Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 126 оздравени пациенти.

Оздравените пациенти се од:
Скопје – 22, Штип -1, Струга – 19, Охрид – 1, Велес – 6, Гевгелија -3, Кавадарци – 1, Крива Паланка -1 и Куманово -72.


:jeeee:
Да пишеа @Psyside и @Coca Cola ваков вид на пост, само за двете починати лица ќе пишеше.
заболени нема
Има, 19
 
Кинезите веќе го победоа

 
заболени нема

Во ГОБ „8 септември“ починаа 2 лица, пациентка од Липково (Куманово) на 49 години, примена на 03 април со потешкотии во дишење и веднаш поставена на респиратор и 73 годишен пациент од Скопје, примен на 19 април во многу тешка општа состојба.
Во изминатите 24 часа направени се 335 тестирања, а потврдени се 19 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Куманово -8, Прилеп -2, Струга -2, Велес -2, Гостивар-1, Виница -1.

Направените 335 теста се преку: ИЈЗ –290, Ветеринарен ф-тет – 0, Авицена – 0, Биотек –25, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода – 15 и МАНУ -5 . Досега во земјата се направени вкупно 15120 тестирања на ковид -19.
На инфективната клиника во Скопје примени се 3 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. Од нив 5 се на механичка вентилација и 25 со потешка слика и кисородно зависни. Останатите пациенти се стабилни.
Во ГОБ „8 септември“, примени се 6 нови пациенти, а вкуоно се хоспитализирани 29. Со потешка клиничка слика 5 пациенти, а вкупно на респираторна машина се 7.
Во Болницата во Битола се лекуваат 7 пациенти од кои 1 пациент е во тешка општа состојба и на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат 12 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат 9 пациенти и нивната состојба е стабилна.
 
Абе од кога почнаа да објавуваат дека добро се справивме со вирусот, и дека паѓа бројката на заразени сите се опуштија некако, ни раце не мијат како на почеток :ROFLMAO: шо ти прај психата.
 
Абе од кога почнаа да објавуваат дека добро се справивме со вирусот, и дека паѓа бројката на заразени сите се опуштија некако, ни раце не мијат како на почеток :ROFLMAO: шо ти прај психата.

Кое добро жити се,повеќе умираат по болници него што излегуваат од таму.Овие оздравените се се по дома што седеле со лесни или никакви симптоми.Јас веќе почнав да ги базирам умрените според луѓе кој се на респиратор ставени.Значи ако има 13 на вентилатор моментално и поради фактот дека никој не излегол жив од таму а дај боже да се смени тоа значи ке имаме уште 13 смртни во периодот што следи.А како што се дополнува секој ден бројката на луѓе на респиратор :(

Вчера тестирале помалце значи денес автоматски помалце.Денес уште помалце ке тестираат дека недела е и утре ке имаме максимум 10 луѓе заразени и 80 оздравени по дома што се и ајмо сите на кеј и петиции за отварање на кафичите.Барем на отворено (n)
 
Овие дневни статистики од типот 300 теста направени, 20 заразени, тестовиве се обработуваат ден за ден, или тие 20 заболени се од тестовите што ги направиле недела дена порано...прашањето ми е, кога ќе направиш тест, резултатите колку време се чекаат?
 
Овие дневни статистики од типот 300 теста направени, 20 заразени, тестовиве се обработуваат ден за ден, или тие 20 заболени се од тестовите што ги направиле недела дена порано...прашањето ми е, кога ќе направиш тест, резултатите колку време се чекаат?
Најмалку 3-4 дена. Освен за Мицко и Зајко, нивните се обработија за неколку сати.
 
А зошто намалија со бројот на тестови кои се прават?
 
Во петокот направени 728 теста, од нив позитивни 41 или 5.63%.
Вчера направени 335 тестирања, од нив позитивни 19 или 5.67%.
Автоматски споено мислење:

А зошто намалија со бројот на тестови кои се прават?
Со помалку заразени има помалку епидемиолошки анкети и лица наведени во истите. Се тестираат само тие со симптоми и сите нивни контакти.
 
Зачудувачки добро врвиме ако бројкиве продолжат да опаѓаат вака.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom