- Член од
- 8 јануари 2020
- Мислења
- 806
- Поени од реакции
- 2.020
Лично мислење..... тенка е линијата... која е целта и дали е реална пред се, и што со тебе ако не успееш да ја исполниш... на пример во една трка еден е победник.... шо прајме со тие што не победиле?Е буквално на ова мислев, да го видиш позитивното во секоја ситуација и да го искористиш на најдобар можен начин за свој напредок и општо добро. Иначе, фала за препораката, знам кај е книжарата, ќе тркнам некој ден
Не мислев на градење кариера по секоја цена и газење врз други, тоа му доаѓа веќе макијавелизам. Мислев на луѓе кои вложуваат часови и часови во учење на некоја материја и нејзино усовршување. Или пак спортисти кои напорно тренираат за да станат најдобри. Нели Алберт Ајнштајн го паднал првиот приемен на факултет, па подоцна станал најпознат физичар на свет. Од друга страна имаш спортисти како Vinny Pazienza (има филм Bleed for this со Мајлс Телер), кој го скршил вратот, но се вратил во рингот и станал светски шампион.
Дали и колку таквите луѓе ги следеле стоичките вредности надвор од своите професии, нема да навлегувам. Прашањето ми беше дали негирањето на фактот дека не си добар во некоја област е во согласност со стоицизмот, односно, дали желбата да бидеш најдобар е во склад со тоа? Бидејќи според стоицизмот логично би било да овие двајцава што ги спомнав претходно да си речат “Јбг, тоа е“ , да си речат дека залудно се трудат, да ја прифатат реалноста .Да не го трошат времето залудно, да не си мачат мозокот/телото, и да си најдат друго занимање каде би биле покорисни и за себе и за општеството како целина
А за Стив Џобс не ми збори молим те. ЦЕО со визија,да, ама да не беа луѓето што работеа за него, тикви дека он ќе се прославеше. Пред 5-6 години на интернет најдов дека Епл ти се најголемите скржавци меѓу големите корпорации (за што сметам дека Џобс е одговорен), кај данок не плаќаат, па и скоро ништо не даваат во добротворни цели. Еве од Wiki последно: “During the 2019–20 coronavirus pandemic outbreak, Apple's CEO Cook announced that the company will be donating "millions" of masks to health workers in the United States and Europe“. Многу јако, ко нашите ќебиња од ЕУ. Типот умре од рак на панкреас пошто одбра да се лечи со билките на баба Рада наместо да се оперира. Којзнае, може тоа беше единственото стоичко нешто од него, сфатил дека на сите им е преку глава од него, па решил да си “замине“.
Стоицизмот е добар тренинг... припрема за неуспех.. или сериозен шамар од животот.... за брзо да станеш и продолжиш понатаму... да се биде отпорен....
Па следно е ... што е успех?
Па... што ти е битно... и зошто?
Имаме притисоци и свесни и несвесни да се биде најдобар.... што ако не го постигнеш тоа?
Лично мислам дека е битно да се игра играта без да е битно кој ќе победи... играњето не вежба... а целта е да бидеме подобри... во сите сфери на животот не само во кариера.... да си го најдеме балансот.
Ми се допаѓа занаетчискиот живот пред индустиализацијата... имале три главни битни сегменти...
1. Занает... обезбедуваш леб на маса.. кров над глава... ако не е добар нема муштерии - нема леб...
2. Заедница... после работа почнува со фамилијата па се шири на комуната... дружба... заедништво.... се грижеле еден за друг...
3. Хоби... на крај на ден наоѓале малку време за себе..... столарот бил вајар... можеби музичар... шивачката сликарка... хоби како храна за духот... денес го заменивме со телевизор и игрици...
Вистинската мотивација треба да биде независноста и слободата... не докажување дека си најдобар..... но со принципот на добрина ... не себичност.... се разбираме.. НЕ за Макијавели....