Две работи одат во прилог на СДСМ во целава ситуација, прво е тоа што ВМРО се однесува како СДСМ, никакви десничаркси ставови и изјави од најголемата десничарска партија, какви што имаше на пример од Левица (иронија). Друга работа е тоа што огромен број од луѓето нема да гласаат, бидејќи им е смачено од тоа што овие 2 партии го имаат направено во сите мандати досега, цело време лажна надеж и разочарување и едноставно се смачи на народот да биде манипулиран, изгуби интерес за се. Сите тие луѓе би подржале трета опција како знак на разочараност од овие 2 партии, но како што реков веќе се истрошени психички луѓето за да можат на било кој повторно да дадат доверба. Ама и покрај овие фактори, што се доста големи, ВМРО има поголемо гласачко тело, Левица има се поголем број симпатизери, и голем е бројот на луѓе што сакаат да подржат трета опција (било која), така да СДСМ сигурно ќе изгуби тоа е јасно ко ден, но дека ќе има доволно пратеници ВМРО да формира влада, тоа мислам дека нема да се случи и СДСМ веројатно ќе остане на власт, резултатот ќе биде тотална разочараност и се поголем број на луѓе кои ќе останат да покажуваат отпор, а се поголем број на луѓе кои со едно ранче со прв Wizz Air ќе заминат било каде, само подалеку од тука. Не дека и другиве ако дојдат ке е различно сценарио, веријатно нема одма само да спакуваат куферите, ќе имаат некоја надеж една година, кога ќе видат дека на ВМРО им е тотално океј Северна да сме си и Гоцета да е Бугарин, ќе се деси истото сценарио што го кажав.