EnChroma очила

  • Креатор на темата Креатор на темата dace@mkd
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 април 2015
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.740
Локација
Скопје,Macedonia
Значи вака деновиве сакав да полагам за нова категорија за возачка дозвола со лекарско ново , но за мое изненадување кај очно што е ме тестираа на Ишихара тестот и јас за бога милога неможам да видам овде шестица IMG_20200526_143525.jpg
Меѓу другото катастрофално поминав на тестот и нормално не сака да ми даде потпис во лекарското. Сега прашањето е дека имало некои очила од насловот на темата кои помагале као демек по читањето на интернет: The limited evidence is that they do not improve color vision. Дали некој имал вакви очила колку пари се и дали помагаат да го поминам тестот?
 
Значи вака деновиве сакав да полагам за нова категорија за возачка дозвола со лекарско ново , но за мое изненадување кај очно што е ме тестираа на Ишихара тестот и јас за бога милога неможам да видам овде шестица Прегледај го приврзокот 253033
Меѓу другото катастрофално поминав на тестот и нормално не сака да ми даде потпис во лекарското. Сега прашањето е дека имало некои очила од насловот на темата кои помагале као демек по читањето на интернет: The limited evidence is that they do not improve color vision. Дали некој имал вакви очила колку пари се и дали помагаат да го поминам тестот?
У период од 3 секунди видов 8ца, ништо и 6ка (само пошто ти пиша дека требало да видам 6ка).
Тестов е ката факинг строфа. Да пробаш на друго место лекарско да си извадиш пошто верувам дека 90% од нас тука што го гледаме ова да не ни кажеше што треба да видиме немаше да погодиме.
 
6ка е, провери си ги очите
 
Не би требало да го лажираш тестот,и да ја загрозиш собствената безбедност,а и на останатите!
 
Далтонист си, помири се со фактот. И далтонизмот има свои форми и разлики.
Нормална возачка за патничка кола можеш да земеш - ама не можеш да бидеш професионален возач. За возачи со диоптер, се знае, мора да возат со наочарите, ама ова што планираш да го праиш, прво види дали е легално воопшто.
Второ, кој ќе те пушти со некакви наочари да гледаш вакви тестови? И трето најбитно, ако имаш некаква маана (што не е ниту срамота, ниту страшно нешто), дали сакаш по секоја цена да загрозиш туѓи животи?
Некој негде нешто мислел пред да ги напише тие правила и да ги воведе тие тестови.
 
Далтонизмот и не е толку проблем ако имаш видна острина (ги гледаш ситните бројки). Е сега ако треба да носиш очила за да ги гледаш ситните бројки, ќе си носиш, имаш и леќи имаш и ЛАСИК интервенција...

Ги мислел некој и семафорите со каков распоред да се, и по каков редослед да се палат баш за луѓето што не ги гледаат сите бои.
 
Последно уредено:

Ги гледам и најситните бројки тоа не е никаков проблем, а и боите ги распознавам е сега проблемот е во нијансите на црвена и ми се чини зелена
 
Друже во тој случај не знам како е законот во МК (може да е останат некој закон од комунизмот дека не смееш) ама во многу држави можеш да земеш возачка без проблем.

Тој проблем со црвени и зелени нијанси не е редок (околу 10 % од луѓето го имаат) и баш ради тоа семафорите се дизајнирани како што се дизајнирани, црвеното никогаш не е најдолу или на средина.

Очигледно ако веќе имаш б категорија си возел ОК на часовите и те пуштиле да полагаш. Далтонизмот не настанува преку ноќ туку бил присутен од секогаш.
 
Последно уредено:
Далтонист е мислам човек што воопшто не препознава црвена и зелена боја но јас ги препознавам барем основните бои нели, сега некоја нијанса измеѓу црвена и зелена боја може да ме збуни
 
Има разни типови меѓутоа тоа за црвени-зелени нијанси е најчесто. Потпоплно слепило за бои (црно-бело да гледаш) е ептен ретко, можда еден на 1 милион и повеќе.
 
Второ, кој ќе те пушти со некакви наочари да гледаш вакви тестови?
Зошто би пуштиле луѓе со диоптер да се тестираат а не би пуштиле со наочари за корекција на color blindness?
Ако функционираат и се тестирани и се препорачани, секако.
Иначе голема глупост е ова со color blindness за голем број на состојби од спектарот затоа што воопшто не пречат во возењето.
 
Ти знаеш дека не пречат, пошо си омниексперт.
 
Зошто би пуштиле луѓе со диоптер да се тестираат а не би пуштиле со наочари за корекција на color blindness?
Ако функционираат и се тестирани и се препорачани, секако.
Иначе голема глупост е ова со color blindness за голем број на состојби од спектарот затоа што воопшто не пречат во возењето.
ovoj test e za site kategorii ili za C i D ???
 
Така, така....комунизмот ќе биде крив ако у зеленило, шума, не види дете у црвена маица.
Што има врска бојата дали е бордо црвена или сакраменто зелена, да се разбереме ги знам боите не е тревата црвена или лимонот црвен. Овде станува збор за нијанси на темно црвената и темно зелената.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom