Имаш апсолутно право да ја затвориш, а и мислам дека е така најдобро бидејќи темава се претвори во маркетинг простор на Грее (иако и јас имам две клими Грее и сум задоволен).Прегледај го приврзокот 256095
eве маските како паѓаат ... и што е продавање муда за бубрези!
Ти полн иронија се смееше на мојот (и на десетина задоволни корисници со истиот модел) како избор на клима инвертер кој на Еуровент-сертификат е САМО TOL -10 (инаку старата R410 Tundra ме кошташе 22,000 Ден).... препорачувајки ми како подобар избор Он-Оф клима Горење TOL -7 која кошташе 16,000.... Па да те прашам сега ти зема Горење клима (како ми советуваше) да ја комбинираш со ТА печка како до лани со Fonko Он-Оф.... или зема инвертер Haer Tundra Green TOL-10? Се осеќаш ли сега измамен од продавачите каде што ја зема кои те убедиле...како и од сајтовите кои си ги вртел, од кои сите објавуваат дека оперативниот лимит на Тундрата Грин е -15? ИЗМАМЕН!?... И види вака, Скопјево општо е познато и проверливо со минимални просечни зимски темп. Декември (-3) Јануари (-4)... Како е под Шара? За “Горење ОнОф“ ли е? КОЈ Е ПОВЕЌЕ ИЗМАМЕН СО TOL -10.... ?
Гледаме јапанциве (освен еден 10-15 год стар модел FJ на Mitsu) се ТOL -15 ....Но 90% од Кинезаријава е TOL -10 она што за тебе беше као “страшна работа“ на што градеше стратегија да го оцрниш мојот избор, иако твојот избор денес е ист! .... И сега излегуе дека не бил битен фактор TOL?! бидејки велиш “паднале маските“ ако си искрен и реален по она TOL-10, не би ни гледал ниту коментирал понатака перформансите и можностите на Еуровент!!! ....
Од друга страна треба да се има предвид дека постои и квалитет на изработка, или континуирана (долгорочна) работа, долгорочна одрживост на перформансите на уредот, материјалите за изработка, софтверот и тн и тн.... Еве долгорочност на употреба на пр! Од каде знаеш овие кинезарии од + - 20,000 Денари, како и дали ќе работат по 5-6 или 8 години!? Или дека нема да изгубат во перформансите 10-20% по неколку години употреба!? Кварови, сервиси, менување делови.... Јапанцине “спијат“ дури и по 20 години со истите (или промил изгубени) перформанси, во главно и без сервиси! Фонкото мислам ти е јапанац (по компресор). Па искрено кажи колклу време го користиш и дали си го сервисирал те дали си имал еден квар!?.... Еден колега на работа говореше за јапонска клима купена пред 20 години, од компанија која веројатно не постои денес Funai (или јас нешто сум пропуштил... сеедно!) ....Funai Он Оф клима која велеше колегава растура и на -10 и -15*С... гледаме крнтии по балкони од Panasonic-и Он-Оф клими стари по 20тина години (јапонски или малезиски) кои се сеуште оперативни и на ниски температури!.... Од друга страна се изначитавме на форумов за тоа колку биле “задоволни“ сопственици на кинезарија на ниски температури, за преголема потрошња, за неквалитет на изработка, за крцкање, за миризба на кинески гифт шоп .... Верувам и самиот знеш колу траеше белата техника купена пред 40-50 години, а колку трае денес? Денес трае по 7-8 години, среќен си ако трае до 10. Па има ли една, единствена причина да веруваме дека нема да е така со евтинава кинезарија од клими!? Не знаеме, ама ќе се увериме наскоро! Дај Боже да грешам!
Од трета страна, ќе кажеш можеби ГРИ дава 10 год гаранција, а ги калкулираш во цените 9 години по колку лапаат 800-900 денари кога велиш јапанците дупло поскапи .. за да можеш да кажеш дека на пример еден кинески ГРИ од 30,000 + (9Х800) со TOL-10 е подобар избор од јапонец TOL-15 од најдобрите брендови на Светот и секогаш на врвот на сите ранг-листи за климатизац и греење: Mitsubishi Fujitsu Hitachi, Toshiba од 45,000 со исти перформанси на -7 и COP како кинезот... Те прашувам во тој случај кој избор е подобар? Кинез кој ќе те кошта 37К или Јапонец од 45К???... Од осма страна, не си помислил дека постојат луѓе кои сакаат да возат мерцедес наместо Great Wall .... сега навистина, темата е “економично греење“ ... но верувај многу поекономично ќе си помине некој со хиперинвертер Даисеикаи, кои кошта 2-3 пати поскапо од нашите клими... ама неговата клима 2-3 пати подолго ќе трае, 2-3 пати поквалитетно грее и сега не знам за 2-3 пати дали, ама барем два пати поекономично ќе грее од нашиве клими! Даисеикаи е 20карти поскап од Амбарот на Грии кој троши ко рерна, а хиперинвертерот од Тошиба во одржување температура на 0-7*С надворешна (што претставува 95% од зимата во МКД) просечно ќе троши колку 4-5 од старите сијалици... ама малку се од нас кои можат да искешираат 65-70,000... ПАРИТЕ! Најголем фактор и причина за твојата логика... парите! Ние сме МКД ... дно! Дно и по стандард. Оди кажи им на Скандинавците Германците дека за “пола пари“ по еуровент слична по перформанси имаат кинезарија! Не, нема да ја одберат... затоа што се рационални и економичари. Размислуваат вака: Јапанац ќе ставам нема да ги бројам дефростите, ќе имам подобар конфор, подобро и поквалитетно греење, сакам докажан квалитет, помалку ќе троши струјуа и 15-20 год нема да размислувам на греење...
Од незнам која страна, скапи биле јапонските брендови во земјава.... ама јас во насловот на темава не реков “економично греење со грејни тела набавени во МКД“... ете го МАци си набави LG од Грција за евтини пари, монтажа си нарачал без гаранција но климата му врти 4-5 години и колку знам презадоволен е ....И сега, една причина зошто за да се набави (Тајсон) Фјури (Грии) за по цена до вчера, (а утре пак ќе ја вратат) без малку 500 Евра (+9годХ800,-), а не еден Mitsubishi од Грција... од 530 Еур (од кои 80Евра ќе ти вратат при второ одење) како овој на пр. https://www.skondo.gr/index.php?option=com_virtuemart&view=productdetails&virtuemart_product_id=14850&ref=bestprice.gr АМА НЕ БИ ИМАЛ ДВЕ СЕКУНДИ ДИЛЕМА НИТУ БИ ГЛЕДАЛ ЕУРОВЕНТ... барем десетина членови од форумот си донесоа и поскапи јапонски клими од оваа како не знам...Но нели до 350Евра без царина, затоа за оваа цена..... надворешната у гепек на посебна ф-ра, а внатрешната еден пешки под мишка или у торба... Е сега немало гаранција... јбг ама на ризик, шизик. Тоа е... се е компромис! И различен приоритет.. Тебе и мене ни е цената!
Настрана од ова...
Се накотија ботови и оние кои со 2-3 поста ќе не научеле што и како требало и кого да слушаме.... не знам дали имам право како член кој ја отвори темава, да ја затворам... @најубав ќе ми кажеш ли дали и како можам да ја затворам темава, веќе и не ми се доаѓа тука, колку е загадена! Иако и ти стана преобразен бот...а-хахах ... Ми е жал има фини луѓе, како Златко (ако го искритикував) Тигарче Фикше Дени, Гиговит, Сасс Флегма, Моонгосес, Петна, Пев Пев, Литиум, Хекој.... и се некој друг кој го пропуштив (за што се извинувам)... ама преку ку*ца од ботови од маркетинг герила од иста ИП... и од нови у стил: “јас сум нов, млад убав и паметен... и сакам сѐ што сакаат младите, уствари се двоумам меѓу Амбар и Уруру Сарара... абе земи си Амбар уруру е само фрлање пари инаку се произведува во Гри .... АМАН ПОШТЕДЕТЕ НЕ! Отворете си нова тема АЛООООО! Нова во делот за домаќинство... таму со рецепти за готвење!
Навистина ја претераа, изгуби секаква смисла.