Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Македон91
  • Време на започнување Време на започнување
некои го прогласија крокодилот за најефикасно оружје во Војната
 
92763391_10222851652585349_7113574076882354176_o.jpg
 
Ја пребарав оваа тема и таа за тенкови и тенковски операции, не беше споменато ништо за Goliath tracked mine. Импресивен и револуционерен концепт во времето на војната, иако без некој познаечаен успех и улога. Од временска дистанца гледано, уште еден обид на Германците во потрага по wonder weapon.

Во случаевите кога непријателот успевал да го прекине кабелот, толку било од Голијатот.
 
некои го прогласија крокодилот за најефикасно оружје во Војната

Имало куп случаи кога Черчилите само прскале смеса/напалм во противнички бункери и ровови без да активираат пламен, и знаејќи што следи, германците се предавале. Оригиналниот банкер-бастер :D Прв пат мислам кај Верден германците почнале да употребуваат но класично, со војник опремен со фламенверфер. Крајно ефикасно но и крајно сурово оружје, нешто како нагазни мини и слични ѓаволови играчки...
Автоматски споено мислење:

Ја пребарав оваа тема и таа за тенкови и тенковски операции, не беше споменато ништо за Goliath tracked mine. Импресивен и револуционерен концепт во времето на војната, иако без некој познаечаен успех и улога. Од временска дистанца гледано, уште еден обид на Германците во потрага по wonder weapon.

Не било ова дел од Вундевафен, ова било мех, обид да се уништи противник во урбани услови.
Подоцно доаѓаат чудесиите кои требало да ја свртат среќата за Рајхот, но освен Ме-262, В-1 В-2 од некаде, останалото било too much too late а некои се граничеле со лудило (Хе-162 Фолксјегер, Бахем Ба-349 Натер).
Советите имале одговор на Голиат а тоа биле пци со залепени ПТ мини кои требало да се вовлечат под немачки тенк и тогаш да ги активираат магнетски. Несреќата била што кучињата ги дресирале на Т-34 со лажни мини па кога дошло време да уништуваат Пантери, тие повторно си се вовлекувале под Т-34, автогол :D
 
Последно уредено:
На осми мај 1945 година, кога луѓето во целиот свет го славеле крајот на Втората светска војна, една мрачна личност планирала започнување на Трета светска војна. Иако мастилото на документите со кои е потврдена капитулацијата на Германија не било исушено, британскиот премиер Винстон Черчил го замолил својот воен кабинет да состави план за напад на Советскиот Сојуз.

Што е фер, и од другата страна имало идеи да се излезе на Ла Манш... :)
Среќа на избори пар месеци после крај на војната Черчил и ториевци биле прегазени од лабуристите со Етли и така ништо од оперејшн антинкабл.
 
Квиз:

Белгија, јануари, 1945-та
американски џип

- За што служи напред вертикалната шипка на џипот? (ќе ја наречам шипка)
94316645_2815752668472526_3805460935447937024_n.jpg
 
Квиз:

Белгија, јануари, 1945-та
американски џип

- За што служи напред вертикалната шипка на џипот? (ќе ја наречам шипка)
94316645_2815752668472526_3805460935447937024_n.jpg
За заштита од замка со жица, да не им ги откине главите на војниците, бидејки обично ветробранот бил спуштен.
 
За заштита од замка со жица, да не им ги откине главите на војниците, бидејки обично ветробранот бил спуштен.
Taка е, германските диверзанти за ова, често користеле жици од клавир.
 
Квиз:

30.04.1945 Германија
20.000 германски војници од една (намерно не кажувам која) дивизија се предаваат на која војска?
94572709_3033280533381708_5820890638496825344_o.jpg

бразилска
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom