Стоицизам

  • Креатор на темата Креатор на темата Almeida
  • Време на започнување Време на започнување
„Повеќе работи нè плашат, Лусилиј, отколку што нè повредуваат и ние страдаме повеќе во нашите мисли отколку во реалноста“ - Сенека, обраќање во писмо до еден свој пријател.

Возење на клик, познаник преку лајк, секс на "swipe", популарност на дофат на вашата рака. Светот никогаш не бил побрз и поповрзан меѓу себе, а истовремено луѓето никогаш не биле повеќе вознемирени и осамени. Низ целата историја на човештвото, сите проблеми се појавиле како последица на недостигот, додека, пак, проблемите на современиот свет се предизвикани од изобилството. Додека човештвото со децении открива нови начини за поврзување и забрзување на животот, денес сонуваме за моменти на тишина, без звуци на известувањата, неотворени пораки и бескрајни групни разговори.

Затоа и не изненадува што сè повеќе луѓе бараат мир од технологијата и од своите конфузни мисли, а многумина од нив тоа прибежиште го наоѓаат во едно од најголемите и најзначајни антички филозофиски учења - стоицизмот.

Стоицизмот како филозофски правец потекнувал од III век п.н.е., негов основач бил Зенон од Китиум, додека негови најистакнати претставници биле Сенека, Епиктет и Марко Аврелиј, а подоцна бил забранет од царот Јустинијан, кој пошол од својата лична проценка дека како паганско учење, тој бил против христијанството.

Без да навлегуваме во специфичните насоки на стоичката мисла, во самите основи на оваа школа лежи вербата дека човекот треба да живее во склад со природата, дека светот функционира врз принципите на логиката, (монистичката) физика и (натуралистичката) етика и дека тоа богатство бара одрекување од бескрајните нагони и желбите за задоволство, како и стравот. Накратко, според стоиците, ќе бидете среќни и спокојни ако живеете во моментот, ако сте свесни за неминовниот тек на времето, истото не го трошите залудно на грижа за нештата кои сè уште не се случиле и живеете во согласност со највисокото добро - доблеста. Основните стоички доблести се разумноста, умереноста, храброста и праведноста.

Иако терминот „стоик“ деновиве се користи колоквијално за луѓе кои успеваат да останат мирни при соочувањето со предизвиците кои се резултат на стресот, провокацијата и другите надворешни фактори, стоицизмот нуди и многу други попрактични совети.

Постои приказна дека Катон Помладиот т.н. „идеален стоик“, излегувал и се социјализирал во својата секојдневна облека, на тој начин изложувајќи се на потсмев и подбивачки коментари. Притоа, на тој начин тој учел да биде поотпорен на реакциите на околината и да се подготви за некои поголеми потешкотии и предизвици кои неизбежно ги носи животот.

Практичниот совет на стоиците е: „од време на време, доброволно изложувајте се на болка, за да видите дека можете да издржите многу повеќе отколку што мислите и да бидете подготвени за идните животни предизвици.“

На истата линија е и доброволното откажување од, на пример, храната - многу религии исто така содржат практицирање на постот во различни форми и ова е само една форма за подготовка на телото и умот за евентуалната сиромаштија и тешки животни околности.

Стоицизмот исто така содржи и еден исклучително корисен совет: „бирајте ги мудро и рационално вашите битки“. Постојат работи на овој свет коишто можете да ги контролирате и кон кои треба да се стремите, но има и некои кои се апсолутно вон вашата контрола. Разликувањето помеѓу овие две категории може да ви заштеди многу скапоцено време и енергија, а помирувањето со фактот дека над некои работи едноставно не можеме да влијаеме е многу ослободувачко спознание.

Претходните совети звучат прилично очигледно и интуитивно, што во најголем дел коинцидира и со најголемите мудрости во светот. Една таква мудрост, која им се припишува на различни автори во различни верзии, вели дека нашите животи ќе бидат такви какви што се и нашите умови.

Јадрото на таа лекција е исто така содржано во стоичкото учење според кое не треба да имаме илузии за светот околу нас, затоа што тоа нужно води кон разочарување, туку разумно да размислиме за реалноста онаква каква што е. Имено, околу нас постои реалниот свет и постои начин на кој ние размислуваме и го обмислуваме него, а во зависност од реалистичноста на нашите мисли, ќе се чувствуваме добро или лошо, но она што е од суштинско значење е овие чувства да не се темелат на илузии.

Ова е и една од идеите коајшто ја претставува и основата на релативно новиот правец во психотерапијата - рационална емоционално бихејвиористичка терапија (REBT), која станала исклучително влијателна уште од 1950-тите години и во моментов е сè попопуларна и зема сè поголем замав во светот. Нејзиниот основач, Алберт Елис, ја замислил и втемелил РЕБТ во голема мера под влијание на стоицизмот.

Современиот стоицизам (различен од филозофскиот правец на неостоицизмот од XVI век), во разни форми, се развил во XX век, преку обновен интерес за античката школа која се заснова на мислите. Една од најголемите дистинкции со класичниот стоицизам е онаа која се однесува на императивите на животот во природата, кои многу потешко се изведуваат во денешното време, така што, модерниот стоицизам бара да ги помири античките идеи со реалноста на современиот свет.

Современиот стоицизам привлече поголемо внимание на медиумите и јавноста откако започнаа првите големи организирани настани поврзани со него во 2010 година.

Недела на стоицизмот - интернет настан кој собира илјадници луѓе на едно виртуелно место:

Еден од најголемите настани кој ги собира стоиците и сите оние кои се заинтересирани за оваа тема, почнувајќи од 2012 година па наваму, е неделата на стоицизмот. Ова е онлајн работилница која ги предизвикува своите учесници да живеат една недела како стоици. Започнала како курс за студентите по филозофија, но привлекува сè повеќе луѓе од година во година, а многу од нив меѓусебно ги споделуваат своите искуства од стоичкиот начин на живот.

Покрај онлајн заедницата, постојат и офлајн собири - годишните настани на Стоиконот, кои се организираат во Лондон и Њујорк и коишто воглавно се насочени кон примената на стоицизмот во секојдневниот живот.

Реконструкција во колор на Стоа Поикиле или „шарената стоа“, која тука веќе беше спомената, а од чиј назив потекнало и името на овој филозофски правец.

stoa.jpg.png

Стоиконот:

Некои од основните постулати на античкиот стоицизам.

Последно уредено:
„Повеќе работи нè плашат, Лусилиј, отколку што нè повредуваат и ние страдаме повеќе во нашите мисли отколку во реалноста“ - Сенека, обраќање во писмо до еден свој пријател.

Возење на клик, познаник преку лајк, секс на "swipe", популарност на дофат на вашата рака. Светот никогаш не бил побрз и поповрзан меѓу себе, а истовремено луѓето никогаш не биле повеќе вознемирени и осамени. Низ целата историја на човештвото, сите проблеми се појавиле како последица на недостигот, додека, пак, проблемите на современиот свет се предизвикани од изобилството. Додека човештвото со децении открива нови начини за поврзување и забрзување на животот, денес сонуваме за моменти на тишина, без звуци на известувањата, неотворени пораки и бескрајни групни разговори.

Затоа и не изненадува што сè повеќе луѓе бараат мир од технологијата и од своите конфузни мисли, а многумина од нив тоа прибежиште го наоѓаат во едно од најголемите и најзначајни антички филозофиски учења - стоицизмот.

Стоицизмот како филозофски правец потекнувал од III век п.н.е., негов основач бил Зенон од Китиум, додека негови најистакнати претставници биле Сенека, Епиктет и Марко Аврелиј, а подоцна бил забранет од царот Јустинијан, кој пошол од својата лична проценка дека како паганско учење, тој бил против христијанството.

Без да навлегуваме во специфичните насоки на стоичката мисла, во самите основи на оваа школа лежи вербата дека човекот треба да живее во склад со природата, дека светот функционира врз принципите на логиката, (монистичка) физика и (натуралистичка) етика и дека тоа богатство бара одрекување од бескрајните нагони и желбите за задоволство, како и стравот. Накратко, спорес стоиците ќе бидете среќни и спокојни ако живеете во моментот, ако сте свесни за текот на времето, не го трошите залудно на грижа за нештата кои сè уште не се случиле и живеете во согласност со највисокото добро - доблеста. Основните стоички доблести се разумност, умереност, храброст и праведност.

Иако терминот „стоик“ деновиве се користи колоквијално за луѓе кои успеваат да останат мирни при соочувањето со предизвиците кои се резултат на стресот, провокацијата и другите надворешни фактори, стоицизмот нуди и многу други попрактични совети.

Постои приказна дека Катон Помладиот т.н. „идеален стоик“, излегувал и се социјализирал во својата секојдневна облека, на тој начин изложувајќи се на потсмев и подбивачки коментари. Притоа, на тој начин тој учел да биде поотпорен на реакциите на околината и да се подготви за некои поголеми потешкотии и предизвици кои неизбежно ги носи животот.

Практичниот совет на стоиците е: „од време на време, доброволно изложувајте се на болка, за да видите дека можете да издржите многу повеќе отколку што мислите и да бидете подготвени за идните животни предизвици.“

На истата линија е доброволното откажување од, на пример, храната - многу религии исто така содржат практицирање на пост во различни форми и ова е само една форма за подготвувка на телото и умот за евентуалната сиромаштија и тешки животни околности.

Стоицизмот исто така содржи и еден исклучително корисен совет: „бирајте ги мудро и рационално вашите битки“. Постојат работи на овој свет коишто можете да ги контролирате и кон кои треба да се стремите, но има и некои кои се апсолутно вон вашата контрола. Разликувањето помеѓу овие две категории може да заштеди многу вредно време и енергија, а помирувањето со фактот дека над некои работи едноставно не можеме да влијаеме е многу ослободувачко спознание.

Претходните совети звучат прилично очигледни и интуитивни, што во најголем дел коинцидира и со најголемите мудрости во светот. Една таква мудрост, која им се припишува на различни автори во различни верзии, вели дека нашите животи ќе бидат такви какви што се и нашите умови.

Јадрото на таа лекција е исто така содржано во стоичкото учење според кое не треба да имаме илузии за светот околу нас, затоа што тоа нужно води кон разочарување, туку разумно да размислиме за реалноста онаква каква што е. Имено, околу нас постои реален свет и постои начин на кој ние размислуваме и го обмислуваме него, а во зависност од реалистичноста на нашите мисли, ќе се чувствуваме добро или лошо, но она што е од суштинско значење е овие чувства да не се темелат на илузии.

Ова е и една од идеите што претставува основа на релативно новиот правец во психотерапијата - рационална емоционално бихејвиорална терапија (REBT), која станала исклучително влијателна уште од 1950-тите години и во моментов е сè попопуларна и зема поголем замав во светот. Нејзиниот основач, Алберт Елис, ја замислил и втемелил РЕБТ во голема мера под влијание на стоицизмот.

Современиот стоицизам (различен од филозофскиот правец на неостоицизмот од XVI век), во разни форми, се развил во XX век, преку обновен интерес за античката школа која се заснова на мислите. Една од најголемите дистинкции со класичниот стоицизам е онаа која се однесува на императивите на животот во природата, кои многу потешко се изведуваат во денешното време, така што модерниот стоицизам бара да ги помири античките идеи со реалноста на современиот свет.

Современиот стоицизам привлече поголемо внимание на медиумите и јавноста откако започнаа првите големи организирани настани поврзани со него во 2010 година.

Недела на стоицизмот - интернет настан кој собира илјадници луѓе на едно виртуелно место:

Еден од најголемите настани кој ги собира стоиците и сите оние кои се заинтересирани за оваа тема, почнувајќи од 2012 година па наваму, е неделата на стоицизмот. Ова е онлајн работилница која ги предизвикува своите учесници да живеат една недела како стоици. Започнала како курс за студентите по филозофија, но привлекува сè повеќе луѓе од година во година, а многу од нив меѓу себе ги споделуваат своите искуства од стоичкиот начин на живот.

Покрај онлајн заедницата, постојат и офлајн собири - годишните настани на Стоиконот, кои се организираат во Лондон и Њујорк и коишто воглавно се насочени кон примената на стоицизмот во секојдневниот живот.

Реконструкција во колор на Стоа Поикиле или „шарената стоа“, која тука веќе беше спомената, а од чиј назив потекнало и името на овој филозофски правец.

Прегледај го приврзокот 246686

Стоиконот:

Odlicno... ova treba da odi pod vovedniot post....
 
Odlicno... ova treba da odi pod vovedniot post....

Преземено и со недоделкан превод од некој српски сајт, заборавив да напоменам, а Стоа Поикиле сме ја изучувале попатно по уметност.
 
statoicizmot e filozofija da se zivee vo sklad so prirodata ba za @BenDover zosto koristis net zosto vozis avtomobil ,zosto trguvash so pari ??zivej obrabotuvaj ja zemjata i rani se od nea kako ima kako se vikaa onie vo amerika sto nesakaat sovremen svet so seshirine i bradite a i uci za ljubov,tragedija,strav ne samo mi copy pasta definiraj glavno i sporedi se -ne dali ziveeme eden bar od cel svet vo sklad so prirodata i toa sto ni go dava a diplomiran ???? odgovori na mene seljakot sto sum proizveduval tonazi proizvodi zemjodelski ??? ajmo soichu :D
 
Na ova denesno vreme najtesko e da zivees vo segasniot moment i bez strav, toa e cel na site sto go razbiraat vnatresniot svet....
Inaki ovde vo nasiot region nad 90% ziveat vo nadvoresniot svet nesvesno i so site vidovi na strahovi posebno strahot na siromastija e vlezen vo sekoja pora od opstestvoto ( alcnost, mito korupcija, krienje pari vo banki a zivee kako partal) ili strav od kritika(sto ke kazat drugite ili moram da go imam ova da mr vidat kolki sum jak.....
Jas veke 1 godina sum navlezrn dlaboko vo personal development i rabotam na sebe...ama da izvadis strav e nesto najtesko sto mozes da napravis, borba so samiot sebe inaki da zivees svesno mozes so pomalku napor.....
Inaku 100% se soglasuvam so stoicizmot ama da zivees i vo nekoka nijansa spored nego treba teska disciplina i vreme zatoa oni go pocinaat uste mali.
 
statoicizmot e filozofija da se zivee vo sklad so prirodata ba za @BenDover zosto koristis net zosto vozis avtomobil ,zosto trguvash so pari ??zivej obrabotuvaj ja zemjata i rani se od nea kako ima kako se vikaa onie vo amerika sto nesakaat sovremen svet so seshirine i bradite a i uci za ljubov,tragedija,strav ne samo mi copy pasta definiraj glavno i sporedi se -ne dali ziveeme eden bar od cel svet vo sklad so prirodata i toa sto ni go dava a diplomiran ???? odgovori na mene seljakot sto sum proizveduval tonazi proizvodi zemjodelski ??? ajmo soichu :D
Тотално несватено Калимеро... ова што го зборуваш е назад кон природата.... зборуваме за перцепција на законите во природата, својата природа и соодветна акција во склад со таа природа.

Туку и мора да се спомене живеењето во моментот.... лоша дефиниција која произведува хедонисти и хипици... живот од денес за утре.... а се работи за фокус во дадениот момент со смирена емоција.... да се биде присутен...

Пример... хипотетички... @Ron Burgundy е ЦЕО на компанија... тој мора да планира стратегии, пласман, наплата, плати и така натаму... Рон е присутен во моментот, на планирање на иднина, за да ја испланира добро треба да размислува трезвено, логички и со фокус на прчинско-последичните односи на нештата... Рон тоа го може бидејќи ја смирил емоцијата, не се предава на загриженост, неговиот мозок не прави црни сценарија туку има фокус.

После работното време Рон си оди дома, ја остава работата во канцеларијата а дома го живее моментот на присутност со фамилијата, поминување на време со децата... игра со нив.... е посветен на своето семејство...
 
Последно уредено:
toa e definicija na statoitizmot proveri sam od kaj gi kopiras ovie pasiusi wikipedija za mene toa od moja gledna tocka bi go definiral vaka kako popularnite sega tetovazi drvo na zivotot tuka okolu rastenijata i drvoto se e vo krug raste ide esen pagaat listovite toj se hrani od nivniot humus od prirodata od dozdot ,sonceto duri i stvara fotosinteza ti dava i tebe i mene zivot ,a nie ja nistime procitaj ja definicijata da zivees vo sklad so prirodata ne da ubivas za kozna tasna i seces drva za ubav lezaj i komoda
Автоматски споено мислење:

za @BenDover od tvojata riznica WIKIPEDIJA
Основното мото на Стоиците е „да живееме во склад со природата“. Мудриот човек живее во склад со природата и со сопствената причина , затоа што на тој начин го постигнувамирот на душата . Најзначајните доблести се разумноста , праведноста и умереноста . Тие веруваа дека човекот треба да им се спротивстави на импулсите што создаваат loveубов ,страст , омраза , страв , болка и сл. Друга позната стоечка изрека е „благословена е оној кој е задоволен од она што го има“.
 
da... ova go ima na mojata riznica Vikipedija... drugo?
 
znaci statoticite se sprotistavuvaat na inpulsite nagon kon ljubovta,strasta,drugoto go opravduvam i blagosloven e onoj koj e zadovolen od ona sto go ima nivna izreka ,togash zosto ne ziveeme vo sklad so toa sto ni go dava prirodata ,zosto,ljubomori,pljacki,borba za prestiz ,zabrana za impulsivnos kon ljubov i stras toa se statoticite ???begstvo od selo vo grad,od tatkovina za prestiz za pari a zivej vo sklop so prirodata i bidi blagosloven na toa sto go imash ,neka sadat tutun,ne go kupuvaat od pari zaraboteni so magla seenje
 
Последно уредено:
дали она стоик е колозов кога вика пиј си тутун пиј си каве азното само ќе си дојди, додека жена му го гледа како чукнат да е?
Ne... toa e Jogito vo paralelen univerzum u koj sho se ozenil....
 
дали она стоик е колозов кога вика пиј си тутун пиј си каве азното само ќе си дојди, додека жена му го гледа како чукнат да е?

не, стоик е кога на цела мака и неправда што му нанесува кадијата, кога е прашан како си, он одговара со бериќатфорсан.
 
... еве слушнете ги повторно ( и прочитајте) неколкуте важни принципи од стоицизам, (што всушност беше и мојот вчерашен пишан и избришан пост), разбирливо за сите!

Стоиците ја делат филозофијата на три дела: физика, етика и логика, но тие овие дисциплини ги доведуваат во одреден внатрешен однос. Стоичарите мудроста ја нарекувале знаење за божествените и човечките ствари, а филозофијата вежба за корисни вештини, а корисна е во најголемите мерни способности; три најопшти способности: физичка, етичка и логичка. Со тоа и филозофијата има три дела: првиот физички, вториот етички и третиот логички. Физичкиот ја испитува вселената и стварите што се случуваат во нејзе, етичкиот дел го испитува човечкиот живот, а логичкиот, кој и се нарекува дијалектички, го испитува поимот. Со оваа поделеност се сложувал и Клеант, правдајќи се дека, секоја филозофија има работа со субјект кој сознава (логика) или со објективниот свет и тоа колку изучува што стварно постои (физика) или што треба да постои (етика).

Стоичарите, тежиштето на филозофијата, нејзината вистинска задача, ја ставаат на етиката. Главната задача на човечкиот живот, се состои во практикување на моралните начела во животот: „Живеј човеку, не само да јадеш и да пиеш, туку животот да го употребиш на добар начин“. Анеј Сенека ја дефинира филозофијата како studium virtutis, sed per ispam virtutem („Тежнеење кон добрината, но само добрината“). Аристон Хијанин не ги уважувал физиката и логиката, говорејќи дека првата ја надминува нашата снага, а за другата нас не ни е гржиа, само етиката доаѓа во обѕир за нас. Според Панетиј секоја должност која се однсеува на човечката должност поважна е од онаа која се однесува на науката. За Епиктет етиката е почеток и крај на филозофијата.

Од трите филозофоски дисциплини првенствено припаѓа етиката. За логиката, стоичарите велат, мора да се занимаваме да можеме за тоа што го правиме да донесеме правилни судови и заклучоци, а физиката т.е. проучување на природата за да можеме „според природата“ да живееме.

Можам и да напишам за физиката нивна, логиката и етиката, ама ако не ме мрзи. Не знам шо толку се опсесирате со стоиците. Ко да нема слободна волја па на нив се префрливте. Корисно ти е нивното учење ако си студирал филозофија ко мене, надвор од то немаш никаква примена. Не освен ако планираш да магистрираш и докторираш за нив и аргументираш зошто веруваш дека е то така ко шо велеле тие. Фали уште на Платон сега сите да се наврта и да цитираат од негојте книги „Тимај“, „Фајдон - За душата“, „Федар - За убавината“, „Гозба“, „Менон“ и т.н.
 
Опсесирање само со еден систем на знаење или верување НЕ, опипување на различни, кроење на свој на база на проверка на повеќе... еклектизам... практична лична проверка... ДА.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom