СДСМ vs ВМРО-ДПМНЕ

За кого би гласале на изборите

  • СДСМ

  • ВМРО-ДПМНЕ

  • Друго


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Некако се повеќе губи смисла темава :icon_lol:
ако на некој му е мака да го гледа цело, еве му сиже во 2 минути, односно она што е битно за темава т.е. твојата поента, дека НЕМА смисла веќе да ги делиме како две партии кога цело време се една = еден центар ги раководи.


Па на избори, секој со свој памет.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Овој датум е нареден и договорен од газдарицата на Кале, да не биде ниту Заевото 5 јули, ниту на Мицко септемвриски датум, со малку попуштање од Заев чисто да може Милошоски и Николовски да се пофалат на твитер и фејсбук дека по нивно испаднало.

Флоскулите за здравје на граѓаните се паднати во вода, демек разлика правеше колку заболени ќе имаше на 8 или на 15 јули, од кај знае било кој, може наредниот месец до 15 ќе се тера со бројки 50-100 заразени дневно.

Но на газдите од Кале им треба формирана влада во септември од било кој, чисто за колку-толку ред и стабилност пред евентуалниот обид на Трамп за решавање на Косово пред америчките избори.
 
Последно уредено:

F.E.A.R.

The Harem King
Член од
11 јуни 2015
Мислења
877
Поени од реакции
1.403
Додека поголем дел од Европа денеска се отвора, кај нас дибидусите се ујдисаја со Wizzair да се суспендираат летојте до 13 јули за да не можи да се излегува од државава. Гледам дека галсањево на избори стана задолжително, а не дали ти си сакал или не. И оти после никој не сакал да седи тука.

Летовите на „Визер“ од и до Македонија суспендирани до 13 јули
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Ако остане Сдсм на власт после изборите,тоа би било едно 3 пати по штетно од Вмро да останеа после претходните избори
Автоматски споено мислење:

За само 3 години владеење да се доведеш у ситуација на луѓето да им се гадиш повеќе од претходните што владееа 11 години,треба да си ептен гној
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.911
Поени од реакции
2.947
Ако остане Сдсм на власт после изборите,тоа би било едно 3 пати по штетно од Вмро да останеа после претходните избори
Автоматски споено мислење:

За само 3 години владеење да се доведеш у ситуација на луѓето да им се гадиш повеќе од претходните што владееа 11 години,треба да си ептен гној
Administrativcite ke si glasaat, bez obzir na se.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Pa blagodarenie na administrativcite grujo lapna tolku glasovi, isto ke bide i ovoj pat vo slucajot Zaev.
Нема врска муабетот, сдс пред 4 години го доби гласот на многу луѓе кои веруваа дека нешто ќе се промени, му дадоа глас сите оние кои беа против 10 годишното владеење на Грујо и тапкањето во место, исто така ги гласаа многу млади луѓе кои ја напуштија државата.Сега тие гласови на неутралните ќе ги немаат, а добар дел ќе отидат кај ДПМНЕ само поради тоа што сдс тргуваше со националните и државните работи.
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Pa blagodarenie na administrativcite grujo lapna tolku glasovi, isto ke bide i ovoj pat vo slucajot Zaev.
и шо?
заеБ, да те потсетам, ги изгуби прошлите избори.
ДУИ со ВМРЕТО имаа договорени кои министерства ќе ги делат. Го сфаќаш ова? Значи договорена влада.
И буквално на полноќ добива повик Грујо од Алија, му вика овај... маљо смо се шалили.

Така ќе биди и овој пат. Вмро ќе добие, сдс ќе формира влада со помош на калето пошто американците се прагматичари... ЗОШТО да учат нов кловн стари трикови кога имаат стар кловн кој така добро им игра на нивната музика.

Така да, не се напнувај. Со или без администрација заев ќе формира влада, а изборите ќе ги изгуби.

Инаку, кога сме кај администрацијата... ДЕЛ од неа ќе го гласаат, дел од тие што се вработија во груево време исто ќе го гласаат, но дел НЕМА. Како што не го гласаа и грујо - кој впрочем и ги вработи. Така да... yeah.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Во времето на вмро од меѓународните институции бевме константно оквалификувани како заробена држава и хибриден режим. Пењи устите му фатија на шарените мантрајќи ги овие извештаи. За тоа како ќе не ослободат имаа само празни флоскули, ништо конкретно. Еве сме сега во нивната наводно слободна шарена творевина со ново име и се пропратно, само стариот статус, етикетата на хибриден режим никако да ја снема а до неа се прилепи и формулацијата марионетска влада. Вистина, ова отсекогаш било марионетска држава, ама никогаш до овој степен како последниве неколку години. Диктатите на странските амбасади се протегале до онаму до каде што биле нивните интереси во регионот. Оваа власт ги помина тие граници. Ја усвои тиранската платформа за сопствен интерес, фактички го прошири рамковниот договор надвор од обврските пропишани во него. Во преговорите со Грција за името ги премина сите линии, исто и со Бугарија. Ние со овие правно обврзувачки договори сега станавме и де јуре озаконета марионетска држава.
Порано седевме на преговарачка маса во име на некаква добра воља за изнаоѓање компромис, демек преговаравме а не бевме во целост правно обврзани. Бугарскиот договор сега правно не обврзува, исто и оној со Грција. Во суштина оваа власт им потпиша капитулација, им даде инструмент за вечно да не уценуваат. Слично како што прават албанците преку рамковниот.
 
Член од
12 јули 2018
Мислења
1.801
Поени од реакции
5.833
Дпмне читаше партиски дописки со месеци. Трајко ги оставаше да прават што сакаат. Твоите патриоти влегоа во Собранието кога се гласаше за т.н. Тиранската платформа или кога се бираше претседавач на Собранието!? Целта беше да се сопре Сдсм да направи Влада, а пратениците инаку може да гласаат и со кревање на рака.
Во затвор треба да одат и оние маскираните, а и оние кои влегоа во Собранието со намера да убијат пратеници. Кон пратениците беа фрлани секакви работи и секоја среќа што немаше тој акт на Дпмне фатални последици. Испланиран настан со цел Сдсм, кои имаат доволно пратеници за да состават Влада, истата да не ја состават. Дали пратениците можеа безбедно да го напуштат Собранието? Да.
Видовме кој ги отвори вратите и кој ги насочуваше оние кои се закануваа со "се е можно". Затоа око не ми трепнува, тоа ќе биде заслужена затворска казна за секој од нив, дури и за водарите кои си го спасија задникот.
Па тие мои патриоти протестираа со месеци секој ден пред 27 април против тиранската платформа. И тој ден имаше протест како и обично, кога им дојде преку глава и кога ја согледаат можноста влегоа во собрание. Мислиш дека повеќето знаеа дека тоа ќе биде местенка и дека одреден број лица со намера и цел ги насочиле кон собранието, а некои од внатре овозможиле услови за влез во истото?

Тие кои треба да се во затвор, тие кои ги отворија вратите сега се на слобода, знаеме зошто и како. И за нив малку е казната затвор според мене, ама тие дури и не лежат.

Поентата беше да не се ставаат во ист кош Игор Дурловски, Владо Јовановски, Борис Дамовски, Ченто и сите кои влегоа во собранието со учк, со оние од диво насеље, со убијците на децата на Смилковско езеро, џафери, ахмети..
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.558
Поени од реакции
5.288
Не ме интересира барокот, урбанистички гледано зградите се катастрофа и без план(освен оној да се скријат старите згради по секоја цена).
Убаво речено, што има да се објаснува, не ти се допаѓа и толку!
Исто така и Црпе, го инсталираа за премиер не му се допаѓаше името Македонија (беше катастрофа и без план! - што и да значи тоа) па ни го смени во Северџганистан, патем најде уште една цела армија која “размислува“ како него и дели исти вредности!
:oleee:
Автоматски споено мислење:

Абе Филип, државава ни потона од криминали и двојни аршини, а ти си се фатил за зградите на плоштад, па тоа е се потрошен материјал за некоја година ќе им сменат фасада што ќе ти се допаѓа тебе, а на некој друг нема да им се допаѓа и така во круг. Обиди се да е препознаеш големата слика што се дешава. Многу работи изгубивме ние како народ Македонци. Сите гледаат да зграбаат од нас и супер им успева тоа, а ние сами меѓу себе се изедовме. Државава има многу поубави работи од еден блок згради во Скопје само ние треба да го зачуваме тоа што некој ни го оставил и платил многу повеќе во крв некогаш.
чекај ти сериозно почна да му објаснуваш :vrtioci: ај јави ми кога ќе разбере.
(инаку не си во право се работи за култура а не за потрошен материјал [кога би се работело за потрошен материјал тие не би рекле ни збор, но затоа што се работи за култура која ја мразат од петни жили го гледаме игроказот и да настојуваат да ја уништат], и кај истата нема ми се допаѓа или не ми се допаѓа, од историјата има примери како некои палеле книгите затоа што ... овие не се далеку од таквиот ментален склоп, не сум сигурен дека има лек за такво нешто!)
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Не сакам да читам дописки и ставови на Дпмне.
Јас закони цитирав, јасно и прецизно. Не пишував мои желби и како „замишљам“. Ти пишуваш како ти „замишљаш“ дека треба или може да биде, ама за жал, не е така според закон.
Автоматски споено мислење:

Немој да бидиш толку сигурен.
Такви математики и грујо праеше ама... ;)
Па успешен беше во тоa
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom