Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.238
- Поени од реакции
- 36.513
Имав прашувано пред неколку месеци во друга тема за ПВЦ врати и прозори, но мислам дека е најдобро да се отвори и посебна тема за ова каде што може да се разменува знаењето и искуството од страна на членовите во оваа проблематика.
Прозорите и вратите се прилично сериозна инвестиција, без разлика дали е градба или реновирање на објект и еден од клучните елементи за добра изолација кој треба да ве служи неколку децении после монтажа.
Во мојот случај имам дрвена дограма и планирам да ги сменам прозорите и влезната врата во моментов со ПВЦ, а со тек на време и на остантите соби (првично најбитни ми се дневната соба, кујната и собите за спиење).
Прашав во неколку продавници досега и гледам дека се нудат различни брендови (најчесто Германски, Турски и Кинески (Трокал, Комерлинг, Саламандер, Рехау, Века )), различни варијации на стаклото, бројот на коморите и тн. и цените варираат значително од еден до друг бренд. Дополнително ме опомена пријател да внимавам која фирма ќе ми ги изработува и монтира затоа што дури и најскапиот бренд можело да го изработат лошо и да го монтираат уште полошо и пак да си имам проблеми.
Во мојов случај имам на 3 места по 3 прозори (дрвените сите се дупли рамки 3те во линија доаѓаат 114х130цм (3 места по овие димензии) претпоставувам кај пвц ќе има по една рамка), еден единечен (85х83цм) и двокрилна врата (190х130 цм) - мерките ги земав самиот, немам искуство како ги земаат и може да варираат по 1-2 цм или пак да ги мерат секој прозор засебно, не целата рамка одеднаш, пред да ми ги изработува било која фирма ќе барам тие да дојдат да си земат мерки да не направиме грешка поради ова.

- Од некои луѓе слушам лоши коментари за влага во објектот и му се јавила мувла по ѕидовите, иако претходно немале никогаш, дали сте имале вакви проблеми и како сте ги решиле?
- Сум видел и прозори кои доста брзо ја изгубиле бојата од сонцето, а воедно и лоша изработка на рачките за отворање/затворање и брзо попуштаат, особено киперите, кои брендови ги имате користено и на што да се внимава во поглед на рачките, какви метални профили да имаат?
- Каков тип на стакло, дали мора да има гас (аргон) измеѓу (во принцип стаклото е најголем дел од површината), дали пример да се штеди на пластиката, а да се инвестира повеќе во стаклото?
- Откако ќе се стават прозорите на што да се внимава при санирањето на тоа што ќе го истуркаат околу прозорот, дали да ставам некаква изолација таму или само да го затворам со гипс?
- Исто ме интересира за влезна врата на куќа, кај мене е двокрилна дрвена и не планирам да ставам од тие блиндираните, туку стандард од овие белите што ги ставаат по куќи со малечки прозорчиња, дали имате некој искуство со пластична врата за влезна врата на куќа?
- Препорака од кои фирми и кои брендови имате позитивно искуство, а кои да се избегнат? (мене ми одговара најмногу Пелагониски регион, али ако фирмата има достава и монтажа низ цела мкд би порачал од било кој град доколку се добри).