
 
Со секое улизување кај народот од типот "видете не и ние сме исти како вас", се повеќе и повеќе тонат и јадат невиден срам. Политичкиве партии станаа плодна почва за меме материјал, и секој нареден изборен циклус ќе бидат се поголем циркус. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom