- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.578
- Поени од реакции
- 10.591
Мислам дека на Левица полесен дел ќе им биде да влезат во собрание. Потешкиот дел ќе им биде да се одржат како субјект внатре. Сега од дистанца на опозиција, како нов политички субјект, неизвалкан од скандали, им е релативно лесно да ја протнуваат нивната политичка реторика низ вакум просторот кој што го создаваат вмро и сдс низ нивните катадневни јавни испади и гафови.
Ако освојат пратенички места, чинам дека атакуваат на барем 5, еве во најдобар случај да се толку, имајќи го во предвид моменталниот изборен модел, многу важно за нив ќе биде кои први чекори ќе ги преземат потоа. Апасиев (корегирајте ме ако грешам) како ултиматум за коалицирање го поставува поништувањето на договорот од Преспа, во спротивно ќе настапуваат како опозиција во собранието. Ако исклучиво се води од ова барање, тогаш веројатно и самиот е свесен дека ќе биде со сигурност опозиција.
Во едни такви околности многу важно е како ќе се однесува членството во партијата. Оти чисто се сомневам дека грото се таму исклучиво од идеолошки побуди без да очекуваат нешто за возврат, што во опозиција нема да го добијат.
Прашањето е во едно вакво сценарио колку време Левица ќе успее да се одржи на политичката сцена без да падне во сенка на поголемите партии? И со што ќе ја купува лојалноста на членството ако е во опозиција?
Инаку, кога може Амди цел живот да седи во собрание, пола команданти на учк и ред други анонимуси со фејк дипломи...што да не може и Апасиев.