Македонска берза

ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
634
Поени од реакции
620
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Буквално за 2-3 месеци може да се направи и воведе систем што ќе поврзе наменски банкарски сметки за тргување и сопственички сметки во ЦДХВ, со што ќе се овозможи електронско оставање на налози и тргување без апсолутно никакво брокерско посредување и за третина од сегашните провизии.

Премногу арогантно брокерите исклучуваат од иТрејдер кога иТрејдерот толку лесно може да ги исклучи нив!

Директорот на Берзата има 4.000 евра плата, вработените сигурно исто над 1.000, вработените во ЦДХВ исто лапаат оргомни плати, директорите на нивните акционери - банките исто земаат по десетици илјади евра плати, па ете можеле за 20 години колку што постои берза у државава досега да воведат ваков систем што на нивните корисници трипати ќе им го поевтини и десетпати ќе им го поедностави користењето на берзанските услуги
 
Последно уредено:
Член од
22 февруари 2019
Мислења
318
Поени од реакции
309
Знам дека во Јуни беше за разгледување МБИ10. На 15.6. гледам го ревидирале индексот и нема измени во структуратата на компаниите.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Понекогаш помислувам дали јас сум буквално единствениот у државава што ги чита и анализира извештаите на пензиските друштва, што можеби и не е далеку од вистината :lolzz:

Од нив дури може да се извлечат и квалитетни заклучоци, како нпр. со овие на Сава. Имено, друштвото управува со два фонда: тешкашот задолжителен пензиски од втор столб и многу помалиот доброволен. Ако се погледнат извештаите со состојбата на истите од 31.12.2019. и 31.3.2020, може да се види разликата помеѓу бројот на македонските акции што ги поседува помалиот:

Screen Shot 2020-06-22 at 13.51.46.png

Screen Shot 2020-06-22 at 13.52.24.png

И задолжителниот:

Screen Shot 2020-06-22 at 13.58.14.png

Screen Shot 2020-06-22 at 13.58.31.png

Па ќе ви заштедам уште труд да не споредувате и ќе ви кажам дека помалиот во првиот квартал купил 4.945 акции УНИ, 2.000 акции ТЕЛ и 388 акции ТКВС, а поголемиот 3.774 акции УНИ, 21.000 ГРНТ и 15.000 ТЕЛ.

Значи може да се забележи трендот дека почнале да купуваат УНИ, а се појачуваат и со ГРНТ и ТЕЛ. Е сега, кој внимателно го следи тргувањето, ќе забележи дека и понатаму има невообичаено зголемено тргување со УНИ, па би можел да се обложам дека продолжиле со купување и во вториот квартал. Со вака донесената одлука да вложат десетици милиони денари во УНИ, тие практично значително влијаат врз зголемувањето на нејзината цена.

Знаејќи како функционираат работите во државата и дека скоро секој што ги држи рацете во медот и може да изврши било каква дубара во Северџанија тоа и ќе го направи, јас да сум финансова полиција или КХВ или словенечки сопственик на фондот, веднаш би проверил дали вработените што биле запознаени со ваквите одлуки да се вложи огромна количина пари во УНИ и ГРНТ претходно не се натанкале себеси и поврзаните лица со овие акции, знаејќи дека подоцна купувањето на фондот ќе предизвика значителен раст на цената.
 

ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
634
Поени од реакции
620
Понекогаш помислувам дали јас сум буквално единствениот у државава што ги чита и анализира извештаите на пензиските друштва, што можеби и не е далеку од вистината :lolzz:

Од нив дури може да се извлечат и квалитетни заклучоци, како нпр. со овие на Сава. Имено, друштвото управува со два фонда: тешкашот задолжителен пензиски од втор столб и многу помалиот доброволен. Ако се погледнат извештаите со состојбата на истите од 31.12.2019. и 31.3.2020, може да се види разликата помеѓу бројот на македонските акции што ги поседува помалиот:

Прегледај го приврзокот 256283

Прегледај го приврзокот 256286

И задолжителниот:

Прегледај го приврзокот 256287

Прегледај го приврзокот 256291

Па ќе ви заштедам уште труд да не споредувате и ќе ви кажам дека помалиот во првиот квартал купил 4.945 акции УНИ, 2.000 акции ТЕЛ и 388 акции ТКВС, а поголемиот 3.774 акции УНИ, 21.000 ГРНТ и 15.000 ТЕЛ.

Значи може да се забележи трендот дека почнале да купуваат УНИ, а се појачуваат и со ГРНТ и ТЕЛ. Е сега, кој внимателно го следи тргувањето, ќе забележи дека и понатаму има невообичаено зголемено тргување со УНИ, па би можел да се обложам дека продолжиле со купување и во вториот квартал. Со вака донесената одлука да вложат десетици милиони денари во УНИ, тие практично значително влијаат врз зголемувањето на нејзината цена.

Знаејќи како функционираат работите во државата и дека скоро секој што ги држи рацете во медот и може да изврши било каква дубара во Северџанија тоа и ќе го направи, јас да сум финансова полиција или КХВ или словенечки сопственик на фондот, веднаш би проверил дали вработените што биле запознаени со ваквите одлуки да се вложи огромна количина пари во УНИ и ГРНТ претходно не се натанкале себеси и поврзаните лица со овие акции, знаејќи дека подоцна купувањето на фондот ќе предизвика значителен раст на цената.
Секоја чест за анализите и објавувањето на извештаите во врска со инвестициските фондови.
Факт е дека врз основа на провизии во голем дел ја намалуваат добивката на лицата кои вложуваат во удели во фондот.
Мене побитен ми е фактот дека голем дел од акциите на македонските компании се „врзани“ во фондовите и во главните управувачки структури. Затоа во најголем дел и ние немаме реална берза, односно најчесто нема логика помеѓу „растот и падот“ на цените.Секој ново вработен, плус сите кои сме веќе вработени (после 2006та мислам беше), уплатуваме во вториот пензиски столб. Со секој изминат ден тие имаат повеќе пари на располагање и со купување на акции само може да ги покачуваат цените (на долг рок), затоа што понудата на нови акции или нови компании на берза речиси и да нема.
Кога ќе успее некоја влада, да привлече нови компании да се трансформираат во АД и да излезат на берза, како и да ги стимулира постоечките да издаваат нови акции (не за познат купувач) тогаш реално ќе се раздвижи берзата.
Ова денес е повеќе игра, (Сава продале 100 акции Алкалоид оваа година, ги купиле КБ итн.....)
 
Член од
5 октомври 2017
Мислења
36
Поени од реакции
45
Како би влијаела победа на опозиција на изборите за фирми блиски со власта како КМБ? Гледам дека полеки си паѓа КМБ? Тука е и МПТ? ГРНТ?
И од друга страна, за фирми како ЗПКО? Дали би летнале нагоре ако победи опозиција?
Доминантно странскиве си играат со сите страни...
 

Hub

Член од
3 мај 2017
Мислења
672
Поени од реакции
714
Имав и јас бесплатен пристап 1 месец и овие од Илирика ме исклучија. Не се нормални. Да сум си плаќал
смени си брокер и онака со е традер ти е исто. плус можеш да најдеш помала провизија од илирика. јас направив трансфер од илирика во еурохаус и ми испадна 0.3% поевтино . и не наплаќаат за е традер до 30-ти септември
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.314
Поени од реакции
2.380
Па ќе ви заштедам уште труд да не споредувате и ќе ви кажам дека помалиот во првиот квартал купил 4.945 акции УНИ, 2.000 акции ТЕЛ и 388 акции ТКВС, а поголемиот 3.774 акции УНИ, 21.000 ГРНТ и 15.000 ТЕЛ.

Значи може да се забележи трендот дека почнале да купуваат УНИ, а се појачуваат и со ГРНТ и ТЕЛ. Е сега, кој внимателно го следи тргувањето, ќе забележи дека и понатаму има невообичаено зголемено тргување со УНИ, па би можел да се обложам дека продолжиле со купување и во вториот квартал. Со вака донесената одлука да вложат десетици милиони денари во УНИ, тие практично значително влијаат врз зголемувањето на нејзината цена.

Знаејќи како функционираат работите во државата и дека скоро секој што ги држи рацете во медот и може да изврши било каква дубара во Северџанија тоа и ќе го направи, јас да сум финансова полиција или КХВ или словенечки сопственик на фондот, веднаш би проверил дали вработените што биле запознаени со ваквите одлуки да се вложи огромна количина пари во УНИ и ГРНТ претходно не се натанкале себеси и поврзаните лица со овие акции, знаејќи дека подоцна купувањето на фондот ќе предизвика значителен раст на цената.
Ако внимателно ги погледниш извештаите ќе видиш дека УНИ во едниот фонд е купувана со просек од 2.090 денари, а во другиот 1.915 денари. Денеска УНИ се тргуваше на цена од 2.000 денари што е за 20% пониско од просечното цена на тргување на акцијата во последни 2 (две) години. Не знам каде гледаш значително зголемување на цената?

Јас се чудам зошто се уште не се до дозволените 10% од банката, ако се знае дека на оваа цена УНИ има пазарна капитализација нешто под 18 милиони евра.

1592858647450.png

Само во последните 4 години тој износ го има остварено само преку Нето добивките. Каде е тука бизнисот, каде се тука недвижностите, па ова е банка, а не градежна компанија. Тој капитал што и пријавен 100 пати е проверен од НБРМ и моментално се тргува само на 44% од неговата вредност.

Јас за УНИ пишувам тука 4 години и не знам што треба повеќе да знаеш. Кој те спречува тебе или некој друг инвеститор да си купи акции на оваа потценета цена. Еве овие извештаи се јавни и се објавени сигурно уште пред 2 месеци. Имаше колку сакаш акции на 1.800, па на 1.850, па на 1.900, еве овие дена има еден куп на 2.000 денари.

Ако направиш малку подлабинско истражување ќе видиш дека толкави големи количини поминале од GRNT и од TEL кога цените беа на најниско ниво при крај на март. Исто, во тоа време имаше на продажба колкава количина сакаш од која и да е акција. Но немаше купувачи, сите ја чекаа 2008 година, па ќе паднел индексот на 2000 или можеби уште пониско.

Колку што јас знам има еден куп правилници од КХВ, па сите вработени во индустријата мораат да го пријават секое купување и продавање на акции не само на потесно туку и на пошироко семејство. Исто сигурно има интерни акти во кои услови смеат да купуваат или продоваат...
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Во четирите години од 2012-2015, УНИ работела со годишни профити од по стотина денари, што значи дека не кредитирале којзнае колку „прудентно“, што би рекле банкарите. Баш ќе видиме дали и при силниот раст на кредитирањето у задните 3-4 години можеби ставале глава кајшто други не би ставиле ни нога...
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Сѐ уште никој не напишал колкав нето поврат од инвестирање остварил и за кој период. Пресметајте си и постирајте бе, сигурен сум дека има некои со одлични резултати.

Всушност, многу интересно би било и „професионалните менаџери“ да испишат едно дваесетина форумски страници материјал за различни теми, па кога ќе видат луѓето колку им сечат црпките нема да им доверат на управување ни нацртана овца а не па лични заштеди :lolzz:
 
Член од
23 јуни 2020
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво. Ме интересира како наплаќаат брокерите, е-трејд ? годишно или на приход ?
 
Член од
23 јуни 2017
Мислења
592
Поени од реакции
1.102
Здраво. Ме интересира како наплаќаат брокерите, е-трејд ? годишно или на приход ?
8921 den godishno, fiksno... Brokerska I drugi provizii se naplakjaat na ostvareni transakcii (pomalku od 1%, ako trguvash mnogu I pomalku od toa... )
 
Член од
2 септември 2014
Мислења
187
Поени од реакции
195
Сѐ уште никој не напишал колкав нето поврат од инвестирање остварил и за кој период. Пресметајте си и постирајте бе, сигурен сум дека има некои со одлични резултати.

Всушност, многу интересно би било и „професионалните менаџери“ да испишат едно дваесетина форумски страници материјал за различни теми, па кога ќе видат луѓето колку им сечат црпките нема да им доверат на управување ни нацртана овца а не па лични заштеди :lolzz:
Еве јас ќе ти одговорам, за период 2014-2020 повратот ми е 21,6% на годишно ниво
 

Kajgana Shop

На врв Bottom