Феминизам!

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
„Секој Пиун може да стане Кралица“
„Секоја партија шах завршува со матирање на кралот“

Шала на страна.

Феминизмот беше ОДЛИЧНА појава. Си ја заврши работата.Во сите современи општества веќе и сиромашните мажи и сиромашните жени имаат еднакви права.
Да, потребен е феминизмот, во земји како Индија, Пакистан, Иран, Саудиска Арабија итн.Но во Европа или Сад да кажеш дека треба феминизам е тотално no sense... Феминистичките здруженија (особено тие во САД) се борат за родова превласт а не за еднаквост.
Еднаквоста веќе ја има. Жално е само што умре „каваљерството“. Жално е што изумреа џентлмените и дамите.
Ама јебига, сами сме си криви. И мажите и жените. Дозволивме некој неебани индивидуи (и мажи и жени) да замачкаат очи и да си лечат комплекси користејки „неедуцирана“ или „проста“ раја да перат мозок и креираат лажна слика. Само за да можат да си ја излечат нивната фрустрација.
Останува тажната и горчлива фактичка вистина дека, сепак, во неедуцираните и посиромашни средини во светот, па и кај нас, сè уште преовладува надмоќта на стапот и ќотекот, над „непослушните“ и непокорни на мажите жени, и само ради тие исклучоци вреди секоја кауза и борба за феминистичките права, која всушност е произлезена како реакција на доминатнниот машки светоглед и начин на обликување на вистината во светот.
 
Последно уредено:

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
„Секој Пиун може да стане Кралица“
„Секоја партија шах завршува со матирање на кралот“
Постојат и реми краеви, пат.... Кралицата е најмоќна фигура заради тоа што крал не може без кралица....а кралицата му е "слабост". Дури и на жените им е чудно што во секоја здрава врска мажот ја дели па дури и дава поголема моќ на жената.....едноставно така стојат работите. Секој обид да се наруши оваа состојба на баланс резултира со дисфункционалност.
Жените не се добри во шахот од истите причини за кои не се добри во лов на пример.....она што е релативно непозната територија за нив е стратегија.....тука не мислам на стратегија кој би била апликативна во реален живот....не. Тука они доминираат. Зборувам за стратегија во некои сфери каде владее апстрактното....таму жените не ги бива.
Еве нов мотив за дебата :noze:
 
Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
ма ич не ме боли кур
Доста е више мушка превласт у светов.

Сакам од утре на фронтон у Сирија и Афганистан 50% од војската на наша страна да бидат жени (АлКаедаИСИС што сакаат нека праат). У рудник и на градилиштава - исто.
21-ви век е и полово нееднаква застапеност е недозволлива.
Па обиди се да протнеш ти низ фиктивниот твој отвор за репродукција бреме со тежина од цирка една просечна лубеница, без никакви кенкања и приговори, па можеби потоа и ќе правиме муабет и ќе мрчиме за некаква номинална „рамноправност“ меѓу половите. Дотогаш, земи ги предвид и жртвите на жените кои се многу реални и коишто тие индиректно, но сепак многу реално, во огромен број ги положиле во многубројните војни низ човечката историја.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.372
Поени од реакции
79.221
Дали тоа овде некој инсинуира нееднаквост?

машки шовинист, вероватно
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Ама не се предмет на ова истражување. Ова истражување, колку шо разбрав, се води по ЕLO рејтингот и Худини. Ги отфрла сите други претпоставки, па во заклучокот останува на стереотипите, значи веројатно се повикува на некое претходно(истражување).

Нигде не пишав „политичка“. Идеолошка, можеби, ама како анегдота, особено на повикувањето на „gender wage gap“ како можно објаснување. Тоа шо мене ми е овде нејасно, е како со Худини и анализа на партии дошле до тој заклучок? Не видов број на интервјуирани жени, како им го мереле пулсот, отчукувањата на срцето додека играле, намалување на зеници и сл...може сум ги прескокнал, а може и нема такво нешто и е шпекулација. Има у правото една олеснителна околност кај непресметливоста, се вика привремена душевна растроеност, па преку неа може и да се ослободи човек од вина. Затоа и викам дека кога веќе не приложиле конкретни анализи на овие појави, туку се повикуваат на нив како единствено (за нив) логично објаснување, тоа можеби го прават од идеолошки побуди, оти ја не ја знам равенката за стереотип, не знам кој симбол у пресметкиве е, па затоа викам ненаучна. Може и е confirmation bias бe, гледаат дека не можат да најдат било какво објаснување за таквата разлика во quality of play, ама за нив мора да има некаква непресметливост за агендата да може да се протне. Зошто да не? Или и ти имаш confirmation bias, па дури и самиот ова објаснување за привременава душевна растроеност кога се натпреваруваат го преформулираш во афективност, љубов и гушкања?
И аман, не мислам дека жените се полоши од мажите затоа шо се жени. Мислам дека жените се полоши од мажите затоа шо се малку. Нема player base. По стоти пат веќе.
Феномените што ги наведов не се доволно силни како привремената душевна растроеност, но функционираат на тој принцип. Ја не сметам дека само оваа студија го потврдува ова. Има многу други студии кои го потврдуваат истото за различни работи, мојот заклучок го базирам на доста прочитана литература, ваљда знаеш дека не зборувам напамет за овие работи. Не ги виде бројките бидејќи не си стиснал на download this paper за да го прочиташ целиот труд. Таму имаш и како се праеле тестовите, како се мерело све и сл.
Не е тоа confirmation bias, кога некој пробува абдуктивно да објасни студија и резултати од студија. Confirmation bias е кога ти имаш одредено верување, а потоа бараш само докази кои ќе ти го потврдат. Кога имаш определени докази, а резултатите потврдуваат одредена теза и/или формираш теза врз база на доказите, тоа е научно валиден абдуктивен пристап (некогаш може да премине во texas sharpshooter fallacy, ама тоа е форма на апофенија).
Confirmation bias би било кога јас би верувал дека сите крави се црни, па ќе барам црни крави за да го докажам тоа, но ќе ги игнорирам белите крави.
Ако ја најдам црни крави и речам дека сите крави се црни, тие црни крави се докази за мојата теза. Доколку би ги игнорирал белите крави, тоа ќе биде confirmation bias, а авторите на студијата не го прават тоа.

Можда не мислиш дека жените се полоши од мажите пошто се жени, но мене ми се сочини така. Можеби грешам. Причина за тоа е дека не сум начекал пост од тебе кој некогаш кажуе нешто вредно и позитивно за жените контрасно на шовинистиве овде, а секогаш си стоел на линија со личности кои имаат стереотипи за жените. Ја, на пример, честопати сум кажувал работи кои се контрасни со шовинисти, но сум кажувал и работи што се контрасни со милитантните феминисти (ко Тито :D ) бидејќи, барем пробувам, да ги согледам фактите колку што може понепристрасно. Некои од фактите не се на линија со шовинистите, други не се на линија со милитантните феминисти. Али можда грешам за твојата позиција. Впрочем, ја само ти го одговорив прашањето зошто жените се полоши у шах. Ти после рече дека не ја читаш студијава бидејќи е идеолошка пропаганда, а ја ти објаснив зошто не е. Јас искрено веруем дека твоите, попрецизно, идеолошки ставови те спречуваат да гледаш објективно на работите, не ти го кажувам тоа за да те нападнам или слично и верувам дека си пристрасен. И за тоа има градација. Пообјективен си од многу други што идат во екстремите на лево и на десно, а помалку објективен од други.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.476
Поени од реакции
5.480
Останува тажната и горчлива фактичка вистина дека, сепак, во неедуцираните и посиромашни средини во светот, па и кај нас, сè уште преовладува надмоќта на стапот и ќотекот, над „непослушните“ и непокорни на мажите жени, и само ради тие исклучоци вреди секоја кауза и борба за феминистичките права, која всушност е прозлезена како реакција на доминатнниот машки светоглед и начин на обликување на вистината во светот.
Стапот и ќотекот се удира и по маж и по жена.
Жена кога ќе удри маж, сите викаат „Браво, Јака Жена,Се бори''. Маж ако удри жена (Па макар било и во самоодбрана) сите ќе кажат „Види го пичка, педер, мајка ти така да ја удираш, неможе друг маж па жена удрил“... You get my point right ?
Насилството е повеќе ПРОБЛЕМ во по сиромашните средини. Проблем којшто треба да се исече во корен. На крај краева Dont pick a fight that you cant win. Мал дел, но сепак има жени којшто стварно не знаат кај им е местото, од курчење, до дигање рака на друг човек (небитно маж или жена). Е сега, ако некоја земе и ми лупне шамар/бокс/клоца небитно - ФИЗИЧКИ МЕ НАПАДНЕ што треба јас да правам ? Еве од твоја гледна точка ?
 
А во кои средини сепак спаѓаме ние, според тебе, објективно гледано според нивото на сиромаштија и неедуцираност - wait for it, не мораш ни самиот да размислиш, ќе ти предочам - во крајно „затуцани“ средини. И понатаму преовладуваат статистиките дека мажите доминираат според бројот на извршените физички злосторства над жените. И тоа твоето „не знаат кај им е местото и оттаму и заслужуваат ќотек“, имплицира дека во најмала рака ги оправдуваш и поттикнуваш таквите деликти над нив.
 
Не ми го одговори прашањето. Доколку сум нападнат од жена, физички нападнат. Како треба да постапам?

И не, не сме крајно затуцани. Види го блискиот исток. Каде што од пред некоја година во некој држави жените смеат да возат кола. Каде што жените ги третираат како добиток. Мења 2 камили за една жена. Каде што имаат по 3-4 жени дома. Каде што ако ја убиеш жена ти немаш никакви последици, каде што Татко си ја злоставува ќерката, каде што Татко си ја продава ќерката на свој 6-7 години на некој муж од над 50 години. Каде што жената не смее да му ГУКНЕ на мажот пошто ќе јаде ќутек ко душман. Е ТОА СЕ ЗАТУЦАНИ СРЕДИНИ. И не, не подржувам насилство генерално. Само гледам реално на работите.
 
Секако дека доколку бидеш нападнат од жена, размислувам во насока дека таа треба да биде навремено пријавена од твоја страна и кривично да одговара за злоделото, соодветно на законот предвиден за регулација на тоа. Со компарации од типот на „види ги муџосине колку се ретардињоси и варвари“, не правиме ништо за борбата за ненасилство и залагање на права за еднаквост меѓу половите, а за кои и ти тука пишуваш дека активно се залагаш, туку напротив одиме неколку чекори наназад.
 
Член од
8 јануари 2020
Мислења
806
Поени од реакции
2.020
Стапот и ќотекот се удира и по маж и по жена.
Жена кога ќе удри маж, сите викаат „Браво, Јака Жена,Се бори''. Маж ако удри жена (Па макар било и во самоодбрана) сите ќе кажат „Види го пичка, педер, мајка ти така да ја удираш, неможе друг маж па жена удрил“... You get my point right ?
Насилството е повеќе ПРОБЛЕМ во по сиромашните средини. Проблем којшто треба да се исече во корен. На крај краева Dont pick a fight that you cant win. Мал дел, но сепак има жени којшто стварно не знаат кај им е местото, од курчење, до дигање рака на друг човек (небитно маж или жена). Е сега, ако некоја земе и ми лупне шамар/бокс/клоца небитно - ФИЗИЧКИ МЕ НАПАДНЕ што треба јас да правам ? Еве од твоја гледна точка ?
Прво, не смееш да дозволиш некој да ти удри шамар.... значи немаш тренинг...

Друго... викаш ги нема веќе џентлмените.... они ги имале витешките вредности... физички послаб не би нападнале.... нема чесност во тоа... а ти би лупнал некоја шо сака тебе да те.....

Има екстреми и на двете страни, и ќе ги има уште долго... пошто никој не сака да прифати дека секој пол има своја природа... но еднаквост по битност....
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
А во кои средини сепак спаѓаме ние, според тебе, објективно гледано според нивото на сиромаштија и неедуцираност - wait for it, не мораш ни самиот да размислиш, ќе ти предочам - во крајно „затуцани“ средини. И понатаму преовладуваат статистиките дека мажите доминираат според бројот на извршените физички злосторства над жените. И тоа твоето „не знаат кај им е местото и оттаму и заслужуваат ќотек“, имплицира дека во најмала рака ги оправдуваш и поттикнуваш таквите деликти над нив.
Види вака дејче, троа ме разочаруваш! Постојат две причини за да извлечеш заклучок дека сме крајно затуцана средина! Или се ставаш високо над средината што те опкружува и апстрахираш или пак заклучокот ти е од лично искуство. Сепак мислам дека силно ја карикираш состојбата на сиромаштија и неедуцираност кај нас, сакајки да офарбаш во поживописни бои една благоречено безвезна агенда, барем за Мк!
 
Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Види вака дејче, троа ме разочаруваш! Постојат две причини за да извлечеш заклучок дека сме крајно затуцана средина! Или се ставаш високо над средината што те опкружува и апстрахираш или пак заклучокот ти е од лично искуство. Сепак мислам дека силно ја карикираш состојбата на сиромаштија и неедуцираност кај нас, сакајки да офарбаш во поживописни бои една благоречено безвезна агенда, барем за Мк!
Не, и јас сум интегрален дел од таа средина и менталитет со кои морам сакала или нејќела да коегзистирам и не можам комплетно да се оградам од нив, мое останува да биде тоа да се борам за нивно какво-такво усовршување, токму од тие причини. Добро, а доколку според Вас го осликам најголемиот процент од нашата фактичка средина и опкружување како раскошно богати, хипередуцирани и оперирани од полова нееднаквост, пристрасност и отсуство на било какво физичко насилсво, доминантно извршувано над женскиот пол, дали ќе Ви прозвучам малку померодавно и нема „троа да Ве разочарувам“?
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.476
Поени од реакции
5.480
Секако дека доколку бидеш нападнат од жена, размислувам во насока дека таа треба да биде навремено пријавена од твоја страна и кривично да одговара за злоделото, соодветно на законот предвиден за регулација на тоа. Со компарации од типот на „види ги муџосине колку се ретардињоси и варвари“, не правиме ништо за борбата за ненасилство и залагање на права за еднаквост меѓу половите, а за кои и ти тука пишуваш дека активно се залагаш, туку напротив одиме неколку чекори наназад.
Никаде не кажав дека активно се залагам :)
Живееме во држава каде што за пријавување на тепачка во стан, на 300 метри од полициска станица, полиција дојде после 45 минути.
А за насилството, како тема насилство треба да се работи на децата, уште од мали. Пошто и мене ме боли а и тебе те боли. Како што јас како Маж треба да се воздржам од тоа да удрам некој, небитно дали е маж или жена така и жената треба да се воздржи. Треба децата да ги научиме дека со насилство не се решава проблемот.
Силувањето и Домашното насилство од страна на алхохоличар тука не го вметнувам. Тоа е за секоја осуда! И за тоа јас би да има и по строги мерки. А добро знаеме дека тој што силувал или се изживувал врз жена како поминува во затвор. Ако имаш некој познат, еве од прва рака ќе ти каже што се случува со силувачите и јаките мужи што после ракија дигаат рака на жената.

Со пријава во полиција не се решава проблемот кај нас. ЗА ЖАЛ. Еве, како машко, ако ме нападнеш ти, ако преќутам - Пичка, една жена го тепа... Ако ти вратам - Пичка, на жена дига рака... Работава е голи сте во гревет, од лево има згодна плавуша а од десно надарен црнец, од која страна и да се свртам, црно ми се пише. :)
Како и да е, за некој работи се сложуваме, за некој не. Проблемите во општеството треба сите ние да земеме и заедно на маса да ги решаваме еден по еден. Без да се завземаат страни.
Да не идеме само оф топик. Сепак феминизам е темата.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.372
Поени од реакции
79.221
Прво, не смееш да дозволиш некој да ти удри шамар.... значи немаш тренинг...

Друго... викаш ги нема веќе џентлмените.... они ги имале витешките вредности... физички послаб не би нападнале.... нема чесност во тоа... а ти би лупнал некоја шо сака тебе да те.....

Има екстреми и на двете страни, и ќе ги има уште долго... пошто никој не сака да прифати дека секој пол има своја природа... но еднаквост по битност....
неш јебат, quit it
 
Никаде не кажав дека јас би или не би удрил.
И за едно ќе ти даам рака (со ракавица) дека си тотално во право. Секој пол има своја природа и своја убавина. Баш и Различностите што ги имаме прават да се привлекуваме меѓусебно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom