- Член од
- 12 март 2015
- Мислења
- 1.569
- Поени од реакции
- 3.215
А што е пратеничко место?Муабетот ми е за патните трошоци, за бифе и слично, друга приказна. Лесно е да речеш со автобус да дојдат, ама не е баш изводливо. На пример, од Охрид автобус ако тргне и да ги собере пратениците од западна МК. Прво, тотално е непрактична положбата на Дебар, ајде да речеме башка комбе за дебарчани. Од Охрид, 'тргвит' преку Кичево. Ама, што правиме за М. Брод? И што правиме со некој кичевски пратеници кои се од села оддалечени 15-на км од патот? Ќе врти автобусот до селата? И плус, на враќање вечер, а тоа може да е по полноќ, пак вртење по селата. И до Охрид среќно ќе пристигне во раните утрински часови. Ќе испадне како „Ко то тамо пева“.
И пратеничкото работно место не е исто споредливо со оние што во Скопје доаѓаат секојдневно од Куманово, Велес, Тетово... Ако некој самоволно решил приватно да се вработи во фирма во Скопје и да патува, тој ќе си го пресмета „ќарот“, дали му се исплати, дали ќе добие надоместок за тоа, тоа е работа на пазар.
Освен што лапаат тендерчиња фирмите на нивни роднини и што се пикнати во 50 комисии во парламент, па покрај плата имаат уште еден куп други поволности, треба уште да ги жалиме како патувале?
3-4 автобуси кои одат 2 пати неделата. Кој вели дека треба да патуваат секој ден?
Смести ги во некој објект налик на студентски, и таков можиш да најдиш и нека си берат гајлето.
Само ние ги гледаме и товиме како стоки, а тоа што немаме патна инфраструктура и од битола, охрид патуваме до ск 3 и кусур саати ПАК се виновни самите што 30 години наместо да инвестираат во државата тие крадат.
Така да воопшто не ги жалам.
Ќе поминат уште овие избори како што ќе поминат, без разлика која партија од двете големи ќе земи место во парламет и толку. После чао пријатно... некоја од помалите ќе лапа пратеници за следни пошто сега кој и да добие тој е капацитетот и тој е кадарот - нема да има преку ноќ ништо добро направено за државата.
Баш е погоден период некоја мала партија со 2-3 добро профилирани кадри да се вметни во собрание, да земи пратеник-два и да гради врз тоа... Следни избори 5-6 пратеници најмалку
Две такви партии најди, ете ти курац што ќе можат овие клептоманите да ги уценуваат.
Кај нас проблем е изборниот модел и проблем е што се пропагираме за сиромашна држава, а во меѓувреме се лупаат кредити од ммф и било каде и се троши на велико.
Ако не ти чини, го гласав сега, вгодина му излегвам на протести барам предвремени има да го прегласам и да го сменам кучето, а не да го товам 4 години и уште да го мислам како ќе одел на работа.
п.с. обичниот народ кој го еба
Има брате еден куп доктори специјалисти кои работаат и се на пат пп-ск, бт-ск, ох-ск.... одделени од фамилиии од се... и тоа неколку години прво дури специјализираат а потоа и за работа после тоа... тој патува, живее во ск одделен од семејство и повторно патува за викенд или кога има слободни денови да се врати дома.
Војска исто.
Полиција исто. - овие особено секој ден патуваат.
Што се тие помалку вредни од нашите СТОКИ од пратеници?
Во право си секојдневно не можи да се изведи таков автобуски превоз, ама дека е возможно да се направи модел кој ќе функционира... возможно е.