D
Deleted member 12196
Гостин
Па зарем не е така? Газдата на своите 50 вработени им кажува за кого да гласаат. Автоматски добива 50 гласа.Тој што плаќа тој треба да одлучува. Во кафана тој што плаќа тој бира што ќе се јаде и пие. Ако си жив незначи дека исто допринесуваш како некој што заработил.
Некој работел и со минат труд свој ризикувал и сега други му продаваат труд без ризик да изгубат. Нормално е тој да е побитен од тие што само продаваат а не инвестираат. Без побарувачка на труд нема никогаш понудата да биде задоволена. И нормално е купувачот да бира така е и во продавница така треба и на избори.
Ќе се согласам дека тој што плаќа повеќе данок, неговиот глас да вреди повеќе. Ама само во слуќај кога тој данок го плаќа со своја пот. Додека го плаќа данокот од потта на експлоатираните неговиот глас воопшто не треба да се брои. Тој не придонесува ништо за општеството, неговите робови придонесуваат. Тој само цица.