Религијата во пандемија на коронавирус Covid19!

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
Според некои ковид 19 стрикно се шире во Црква и на Литии на друго место не!
На секое собирање на верници припадници на старо-еонските религии се зголемува (да не кажеме шири) пренесувањето на вирусов заради кој постојано ќе бидеме во карантини бидејќи ќе се зголемува бројот на заболени или ќе биде постојано 20+ на дневно ниво!
Бидејќи не се следат препораките и забраните кои се на сила од кога сме во вонредна состојба!

Ете, за да нема двојни аршини кои ги скокате кога зборуваме и за литиии и литании и лажички лижење и собирање во храмови и пред нив додека си дишат верниците во врат!
Со верување дека боговите ги чуваат и нема да се разболат!!! Ќе испадне дека верувањето во богови е подобро од верувањето дека во храмовите нема да се разболите од вируси! Иако второто следува заради верување во догми и „религија на прадедо ми“ ...

П.С. Старо-еонски религии се исламот и христијанството (не дискутираме за нивните езотериски форми, ако ги има), за да нема забуни и пак да се кријат христијаните зад тоа „двојни аршини“, не сме само ние виновни :)
Сите сте виновни кои се грижите повеќе за боговите и вашите бедни души, а не за човештвото!
Жално...
 
На секое собирање на верници припадници на старо-еонските религии се зголемува (да не кажеме шири) пренесувањето на вирусов заради кој постојано ќе бидеме во карантини бидејќи ќе се зголемува бројот на заболени или ќе биде постојано 20+ на дневно ниво!
Бидејќи не се следат препораките и забраните кои се на сила од кога сме во вонредна состојба!

Ете, за да нема двојни аршини кои ги скокате кога зборуваме и за литиии и литании и лажички лижење и собирање во храмови и пред нив додека си дишат верниците во врат!
Со верување дека боговите ги чуваат и нема да се разболат!!! Ќе испадне дека верувањето во богови е подобро од верувањето дека во храмовите нема да се разболите од вируси! Иако второто следува заради верување во догми и „религија на прадедо ми“ ...

П.С. Старо-еонски религии се исламот и христијанството (не дискутираме за нивните езотериски форми, ако ги има), за да нема забуни и пак да се кријат христијаните зад тоа „двојни аршини“, не сме само ние криви :)
Неповитливи докази имаш ли дека во храмовите се заразил некој од било каква болест?
 
Неповитливи докази имаш ли дека во храмовите се заразил некој од било каква болест?
Докази кога ми бараат христијани верници за било што, само се насмевнувам и си го продолжувам патот...
Има заболени од црквите и манастирите и џамиите, се кријат со 40 температури и не одат на доктор! Си велат во бунило: боже, нека ме одмине оваа чаша, но ако и само ако тоа е твоја, не моја волја! Ти текнува? Не одминува ниедна чаша! ;)
Карма јога...
Се во името на боговите во кои веруваат и религиите да им бидат „вистински“! Докажи дека не е така... не можеш! Бидејќи и ти си еден од нив - би умрел за твојот бог!
И не биди неверен Тома, поверувај на невидено или тоа важи само ако доаѓа од христјанската догма, не и за други ствари во животот?
Чудно...

Ете пријателите ви од другата религија што велат:

„Очекуваме во наредниот период секогаш лошото да го победуваме и да знаете дека Ковид-19 може слободно да го прогласам дека е умрен од денеска со оглед на тоа дека го победивме и заради тоа сме тука“, посочи реисот Сулејмани.

Гледаш? Докази? Не ви требаат докази - само верувај дека вирусот е победен бидејќи денес е тој и тој празник на оваа или онаа религија!
Тажно е што на мирни и ок луѓе заради нивната вера(која можеби им е апсолутно последната надеж за овој живот да го минат колку толку ок) им се зголемува шансата за заразување од вакви подли изјави на луѓе кои би требало да се авторитет и да се грижат за луѓето!
 
„Поглаварот на исламската верска заедница на Македонија, реисот Сулејман Реџепи денеска пред џамијата на Мустафа Паша во Скопје го честиташе празникот Фитер Бајрам и порача дека вирусот ковид-19 е мртов.
– Очекуваме во наредниот период секогаш лошото да го победуваме и да знаете дека ковид-19 може слободно да го прогласам дека е умрен од денеска со оглед на тоа дека го победивме и заради тоа сме тука – посочи тој.“

ГОТОВО, ЗАВРШИ! ЧАО, КОРОНА!

Извор

Тогаш сметаш дека само во религиски собири не се пренесува, против ограничувањата за движење и карантинот си општо, "in general", или ... ?
Па до сега се покажа дека во религиските собири особено во Црквата дека не се пренесува, не сум против ограничувањата за движење и карантинот!
 
Па до сега се покажа дека во религиските собири особено во Црквата дека не се пренесува, не сум против ограничувањата за движење и карантинот!

Значи си за ограничувањата, карантинот, и сметаш дека тоа е потребно (постои ризик за пренос на вирус во продавници, кино, маалско дуќанче итн) ама кога се работи за црквата (или друг религиски објект) тоа не треба да важи за нив?

Не се ова двојни аршини?
 
Па секоја недела има Богослужби во Црквите и Манастирите дали се е до сега некој заразил?
@Ipsissimus сеа ќе осудиш ли одењето на муслиманите во џамиите или за нив не важе само за одење во Црква ќе ги осудуваш?
 
Последно уредено:

А како ти знаеш дека никој не се заразил? Има ли со име и презиме од заболените кој каде одел да извршува религиски обреди? И зошто го игнорираш соопштението дека присутни на литијата во струга имаат белодробни заболувања со симптоми на ковид19? Зошто го игнорираш тоа што втор ден по ред, заболените од скопје сите до еден се од неколку општини, поточно - чаир, сарај, бутел и газибаба?
 
Ти можеш ли да потврдеш со име и презиме дека на литијата се заразиле?FB_IMG_1590323421424.jpg
 
Последно уредено:
Па секоја недела има Богослужби во Црквите и Манастирите дали се е до сега некој заразил?
@Ipsissimus сеа ќе осудиш ли одењето на муслиманите во џамиите или за нив не важе само за одење во Црква ќе ги осудуваш?

Ти можеш ли да докажеш дека никој не се заразил од литија или од било кој црковен собир.
Патем меѓу првите кластери во државава кој се појави потекнуваше од погреб во Куманово.
Без разлика дали е собир во црква, џамија, маркет, протест, итн. ризикот постои.

Мики премногу детски и наивно, и после 10год (одкако не сум те читал) истото однесување.
Жално ... порасни човече.

Со овие ваши „докази“ (христијански и муслимански) само ја покажувате вашата незрелост, вашата неодговорност и лицемерие, вашите двојни аршини, без компас навлечени на религија, полнејќи им ги џебовите и купувајќи им нови џипови на религиските водачи. Жално да ...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom