Џорџ Флојд

  • Креатор на темата Креатор на темата whatto
  • Време на започнување Време на започнување
Биологијата само тврди дека овие варијации се покомплексни за да се направи груба поделба на три раси.

Можеби проблемот произлегува од тоа што и поимот раса не е баш прецизно дефиниран, не знам. Поентата ми беше дека постојат разлики што се мерливи што според скелет (еден пример) може да се дознае на која категорија (да не биди раса еве :)) припаѓал човекот. Искрено не сум запознаен со тоа како одат поделбите, класификациите итн, немам ни претстава за некоја споредба со други видови.
 
Уште еден убиен од полиција во Атланта...
Според снимката, сосема заслужено.

Прво се бори со полицијата, значи дава отпор при аспење, и потоа пука кон полицаецот на другата снимка, што е клучно. Пиштолот наводно е на еден од полицајците. Сега струја ≠куршум, ама тој е вооружен и пука. Не гледам причина зошто околу овој случај би се дигнала прашина.
 
Последно уредено:
Во Лондон по теркот на Грујо, контра протести, судири со полицијава и еден куп приведени.
 
Тие црни луѓе што имале среќа да бидат натоварени на брод и однесени во Америка, ги живеат сегашните проблеми, кои децении нема да ги опраат затоа што капиталот е таму каде што е, кај белите луѓе и тие целат да не го дадат никому. Не на црните луѓе, туку на никој друг. Може да се јебат, да протестираат 100 години - се' што ќе им биде дадено е проформа. Црн претседател на пример во 80ти и 90ти години знаете што беше? - Научна фантастика. Го добија и со него добија ништо.

Капитализмот се базира на еден потрошачки лајфстајл, кој не може сите да го живеат. Мора да има такви што ќе бришат газ некому. Не е тоа општество у кое сите работат за доброто на сите. Тоа е систем во кој некој ужива, а некој спие во говна и се крши од работа. Мислите дека латиносите се нешто поуважени од црнците? - потполно исто.
Но каде е капиталот?
Тие 1% од 1% кои поседуваат 99% од капиталот на планетава, мислиш дека се идентифицираат како „бела раса“?

Каде се обичните луѓе белци во ситуацијава?
Дали финансиски или било како се привилегирани во однос на другиве, црнците, латиносите, азијатите?
Слично и кај нас овде, дали Македонците се привилегирани во однос на Шќиптарите, Турците, Циганите?

Кај нас (а и кај нив) работите се до таму дојдени да обратна е работата. Ете кај нас сите други се привилегирани, ако гледаме од аспект на тоа кој плаќа даноци а кој користи социјални бенефити. Последен пример, етничкиот состав на примателите на хеликоптер парите (подарок картичките за „справување со Ковид-19), е таков да ни 16% не се Макодонци, иако Македонците придонесуваат најмалку 90+% од даноците од кои се издвоени овие пари. Од овие другиве даноци плаќаат само вработените во државната администрација - кои повторно - платени се од даноци земени од нас Македонците. Самото вработување во државни установи не е по меритократски принцип туку е нефер и привилегирано од аспект на етничко потекло, што е ретардиран начин за самоуништување и стварање на неспособни кадри и неспособни институции. Но да не дивергирам толку.

Црнците и другите малцинства во САД имаат некои слични привилегии за вработување, и фондови за школување. Кој е крив што голем дел стануваат криминалци? Самите тие си ја прават таа нивна култура на dindunuffins кои паразитираат од системот без ништо да придонесуваат, се нешто се обесправени и бараат некои права. Со други зборови entitlement, или учење дека се нешто им следува без да работат за тоа. Потполно истиот ефект го гледаме и кај нашите малцинства. Само што ние сме многу посиромашна држава па вакците социјални ретардации многу побрзо ќе ни се удрат од глава, гледано и како општество и како држава.


Комунистичките земји правеа обиди да ги интегрираат циганските малцинства во општеството. Југославија праеше обиди и со ши птарското малцинство - да ги натераат да одат во школо, да ги пуштат женските деца во школо и да излегуваат од куќите - тие обиди, во голема мерка беа јалови. И денес се гледа како тие структури живеат и кој стандард го имаат. Разликата е таа што поранешната држава имаше став, иако не се работи за никаква колонизација, туку за некои кои се потегнале и живеат овде, а се којзнае од каде.
Исти резултати гледаме и со нашите малцинства, излегува дека системот на социјална помош и „еднаквост“ не функционира туку од корисниците прави паразити.


Американското општество после Рузвелт, а уште поизразено после Кенеди е целосно преземено од таканаречената корпорократија, која поседува речиси се' во државата и ги носи главните одлуки и истата ги поставува главните политички фигури во државата. И самиот тој во говорот во њујоршкиот хотел Валдорф Асторија изнесува драматични обвинувања на темава и многу американци истиот го сметаат како една од главните причини за неговото убиство. На пример, мој личен став е дека на основачите на таа држава и интелектуалното ниво кое го поседувале, современиве претседатели: Буш (посебно младиот), Клинтон, Трамп, па и Реган би можеле да им бидат коњушари. Како што Калигула го поставил сопствениот коњ да му биде сенатор, за да ги навреди и омаловажи другите сенатори, така и овие огромни корпорации, ставаат кловнови на врвни позиции, ставаат црнец - практично на просечниот американски потрошувач му даваат тоа што тој го бара, само за да биде послушен.
Да, убаво елаборирано.
Газдите, кукларите, ги поставуваат своите кукли кои ги исполнуваат зададените задачи. Но повторно, кој „бенефит и привилегии“ ги имаат белците од сето ова?


Она за што збори Кенеди е таа одвратна пропаганда, со која кај американецот се градат стравови со кои тој одобрува лудачки политички одлуки. Како што е заканата од фамозниот „тероризам“, на основа на кој американската држава годишно прави набавки од трилиони долари директно од компании кои ги поседуваат овие луѓе.
Страв и она што Америте го нарекуваат "white guilt", психолошки методи за перење мозок на мнозинсвото и правење атмосфера на послушност и недавање отпор.


Обама доби Нобелова награда за мир за војната во Сирија - поголем циркус од ова може само во наше собрание да се види. На страна што не направи ништо за Ирак и Авганистан, држави во кои исто живеат луѓе што не се бели и дневно гинат во троцифрени бројки - за таквите ситуации нема муабет во протестиве на BLM - многу „племенито“, мора да се признае.
Но Обама всушност заврши одлична работа, само не за неговите гласачи туку заврши одлична работа за неговите газди. Како што сам кажуваш, „Обама направи набавки од трилиони долари директно од компании кои ги поседуваат овие луѓе“. И многу повеќе, со доаѓањето на Обама се интензивираше пропагандата за "white guilt" и разните протести за „обесправеност“ и барањето на нови работи кои „им следуваат“ без да работат.


Не ми се верува дека во мое време ќе видам распад на американското општество, меѓутоа, тоа е во некоја фаза на залез. Фантастично е како успеваат да манипулираат со светот - да не е покварено би рекол дека е и генијално. Би ви го препорачал да го гледате „4-те јавачи на апокалипсата“ - тоа е еден документарец од пред неколку години. Во него зборат Чомски, Штајглиц и други видни интелектуалци (овие двајца се Евреи по некоја случајност) - истиот не е на тема расизам, но многу добро го објаснува политичко-економскиот систем на САД, кој не е лошо да се знае, затоа што внатрешните случувања таму имаат огромни импликации надвор и истиот наведува дека американското општество е во таа, последната империјална фаза.
Ова само го покажува неетничкиот карактер на овие корпорократски и клептократски владетели. Во денешниот глобалистички свет владетелите не се утврдени во средновековни тврдини, туку имаат луксузни живеалишта насекаде низ светот. Сеедно им е преку која држава ќе проектираат моќ, од каде ќе владеат... Империјализмот на САД е само алатка за остварување на нивните интереси. Моменталните случувања се дел од доктрината на држење под контрола на гласачите во државата преку која владеат, дел од divide et impera доктрината која со векови се спроведува сегде и секаде низ светот. Затоа на крај и на следниве избори во САД, сеедно кој ќе пободи, пак на власт ќе биде човек кој директно или индиректно ќе работи за интересите на истите корпорократи.
 
Со такви идиотски потези како клекнување и ѓоамити понизно однесување кон рендом црнци само се праќаат некои погрешни пораки, кои може само да ја испровоцираат радикалната десница и да предизвикаат дополнителен конфликт.
Западните „напредни“ општества имаат суштински проблем со избраниот начин на живот, кој е конзумеристички, неодржлив и се базира исклучиво на експлоатација. Да ја немаше таа побарувачка на нафта, многу веројатно дека поинаку ќе се третираа земјите каде што таа природно се наоѓа. Истото се однесува на сите други природни материјали, метали, кои се експлоатираат до неверојатно ниво. Така да, тие што се поклонуваат, што се шака луѓе, ако стварно сакаат да мотивираат некого нешто да промени е целосно да си го променат начинот на живот - да не купуваат по 5 парчиња облека на ден, произведена у Бангладеш, да не возат по 50км до работа со нафта од Саудиска Арабија, да не купуваат евтина расиплива кинеска техника , да не летуваат по 5 пати у годината и да си најдат поодржлив начин на живот. За жал, светов абер нема од движење во тој правец, туку напротив, тоа се смета за нешто напредно, паметно.....да бидеш бројлер, кој животот го сведува на враќање кредити на банка, како не би бил исклучен од системот, како не би бил црна овца. Огромен процент од заработката на американските банки доаѓа од кредитите кои населението ги зема за да биде високо образувано. Ова за наши луѓе е непоимливо, затоа што високото образование кај нас беше до скоро бесплатно (иако веќе не е) и да си интелектуалец во една таква држава значи дека веќе имаш пари. Луѓето од гетото - немаат шанса никаква. Тоа е тоа модерно ропство, чиј најголем проблем е што воопшто и не се нарекува така и перцепцијата на истото е така инжинирана да луѓето се чудат од каде излегуваат тие проблеми, а поголемо чудо е како никој не збори ништо за нив. Населението во светски рамки е се' помалку рурално, а се' повеќе градско, што значи, многу помал процент луѓе живеат самоодржливо и се зависни од услужни дејности и индустрија. Дури и тие што живеат рурално, во Америка се така дестимулирани и притиснати од силните корпорации во овој сектор, од типот на Монсанто и големите производителни на храна, да практично е неможно да се живее така.
Е сега, јас исто за овој лик, конкретно за него мислам дека не го заслужува споредувањето со Мартин Лутер Кинг, пошо бил де факто криминалец. Во даденава ситуација може треба малку пофилозофски да се гледа и да се одзумира пошироко и да се прашаат сите дали истиот би бил таков човек кога би имал некаква шанса у животот? Многу лесно е да се коментира од сопствената позиција и да се осуди одма. Многу е дискутабилно што би бил јас во животот, на пример, да не биле моите родители. Конкретно моите родители не биле многу заинтересирани за тоа како се снаоѓам во школо и единствено што памтам е дека биле повикувани заради мое арогантно однесување или сл., факултетот буквално сам го завршив и немаа појма каде одам и што праам, сите работни места на кои сум работел сум си ги нашол сам - ама никогаш во животот нема да кажам дека сам сум го напраил тоа, затоа што во многу други околности сум можел поинаку да завршам. Сакам да кажам дека, истиот човек, да живее во различни средини, ќе се развива поинаку и ќе прави различни работи за да преживее. Да се родел човек со карактерот на овој несреќник во Швајцарија на пример, тешко дека ќе дојдеше у ситуација да му гази џандар на вратот.
Гледајте ги проблемите со малку поширок светоглед. Воопшто не стојам на страната на црнците, пошо не сакам да ги делам така. Историски, кај нив е проблемот што не успеале да не бидат покорени - таков е животот - лавот ја јаде зебрата, а не обратно. Тргањето на споменици на Черчил, Колумбо и водачи на Конфедерацијата е смешно, дури и патетично...нешто што во Европа го гледаме дека се случува со пишувањето на нови истории - како најексплицитни би ги спомнал фашистичка Бугарија, фашистичка Хрватска, рехабилитацијата на четниците, па се до измислувањето на некакви денови на Европа исл. Многу поважно е што суштински ќе се преземе за да се изменат односите меѓу самите луѓе, а тоа со вакви симболични чинови не само што не се прави, туку дополнително се генерираат конфликти - можеби тоа е и идејата - ќе видиме.
Америка, цели 50 години после Втора светска војна сериозно работеше на внатрешна и надворешна пропаганда за да си го заштити системот - не Америка, туку системот. Русија се трансформираше во СССР - тоа значеше национализација, преземање на приватниот капитал, отстранување на религиската организација од владеењето на системот. После 50 години формирање ваков силен канцер во Америка, со ваква полиција со армиска моќ и со уште посилни медиуми, во рамки на научна фантастика е да дојде до подобрување, а да не зборам за промена на системот. До тогаш, ваквите протести ќе си бидат секојдневие, ама импактот од нив ќе биде незначителен, што се покажа претходно и со Occupy Wall street и слични. Наместо во здравство и образование, властите ќе инсистираат на оружање и бројност на полицијата, војската, затегнување на „безбедносните закани“....мали се изгледите за оправање, скоро неверојатно.
 
Понеспособна полиција од америве нема, кога ги гледам видеава не се разликува дали е реалност или се снима комедија :lolzz:
Автоматски споено мислење:

А да, заборавив на џандарката во Англија што со коњот се заби во семафор :pos::pos::pos: исто племе.
 
Палењево, осквернавување на споменици, шарање и фрлање во вода, не го сфаќам (башка тоа излозите и малите бизниси кои и онака едвај издржуваа ради короната). Не сум се согласувал со тоа што Груевски фрлал пари на споменици и слични безвезе работи, ама па не сум бил за да се рушат или шараат истите. Некој тоа го правел, вложил труд да направи споменик и тоа е уметност. Како што некои цртаат, некои резбарат, прават разни уметнички работи, така има и скулптори и луѓе кои прават споменици. Не сфатив како им засмета Черчил или Колумбо, па и Линколн, баш овие денови, а тие споменици се подолго време таму. Еве и во Канада, споменикот на првиот премиер, Мекдоналд, се најде на тапет. А ако ги прашаш истиве луѓе пред 2-3 години, кои сакаат да го рушат споменикот, сигурно нема да знаат чиј споменик е.
Почнува и да ме иритира ставањето на сите белци во еден кош и да се укажува на "white privilege". Јас такви привилегии нешто не сум искусил, а сум си осетил расизам/дискриминација на свој грб и тоа повеќе од еднаш. Источна Европа и привилегии е малку смешно во една реченица.
Протест како протест - да, а палење, тепање, рушење, малтретирање и убивање - не.
 
Почнува и да ме иритира ставањето на сите белци во еден кош и да се укажува на "white privilege". Јас такви привилегии нешто не сум искусил, а сум си осетил расизам/дискриминација на свој грб и тоа повеќе од еднаш. Источна Европа и привилегии е малку смешно во една реченица.

Генерализарање е сосема ок се додека не се работи за "угнетени групи" што те буни?
 
Македонец,и било кј друг што ќе отиде во Америка и стане Американец,го прифаќа и целото историско наследство на Америка.
Тоа важи за сите од овие простори кои би да се Американци ама до линијата до каде имаат интерес,а понатака да се прават дека се дојдени на екскурзија.
Нема и паре и јаре.
Тоа се модерни торбеши.
 
Македонец,и било кј друг што ќе отиде во Америка и стане Американец,го прифаќа и целото историско наследство на Америка.
Тоа важи за сите од овие простори кои би да се Американци ама до линијата до каде имаат интерес,а понатака да се прават дека се дојдени на екскурзија.
Нема и паре и јаре.
Тоа се модерни торбеши.

Македонци кога ќе отидат у Америка и Австралија постануваат антички македонци, на сите се фалат дека се антички уште од времето на Ацета, истите тие што додека живееја тука плукаа по Македонија и народот што живее тука. Тоа е македонче, у шупак праено.
 
Македонци кога ќе отидат у Америка и Австралија постануваат антички македонци, на сите се фалат дека се антички уште од времето на Ацета, истите тие што додека живееја тука плукаа по Македонија и народот што живее тука. Тоа е македонче, у шупак праено.
Точно,се прават големи Македонци ама само кога кон нас се обраќаат.А во нивните животи кои ги живеат таму каде што се дома, што побргу се трудат да почнат да говорат англиски и децата нивни што побргу да станат прави Американци австралијанци.....да не бидат Вогс туку прави "Турци".По лицемерни и шизофрени луѓе од нив нема.Твое е дали ќе паднеш на нивната приказна.
 
Последно уредено:
Македонци кога ќе отидат у Америка и Австралија постануваат антички македонци, на сите се фалат дека се антички уште од времето на Ацета, истите тие што додека живееја тука плукаа по Македонија и народот што живее тука. Тоа е македонче, у шупак праено.
наместо да бидат горди бугари, тие биле македонци, ебате глупаците
 
Македонци кога ќе отидат у Америка и Австралија постануваат антички македонци, на сите се фалат дека се антички уште од времето на Ацета, истите тие што додека живееја тука плукаа по Македонија и народот што живее тука. Тоа е македонче, у шупак праено.
Абе пак дијаспората ни е крива за се?Или ни е криво шо не успеавме да ја збришиме од вукојебинава па сеа лечиме фрустрации?
 
Но каде е капиталот?
Тие 1% од 1% кои поседуваат 99% од капиталот на планетава, мислиш дека се идентифицираат како „бела раса“?

Каде се обичните луѓе белци во ситуацијава?
Дали финансиски или било како се привилегирани во однос на другиве, црнците, латиносите, азијатите?
Слично и кај нас овде, дали Македонците се привилегирани во однос на Шќиптарите, Турците, Циганите?
Немоќни сме да докажеме јас и ти дека не сме во тие 1%.
Имам еден период живеено во милионски град, муслимански, во кој доминираа (јас исто ја нарекувам црна раса - индиската). Ги почитував сите нивни правила. Се возев позади во автобус затоа што жените седеа напред. Не носев кратки панталони, иако беше пеколно влажно и топло и пак добивав „убиствени“ погледи, кога доаѓав на ред во маркет да купувам, продавачот си влегуваше во магацинот позади...веќе мене ме идентификуваат како еден од тие 1%. Реално гледано заработував веројатно стотици пати повеќе од нив (не дека јас многу заработував, туку тие живеат со не сте свесни колку малку пари) и имаа причина да ме мразат, ама и немаа причина - перцепција е во прашање. На пример, имам и порано пишувано за ова - во СА, Оман, Катар и УАЕ живеат цирка 40 милиони луѓе од индискиот потконтинент - претежно муслимани, нешто хинди. Тоа се дефакто робови. Немаат право на ништо, буквално. Америка и Британија не само што имаат робови во сопствената држава, туку отворено застануваат позади режими кај кои ропството е сосема нормална работа. Ти да збориш со човек од Катар на пример - нему дури му е како божја работа што ти на некој копук од Бангладеш си му го спасил животот што му даваш работа. Тука се сигурно и пар милиони жени од Малезија, Индонезија, Филипини, кои се куќни помошнички и живеат во шпајз во куќата, живи среќни дека немаат бубашваби во оризот што инаку би го јаделе. Прашањето е дали е подобро да ти го свирнат куршумот или цел живот некој шупак да бришеш за да останеш жив? Милијарди луѓе денеска ќе се разбудат без да бидат и свесни дека оваа дилема е испрчена пред нив, а добар дел од нив, воопшто и ја немаат можноста да се „спасат“ со куршум у глава. Ова е многу суров заклучок, но уште посурова реалност и затоа не знам дали „расизам“ е соодветниот збор....некаква колективна тортура на поединци врз други поединци или групи, садизам, мазохизам....не знам.
Сакам да кажам дека живееме во дел од светот за кој на сите сакаме да му кажеме дека е во хаос (реално и е), ама позицијата на некаков комфорт од која коментираме е многу дискутабилна. Прво, таквите разлики во капиталот овде и таму уште ги нема. Тие се градат сега, но тоа оди споро затоа што државата е во општ регрес и гние. Инаку да имавме постабилна економија, сегрегацијата ќе беше уште поизразена.
Ние сме како Македонци, пикнати во ќош - напишав и во постот кој што си ми го цитирал заради геополитика. Некое корумпирано гомно во американската администрација решило дека 2 милиони луѓе со интензивно изгладување, деградација, културолошко уништување, ќе му требаат 30-50 години да го снема - и си крчкаат со тој план, работат на него. За Србија ќе им треба малку повеќе време, ама и таму се на добар пат - бомбардирања, исселување, економски блокади....идејата е дека ти не си во план, затоа што идеолошки (или така си мислат) си склон кон некои други економски поимања спротивни на нивните. Ши птарите се спремни за соработка, плус уште поспремни да подмитуваат американски политичари - и ете ја нашата пропаст. Не сме црни, ама сме црнци. Двојните аршини на американската надворешна политика се од авион видливи - радикален ислам е прекрасен ако е во сред Босна, ама не чини во Иран, радикален ислам е прекрасен во Косово и Македонија, ама не чини во Авганистан....and so on....истото важи и за бојата на кожата. Која е на пример разликата меѓу Венецуела и било која друга јужноамериканска држава? - Корупцијата на раководството - практично сите држави на латинска Америка се puppet-states на САД, тргнувајќи од Мексико до Аргентина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom