Подеднаков за која болест?
Зборуваш за вирусов дека убива лица со компромитиран, срозан имунитет и исто толку со јак имун систем?
Како ќе настапи цитокинска бура кај лица со срозан имунитет бе луѓе, како?
Имав во потесна фамилија смртен случај поради тешки автоимуни реакции, ме погодува директ во плексус вакви муабети, не пишувајте само колку да се пишува нешто.
Не е подеднаков проблем во никој случај, затоа што постои екстремна разлика во бројот на упокоени од категоријата која се нарекувала "стари и изнемоштени лица", наспроти оние кои имаат некомрпромитиран имун систем, т.е. младите лица. Дали ќе има и помлади жртви од 65+, да, секако, но статистички скоро и да не постојат.
Во Кина 91% од умрените било со сериозно компромитиран имун систем како резултат на разно-разни хронични па и акутни болештини, каков е тоа еднаков проблем.
Пак да прашам, при толку паника, хистерија, манија, уште од фрижидер што не излегува репортер кој стои покрај рандом куќа каде се претпоставува дека има заразено лице, сега има доволно заразени за да се направи некаква статистика за РСМ, дали постои нешто, освен географската што и не е некој подвиг да се евидентира...старост, состојба на имуниот систем, дали биле хронично болни и од што, или само Хер Флик ќе излезе и ќе каже цифра и како "ние работиме нешто"
Ако сериозно им давале интерферон, не знам што да кажам, Менгеле врати се, простено ти е...