Види, нас можи ни е смешно бламирањето и meltdown-ов на ботов, ќе си тепаме карантинско време со него, ама не е за смеење работава, за плачење е.
Ова е жално што се случува во државава. Партиското робовладетелство направи робови од луѓето. Го осакатија народов. Достоинството му го сведоа на нула, за корка леб да се бламираат и понижуваат.
Земи го пример овој, млад човек како него, изиграва дворски шут на форум. Му кажале од партија дека Петар ги вреѓал на ФБ и треба по секоја цена да се дискредитира, и овој се држи до наредбата како слеп за стап. И покрај тоа што испадна мајмун и сите лаги му беа експресно побиени и демантирани, продолжува упорно да се бламира.
Што ти значи гола борба за егзистенција, прави фанатици од луѓето. Без срам, без образ, без чест, без достоинство, обични црви кои се спремни секое дно да го пробијат.