Ако мислиш на овие погоре шо ги зборавме и нивното пишење во темата Случувањата во Македонија, искрено не ни побарав.
Две причини:
1. Доволно провиден им е обидот и по ова што овде го напишаа. Треба интелегенција за добро да спинуваш а не само шлапни прашање и инсистирај на одговор што сакаш да го слушниш за да извлечиш поента.
2. Таа тема не ја следев кога беше актуелна и ПРЕмногу ретко учествував таму со коментари иако 5 години сум на форум активен (нека имам напишано 5 коментари таму... не знам, но не се многу).
СЕПАК, од авион можиш да ја видиш која беше намерата што ја затворија т.е. кој беше изговорот. ДЕМЕК да не мора човек да чита многу мислења на едно место и да се „изгуби во преводот“, а всушност ТОКМУ ТОА сакаа да го избегнат - на едно место собрано, јавно, вадење на прљав веш.
Кои и чии интереси ги штитат/штитеа со тоа нема да навлегувам (нивна работа) АМА исто така провидно доста. Нема веќе да играме фудбал на 1 стадион кај што имаме 25.000 публика, ќе играме на 4 стадиони кај што цирка ќе ни иди по 5000 публика пошто другите не можат да патуваат.
Истото ти е, нема да пишиме во 1 тема ... туку ќе пишиме во 5 различни за да се разводни внимание и да нема концентрирано мислења на едно место, па секој што е малце мрзелив да се откажи од штракарање и барање по цел форум.
Така, ти остануваат дежурните (дигитални) плакато-лепачи кои треба да ги бранат ставовите во сите теми, со цел да добијат петка на раче во комитет.
Го гледавме и со шарена револуција тоа, го гледаме и сега... ги има од двете страни, а ништо помалку не ги има и од браќата ни
Така да... јасна е борбата.