Слушај, не знам како ти е тебе ситуацијата, ама јас иам лица во семејството кои се во ризична група пред се поради возраста. Исто и другари кои не би поминале најдобро. Во рани 30-ти се со пред-дијабедични состојби, висок холистерол, притисок, вишок тежина. Искрено, ми значат тие луѓе мене и би сакал да бидат живи и здрави.
Лудило гледам во муабетот како тоа ова било филозофско прашање. Демек, live and let live, па ќе отвориме една кул дебата и нит вирус ќе има после тоа, нити некој настрадал од него. Баталете научни и цивилизациски придобивки, оставете природата да си го земе своето.
Гледам, ми ги избришале последниве мислења, па и ова на што си ми одговорил. Ако е тоа офтопик следствено и репликата е офтопик, ама изгледа важат малку различни правила...
Токму за мерките посочив дека се лудило и некои од нас одат против нив, а и дека не има се повеќе и повеќе. Светот се буди!
А плус и дадов совет како да си се заштитат оние што се поисплашени од просекот.
Врие темава од досетки од врвен калибар, сарказам и филозофии левел Тошо Малерот, особено на последниве страни, арно ама моето мислење пречеше.
Врие од "експерти" кои за релевантни ги земаат "научните" трудови кои само ним им се допаѓаат, врие од "експерти" на кои не им пречи што СЗО сама си се демантира 412 пати досега, а истовремено и се неуморни во пропагандата апсолутно да се почитува се што таа пропагира ?!?
Не пречи што се сее страв и паника и што истите слики со ковчези се прикажуваат од Бергамо, Милано, Њујорк и Мадрид, што истото дете во меѓувреме умира во и во Шпанија, и во Италија и во Франција, а такви лажни вести нашироко и надлабоко се пренесуваат.
Првпат ми се случува вакво нешто на кајгана, затоа и сум зачуден, но не сум изреволтиран. Изгледа раката на пропагандната машинерија е толку екстремна што освен различните мислења на големи светски имиња, се бришат и мислења на рандом ликови на форуми во Македонијава...
Инаку, баш онтопик, тоа што некои од вас упорно не можат да го сфатат е фактот што никој нормален хомосапиенс не сака да се зарази и тоа од ништо, еве на пример јас мразам да сум настинат, но проблемот настанува кога луѓето се принудуваат на живот во стаклено ѕвоно, инаку фрчат казни, забрани, етикетирања како општествено неодговорни глупаци, антиваксери и сл.
Седиме веќе 3 месеци дома, а се пропагира најмалку уште 5-6 пати повеќе, а и понатаму, оти ќе сме се навикнеле нели, а зарем не се помислува дека самата флора на микроорганизми со кои сме во контакт ни е наполно изместена од колосек, дека ќе бидеме подложни на инфекции како никогаш досега и тоа само поради овој тотален карантин. Затоа и знаат од СЗО нели дека следи втор бран, па ако не корона, сигурен сум дека грипот баш онака ќе коси на есен. Еве да го спомнам и фактот дека вакцинираните од грип се во многу поголем процент жртви на коронава од оние другите, но за тоа во некоја друга тема.
Кажав во избришаниот пост дека 70-80 луѓе кај нас умираат на дневна база, па ако се умре со корона не значи дека се умира од неа.
Еве како кратка илустрација, и великанот Мухамед Али почина од пневмонија, а знаеме сите во колку лоша здравствена состојба беше со неговиот Паркинсон. Поентата ми е, поводот за смртта особено на постарите и тешко хронично болни лица е обично грип, пневмонија или сега корона, но причината е сосема различна (и клучна), а тоа се претходни срцеви удари, акутни инфекции и ред други заболувања, верувам ги знаеме сите, па немора да набројувам. И никогаш во модерниот свет тоа не било спорно или неспознаено, арно ама сега коронава е и повод и причина за секоја единствена смрт. Да не банализирам, ама зарем не умираат здрави и млади луѓе, без никакви комордибитети (сега е фенси терминов) од срцев удар од нигде-никаде или од обично вадење на заб?!? За жал, такви работи се случуваат, а сега и во такви ситуации ќе се земе брис и ако се најдат некакви корона антитела ќе се соопшти дека таа е виновна за смртта на човекот.
Ова е "пландемија", односно "план медија" на страв и паника и ништо друго, но полека стравот исчезнува, светот се буди!
Вие што сте толку уплашени и никогаш посигурни околу некоја животна вистина како официјалните ставови за коронавирусот, вие не се плашите толку од заразата и смртта, вие повеќе се плашите од животот.