Како да ја подигнеме свеста во општеството

Свеста во средината зависи од свеста на поединечните членови во неа, кај нас сеуште високообразувани луѓе не можат да направат разлика помеѓу политичка и правна одговорност и го изедначуваат гласот на избори со аминување на било каков злостор.
Не постои никаква надеж.
 
Свеста во средината зависи од свеста на поединечните членови во неа, кај нас сеуште високообразувани луѓе не можат да направат разлика помеѓу политичка и правна одговорност и го изедначуваат гласот на избори со аминување на било каков злостор.
Не постои никаква надеж.
Со првава реченица се согласувам крваво.
 
Работете на себе луѓе, за почеток на тоа да ја запознаете дуалноста во себе поточно вишата и нижата природа и почнете да се борите со нижата природа (егото) така ке ставите темели на вишата природа. Ако тежнеете на балансирање, усовршување и унапредување на овие работи ке имате поквалитетен живот и во духовната и во материјалната природа. Светлото кое ке го запалите за себе ке свети и за другите, работејки на себе олеснувате за најблиските да имаат полесен пат во ова патување наречено живот. И така е темелот на подобро живеење во општеството и државата. Ве сакам сите почнете работете.
 
Во општества каде што владее алчност и материјализам нама подигање на свеста!Нема никакви вредности царува само неговото височество профитот!
 
Понекогаш ми е многу мака и жал што нашево општество дојде до овој степен другари форумџии. Апсолутно лош смер во секој поглед. Односите и вредностите одамна се заминати. А и секаде на Балканов е така, и во Европа е исто само на по културно ниво, а Америка не ја ни коментирам, од таму е целата лоша пропаганда со децении веке. Ме радува и ми дава надеш Русија и целиот Исток од нив да учиме треба.
 
Кажете како ? Несакам бла бла еден рецитал и леле колку сум паметен. Сите сакам да сме на темава и од сите по некој лек, зошто мака е ниската свест товар на грбот ни е на тие што гледаме повеке.
Рибата смрди од главата а главата на рибата е народот. Како да им објаснам на народов на луѓето што ме опкружуваат во секојдневието дека секогаш ама секогаш го добиваме она што го заслужуваме и дека тоа се законите на природата. Како да им објаснам дека ни е ваква државата зошто тоа и го заслужуваме, како да им објаснам дека владата не ни е крива дека чим е таква ја заслужуваме за нас е, нема бегање кармата е чудо. Како да им објаснам дека се ке се исправи ако погледнеме во нас и се смениме самите... Како да прими свеста навиена дека е толку едноставно да се остави егото и дека можеме и треба да сакаме повеке, даваме повеке, помагаме повеке. Не продавам морал, бон тон и досаден правилник него тоа е тоа ако е вистински од себе за тој што даваш тоа е позитивниот печат на кармата и кругот што чисти и носи на подобро и подобро. Како да ги видат законите на природата, универзалните закони што секој ден со години ги опкружуваат.

Кој се изгорел знае јас не сум се објаснувал со луѓето зошто е слепо и само ке ти се изнасмеат зошто им го даваш лекот не за друго.

Дајте луѓе и ваши предлози и мислења за промена и подигање на свеста кај народот.

И морав едно видео страшно добро за ваа тематика. https://www.youtube.com/watch?v=tY6N6k8kB3I&feature=share
Предоцна е, повраток назад нема,свеста е потоната и мислам дека нема шанси да успее да се разбуди и да исплива на површината. Дозволивме свесно да не изманипулираат да одиме во пропаст. Погледни околу себе, на што тоа личиме луѓето, како магепсани зомби сме, а тоа и сакаа "ОНИ"најглемите владеели на светот, да го имаа човештвото под контрола, да управуваат со нас и да не уништат.
Јас сум песимист, не гледам никакви шанси за подигање на свеста кај луѓето, доволно е само да собереш докази и од форумов, да ги видиш мегусебните односи на членовите:)
Убава тема навистина ама нема кој да не разбуди.
 
Преку внатрешна револуција, личен пример и иницијатива со тоа општеството( под овој термин подразбирам колективниот однос и свест соджана во сите луѓе како целина) прима фидбек преку односот со вас и вие како дел од него и текако му влиаете зависно од условеноста и инхибициите ваши вродени наследени, наметнати. Кога сте ослободени од тие инхибиции и условености тогаш вашето влиание и револуција е радикално трансформативна.
 
Со медитација.....практикувана од мали нозе. Има повеќе техники, таа на Буда се вика vipassana.
Просто нели?
 
Прво,да се запре јавно сметање на времето.
Второ, секој маж пред да познае жена да ги победи своите стравови..да се соочи со смртта.(размножувајте се како Човек, а не како животни)
 
Не можеш да подигнеш нешто што не е присатно.
 
со глобални катастрофи се развива свест.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom