Дежурна Ординација! #2

Член од
12 декември 2007
Мислења
4.829
Поени од реакции
10.215
Јас си се навикнав на Оки оние Италијанските, за 15 минути како нов. Пијам по пола и ми делува иначе е Кетопрофен 80mg.
Подобро вака отколку цела ноќ да се мачам, а некогаш ни со спиење не поминува.
Џабе ти е, подалеку од него, не се совпаѓа со хороскопските прилики во моментов!! Мене ми препорача докторот овде за јаки главоболки овие таблети горе што ги постирав, ама штом бијонс вели подалеку од нив фрлив се во ѓубре. Друг доктор исто ми препиша чист ибупрофен за увоболка, стварно незнам кој им ги дава дипломиве овде во Германија :(
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.059
Земи есциталопрам (Елицеа) од 10мг а тргни ги другите работи шејкови мејкови вит Ц, Д, остај магнезиум само.
Првата недела делиго на пола значи 5мг пиј дневно, а после продолжи си со 10mg додека не се потроши целата кутија.
Пиј си ги тие месец дена тамам додека се расчисти кризава со коронкава, уживкај си и свиркај си
За што се овие?
Како што гледам овие се за смирување.
Ја пребродив психичката криза, немам никакви напади веќе, остана само болката во кичмата, омалаксаноста и вадењето на крвави парчиња од нос.

Што снимања е препорачано да направам?
Рентген, компјутерска томографија?

Според последниве студии пациентите кои се излекувале од корона, во третата недела имале трнење низ цело тело, какво што имав и јас. Кога се миев со млака вода, како да ме боцкаше некој по рацете. Кај помладите пациенти се зголемил бројот на мозочни удари оо лечењето, ради згрутчување на крвта.

Дали вадењево на закоравени парчиња крв од нос и скоро црната боја на крвта кога правев крвна слика е некој лош знак?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.879
Поени од реакции
42.556

појди на психијатар, најверојатно тие симптоми ти се соматски.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.879
Поени од реакции
42.556
Ми е во план за после коронава.
Сепак, болкиве во кичмава не може да се на нервна база :D
еми од што е? Штом си добар, а имаш симптоми безвеза сигурно е до нешто нели? Во постовиве твои се приметува хипохондрија од километар, и нормално дека ниеден доктор не те сфаќа озбилно. Затоа не чекај корона да помине, појди со време и ти и докторите раат ќе бидете.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.591
Поени од реакции
37.519
Хаха зошто? Инаку не земав ништо, како и секогаш ми помина утредента.У глобала одбивам да пијам таблети, и многу ретко ги конзумирам истите.
... ибупрофен во минатото, а и денес е еден од најприменливите лекови против болки од различно потекло, како и при покачена температура - антиревматик, аналгетик, анитпиретик!
....ибупрофенот денес применлив како самомедикација при разни воспалителни процеси во телото, арно ама праксата од минатото па до денес, клиничко искуство (кај нас) укажа дека ибупрофенот може да го зголеми ризикот од срцеви проблеми и е поврзан со срцев удар, мозочни удари и згрутчување на крвта, споредувајќи го со неговиот бенефит е многу ризично како избор на лек, со многу примери на фатален исход поради честа долготрајна примена!

...ти си ми форумско другарче и затоа ти кажав мое мислење, а инаку другите не мора да го прифатат, таман работа, ова е форум не е ординација!инаку, само да спомнам, дека резултат на препишување на „некој лек“ од докторите, не се базира на нивните дипломи (барем кај многуте) туку маркетиншко влијание на „тој лек“ што многу многу докторот не се заморува со токсичноста, штетното дејство, интеракција, клиничко искуство во нашите болници на истиот лек, кога е во прашање негово спонзорство од тој маркетинг!

...добар лек не се „рекламира“ се рекламира тој што има пад на пазарот и веќе не се применува, па се знае кој финасиски тука трпи, а беше водечки лек, ова почеста појава, на жалост, кај докторите, најчесто матичните да некако не им се гледаат несаканите дејства, ефекти, интеракции, клиники искуства од некој лек, поради тој комерцијален маркетинг трпи поверението на нивните пациенти кои со време ќе увидат можеби дека сум во право да ибупрофен како лек денес треба да се избегнува!
П.С.
...истиот треба посебно да се избегнува денес при пандемија со коронавирус или не треба?
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.027

А шо ќе кажеш за тоа дека не пијам апчиња кога е потребно да се пијат.Не знам коа сум настинат, и да пијам и да не пијам ми поминува за ист одреден период.Исто и коа ме боли глава.
Штетно ли е тоа за во иднина или е поарно од колку да се пијат редовно лекови при такви ситуации.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.591
Поени од реакции
37.519
А шо ќе кажеш за тоа дека не пијам апчиња кога е потребно да се пијат.Не знам коа сум настинат, и да пијам и да не пијам ми поминува за ист одреден период.Исто и коа ме боли глава.Штетно ли е тоа за во иднина или е поарно од колку да се пијат редовно лекови при такви ситуации.
...кој тоа тебе ќе ти направи целосни анализи и испитувања, па да докаже дека во тој момент ти се потребни лекови?
... лекови се пијат кога човекот се наоѓа во животно загрозувачка состојба од нарушеното здравје и кога треба да се помогне на телото кога е немоќно по неколку дена справување со симптомите или директно справување со болеста да дојде во нормални параметри за функционирање (почнувајќи со минимални дози) зошто ако не се зема терапија (лекови) може да дојде до оштетување на функцијата на некој орган т.е. настанува хронично нарушување на здравјето!

...конкретно кај тебе, си имал средно силна гавоболка, и веднаш препорака „ибупрофен“ така? дали знаеш кој е причинителот на таа главоболка за да делуваш таму и главоболката да се повлече? НЕ! имаш општа препоставка на потеклото на главоболката (може то, то , то да биде), а ќе смири лек со општ и поширок индикационен дијапазон на смирување на болката, па сигурно од толку индикации на ибупрофенот ќе погодиме некоја, така? но главоболката е знак на телото дека се случува нешто што тој не може да се справи, ти дава сигнал дека нешто не правиш правилно, а ти „ќе го смириш тој знак“ со земање ибупрофен?

...дали си ја измерил висината на крвниот притисок, па можеби за тоа имаш главоболка? сигурно НЕ!... дали главоболката е причина поради некоја дилатација, мигренозна циркулативна состојба, а ибупрофенот како што делува на коагулација што ако се направи некоја руптура на тој крвен сад?... ама важно да се зема ибупрофенот кој ќе ти го „здрви мозокот“ да не чувствуваш болка... ОК! ама за колку време? саат, два три пет, за да почне повторно да се појави болката кога дејството на ибупрофенот ќе прекине, а телото повторно алармира со болка дека нештото се уште се случува и причината на главоболката се уште е присутна и не е остранета!

... кај тебе освен средно силна галвоболка и ништо друго не си имал, така да еден временски период на едно ноќно преспивање било доволно да твоето тело се справи со главоболката т.е. со причината на таа главоболка и ти сабајле не си ја имал веќе како да не било ништо, со што желудникот, твоите бубрези, јетрата се задоволни дека ете мирно „спиеле“ и не морале да се справат навечер со детоксикација на хемикалијата од ибупрофен, додека ти си спиел!

...и уште нешто запамти, тој кој пие еден лек и кога треба и кога не треба за разлика од тебе на пример, од тој ист лек ќе му треба секогаш дупла доза, за разлика од тебе што ќе ти треба половична доза од тој лек за да се добие ист терапевтски ефект кај двајцата! ;)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.059
еми од што е? Штом си добар, а имаш симптоми безвеза сигурно е до нешто нели? Во постовиве твои се приметува хипохондрија од километар, и нормално дека ниеден доктор не те сфаќа озбилно. Затоа не чекај корона да помине, појди со време и ти и докторите раат ќе бидете.
Не сум целосно добар.
Од носот непрекинато вадам парчиња крв, затнат ми е горе меѓу очите. Ако лежам на грб, се зголемува притисокот во главата, кај очите.
Ова трае МЕСЕЦ дена. Значи не зборуваме за недела дена, туку МЕСЕЦ.
Не сум знаел дека психолошки може да предизвикаш болка во рбетот :D
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.879
Поени од реакции
42.556
Не сум целосно добар.
Од носот непрекинато вадам парчиња крв, затнат ми е горе меѓу очите. Ако лежам на грб, се зголемува притисокот во главата, кај очите.
Ова трае МЕСЕЦ дена. Значи не зборуваме за недела дена, туку МЕСЕЦ.
Не сум знаел дека психолошки може да предизвикаш болка во рбетот :D
Епа замарај доктори, нез друго што да ти речам, и пак на крај до тоа ќе дојдеш :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.059
Епа замарај доктори, нез друго што да ти речам, и пак на крај до тоа ќе дојдеш :)
Да знаев како да си го решам проблемот немаше да пишувам тука :D

Ги направив проверките кои можев да ги направам и приватно, затоа што матичната не сака да ме прими. Ајде, ќе поминеше за недела, ќе поминеше за две недели, ама не помина. Не можам јас да си нагаѓам дали се синуси, дали дали е алергија, секој доктор ти кажува различен антибиотик. Не е работата на ќоро да се лечам. Со оглед на тоа што не сака да ме прегледа и не ми препорачува преглед на други места, прашав тука за искуство или за совет каде би можел да се прегледам приватно.
Ваљда знам да почувствувам кога нешто е до психа, а кога нешто едноставно не е во ред.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.336
Поени од реакции
10.206
... ибупрофен во минатото, а и денес е еден од најприменливите лекови против болки од различно потекло, како и при покачена температура - антиревматик, аналгетик, анитпиретик!
....ибупрофенот денес применлив како самомедикација при разни воспалителни процеси во телото, арно ама праксата од минатото па до денес, клиничко искуство (кај нас) укажа дека ибупрофенот може да го зголеми ризикот од срцеви проблеми и е поврзан со срцев удар, мозочни удари и згрутчување на крвта, споредувајќи го со неговиот бенефит е многу ризично како избор на лек, со многу примери на фатален исход поради честа долготрајна примена!

...ти си ми форумско другарче и затоа ти кажав мое мислење, а инаку другите не мора да го прифатат, таман работа, ова е форум не е ординација!инаку, само да спомнам, дека резултат на препишување на „некој лек“ од докторите, не се базира на нивните дипломи (барем кај многуте) туку маркетиншко влијание на „тој лек“ што многу многу докторот не се заморува со токсичноста, штетното дејство, интеракција, клиничко искуство во нашите болници на истиот лек, ког виула е во прашање негово спонзорство од тој маркетинг!

...добар лек не се „рекламира“ се рекламира тој што има пад на пазарот и веќе не се применува, па се знае кој финасиски тука трпи, а беше водечки лек, ова почеста појава, на жалост, кај докторите, најчесто матичните да некако не им се гледаат несаканите дејства, ефекти, интеракции, клиники искуства од некој лек, поради тој комерцијален маркетинг трпи поверението на нивните пациенти кои со време ќе увидат можеби дека сум во право да ибупрофен како лек денес треба да се избегнува!
П.С.
...истиот треба посебно да се избегнува денес при пандемија со коронавирус или не треба?
Да Ви улетам во моабетот и да си кажам мое искуство со употреба на таблета Блокмакс, нели се користи за температура, има ибупрофен и беше "тазе " излезен лек на пазаров со многу добра реклама на телевизиите.
Едно апче испив оти имав тепмература и болки во мускулите и како што лежев така поспана и омалаксана почнав да се гушам, неможев да дишам и пења, како од сапуница ми излезе на уста....повратив, се борев за воздух и некако се смирив, но грлото толку многу ме печеше како солна киселина да сум испила.

Другиот ден му се јавив на матичниот, му раскажав што ми се случи и он констатира дека тоа ми е од ибупрофенот, дека тој знае да дава лоши реакции.
Таблетитие ги фрлив во канта, никад више.
 
Член од
22 ноември 2018
Мислења
326
Поени од реакции
622
Не сум знаел дека психолошки може да предизвикаш болка во рбетот
Така е, неможеш се да најдеш на интернет, нешто ќе мора и на медицински факултет да научиш, нешто на фармацевтски а и на специјализација нешто
 
Член од
22 ноември 2018
Мислења
326
Поени од реакции
622
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.591
Поени од реакции
37.519
Еве повели прочитај ги препораките на СЗО па кажи ни на сите
... штом си прочитал ти за НСАИЛ во ред е, јас можам да ти дадам токму спротивното од истите СЗО препораки конкретно за ибупрофен, ама ме мрзи да се повторам...барем денес СЗО е дава контрадикторни препораки кои ние ги следиме ...имаше убав пост околу тоа прочитај :
Што научивме од пандемијата (досега) - дел 2:

➡ Не го напуштајте домот во никој случај. Освен во случаите кога мора да го напуштите. Не излегувајте после 21 часот, затоа што тогаш се шири вирусот. Или после 16. Или цел ден. Или после 19. Или 3 дена, затоа што е празник.

➡ Не одете во планина, ни на сонце, ниту на воздух, затоа што така го спречуваме ширењето. Но, слободно чекајте на ред во банка и маркет. Или причестувајте се со исто лажиче. Ама носетете маска додека го правите тоа.

➡ Сите продавници се затворени. Освен оние кои се отворени. И сите продавници мора да останат затворени, освен оние кои мора да останат отворени.

➡ Вирусов е смртоносен. Ама не се плашете - убива само луѓе кои се ранливи и луѓе кои не се ранливи. Или дебели. И слаби. Ама најчесто оние со нарушен имунитет. Освен, во некои исклучоци, кога не се со нарушен имунитет.

➡ Во самоизолација се седи 14 дена. Или 7. Или 10. Или 7 дена од последен контакт со заразен. Или колку сметате дека треба. Освен ако не добиете желба да излезете надвор, на бербер или да се повозите со мотор.

➡ Треба да бидеме во „локдаун“ за да го сопреме ширењето на вирусот. Но, вирусот ќе престане да се шири само кога доволен број од нас ќе се инфицираат, односно, кога ќе изградиме имунитет. Затоа, многу е битно да создадете имунутет, но исто така - многу е битно да не се инфицирате.

➡ Владата ќе ви помогне финансиски. Освен, во случаи кога не ги исполнувате условите - тогаш не ви следува помош. Освен ако не сте религиозна организација. Тогаш ви следува помош иако не плаќате данок. Помошта е најчесто за оние кои работеле лошо и имале загуба. Зашто оние кои работеле добро и го полнеле буџетот не им треба помош. Ќе се снајдат.

➡ Следните 2 недели се клучни. Или тие после нив. Или следниот месец. Или после пикот. Или следните 30 вонредни дена.

➡ Кризата чини пари, па затоа мора да се штеди. И донациите од приватниот сектор се битни. Кој реално не добива помош од државата.

➡ Солидарноста е битна, па затоа мора да се одложат кредитите за 6 месеци. Но, затоа ќе ви ги наплатиме дупло ратите за тие 6 месеци. Затоа е што немате пари, но ќе имате, затоа што не плаќате рати.

➡ Исто така, нема потреба да се намалат платите на администрација, затоа што администрацијата е битна. Иако, не одат на работа. Исто така, затоа што секој денар е битен, битно е ФИТР да спрчка што повеќе пари на „дигитални решенија за справување со коронавирусот“ кои никој нема ни да ги види.

➡ Не треба да одите на лекар или во болница освен ако не мора стварно да одите. Или, кога сте премногу болни за да отидете во болница.

➡ Битно е да се тестирате. Иако, за закажано тестирање се чека по неколку недели. Значи не е битно. Битно е да сме здрави и живи.

➡ Вирусот не е опасен за деца. Освен за оние деца за кои е опасен.

➡ Вирусот останува активен на различни површини 2 часа. Или 4 часа. Или 7 часа. Но, во повеќето случаи останува со денови, а не часови, му треба топла атмосфера. Или ладна атмосфера која е топла и сува. Во воздухот. Освен ако воздухот не е направен од пластика.

➡ Училиштата се затворени. Па, мора да ги едуцирате децата сами дома. Освен, во случаите кога не сте дома. Или може да ги едуцирате онлајн. Освен кога имате 2 или повеќе деца. Или тапа интернет. Или само еден компјутер. Или истовремено работите од дома.

➡ Маските се бескорисни во заштита од вирусот. Но, сепак мора да ги носите. Или да носите шал. Кој исто така е бескорисен. Ама, штити колку-толку. Затоа што може да спасите нечиј живот. И да се чувствувате како херој. Дури и кога не сте. Носењето на маски во некои случаи е задолжително. Или нема потреба да биде. Освен ако е на во јавен простор, Или во автомобил. Ако сте од Тетово, маските воопшто не се потребни, затоа што тетовчани не кашлаат.

➡ Не треба да одите на работа. Освен во случаи кога останете без работа, па ќе најдете друга работа која можете да ја работите. Пример, од некој бизнис кој има дозвола за работа. Како во фабрика. Или на скеле.

➡ Останете дома. Бидете херој. Не знам колку уште видеа со познати личности треба да ви кажат дека така спасувате животи. И дека е добро да се излезе надвор, затоа што тоа помага во одржување на имунитетот и менталното здравје.

➡ Животните не можат да се заразат. Освен тигрите. И по некое куче. Или мачето од Белгија.

➡ Лајв стримови и пресови мора да има секој ден. Така се одржува популарноста. И Lide Lide конечно ќе си најде дечко.

➡ Бројот на инфицирани, закрепнати и умрени ќе ги објавуваме дневно. Но, не знаеме колку точно се инфицирани затоа што ги тестираме само тие кои се речиси мртви, за да утврдиме дали умреле од коронавирус. Исто така, 26 од 28 излекувани се „лекувани“ во домашни услови. Гледате, здравството функционира исто како вас. Од дома.

✔ И секако, фала ви на сите PR експерти што ја држите ситуацијата под контрола. Епидемиолозите се најмалку битни во приказнава. Се гледаме на врвот!
П.С.
дали си засегнат за потрошувачка на НСАИЛ за повисок износ на твојата плата, на пример на напроксен да речеме?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom