Леле носталгии, алал да ви е за муабетите! Кејф!
Го разбирам Рациел и со право те rich (culture) shame-нува Ботко.
Ја морав да читам лектири за да парите од свидетелства идеа на нинтендо.
Првиот писи кај мене беше дури пентиум 2ка, и немав пријател на татко ми или такво нешто кој се разбираше па да ми купат, средат, упатат... тоа време бев средно у Прага, морав татко ми да го убедам да ми даде 11.000 круни за на старо шо сум нашол компјутер и да го убедам дека не сум задолжен кај некој дилер.
Мислиш мене омилена ми е Diablo 2 оти некој ме упатил, сум читал, сум ја симнал? Не, оти само таа сум ја имал на цд успат quake или unreal tournament oд што некој ми ја оставил legacy. Уште ми стои цедето како споменик на тогашното мое патештвие.
Moрав да штедам на одмори за да играм халф лајф у компјутерџилница. Додека дедо ти ти цитирал руска литература ја чекав мојот да се запие доволно у дуќан за да изрекетирам нешто кеш плус. Денес бев да ја посетам баба ми, прашува како минувам карантинот... викам ти текнува кога ме влечеше за уши за ручок од таа флиперџилницата каде плескав MediEvil на пс2? Eпа сега дома на 4ката сум по цели денови и 2-3 игри се колку твојата пензија. Се смее.
И стварно доста интересна тема, игрите се уметност и стварно е језиво какви фобии се имале нашиве од технологииве. Пушти го надвор нека прави бељи по маало, низ град... да не му течат очите. Ја цел јазик усовршив од Vice City radio talk show-ата... Се согласувам со Рациел, не само што со куп обврски пак наоѓам време за гејминг, туку у мојот офспринг нема да мора да грајнда како мене туку ќе има све достапно.
Дури и гане ќе делиме.
Иначе Рациел, омилена игра на мојата женска е The Witness. И сега ради карантинов у слободно време кога гејмам морам све што гејмам да иде на main quests за да следи приказна и она и за да и е интересно и нејзе. Кажувај слична за да ја сиктеросам.