Има различни толкувања за американскиот сон, мислам се мисли на таа социјална мобилност која ја реално ја има се помалце у америка. Не ми беше муабетот тоа, туку дека таа земја колку и да има екстемни случаи на расизам ,сепак генералната популација е помалце расистички расположена од азијските и европските земји. Во која европска земја може да станеш директор на најголемата фирма во државата ако си роден во индија? Дали мислиш дека може во германија турчин да стане прецедател или во франција црнец. Примери има безброј, наши луѓе идат таму на црно и основаат фирми, живеат убав живот и никој не ги смета за помалце американци од американците. Кажи ми друга земја во која можеш да го доживееш истото?
Тоа се шака луѓе. Сакам да ти кажам дека не можеш да земеш таков ситен процент дека е некакво правило.
Во Америка концептот е претседател, јавна фигура која не е семоќна за да не може во даден момент некој од надвор да ја асоцира целата држава со тој човек, што е случај со Русија, која е мета на критики од цел свет, освен од шака сојузници, тие небитните станови. Тежиштето на моќта е скриено и тоа си функционира без оглед кој е на власт. Билдерберг групи и слични лобија не спаѓаат во теорија на заговор, туку се јасно дефинирани лобија и нивните интереси се на чело на држава, па после идат потребите и животот на обичниот човек. Кој и да дојде на власт, тие си се власта.
А за можностите на поединецот, пак ќе кажам, повеќе се прикажани успешните приказни отколку пропаднатите. Еве хипотетички, ти си продавач на јаболки и денеска си продал 10. Ако сакаш да прикажеш дека си добар ќе се фалиш со таа цифра, а ако некој објективен те набљудува, ќе сфати дека 100 јаболки си можел, а не си ги продал. Еве и сега со вирусов, неостварениот профит се претставува како загуба....ма немој?!
Американската пропаганда гледаше голема закана во комунизмот и целиот систем затоа и е така конципиран. За да му докажат на светот дека тој систем е вистинскиот. Кога банкротираа огромни финансиски институции, пак државата ги отплаќаше лошите финансиски потези на поединци.
Не знам дали сте имале прилика да патувате во земји каде што црната раса доминира. Колку и да е човек космополит, човекољубец, хуманист, во тие средини се претвара во расист многу лесно. Многу малку земји се такви каде што расизмот не е толку воочлив....и сега за Америка лесно е да се каже "абе шлајм се, гадни, вакви, такви" - сите тие се потомци на робови. Какви да бидат? Америка не се ни потрудила да ги интегрира. До 60ти години се возеле назад у аутобус.
Па ако може да ми паламудат овде дека јас треба со племено од планина да праам држава по секоја цена, племе што никогаш овде не живеело, нека си најдат и они начин да ги интегрираат.