Убави локации во светски рамки кои би сакале да ги посетите

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Тема наменета за споделување на фотографии од впечатливи локации низ светот кои вие лично мечтаете некогаш во животот да ги посетите. Споделувајте убави фотографии од нив, можете и кусо инфо, како и видеоматеријали.

Ќе започнам со едно од моите омилени места, храмот Ангкор Ват во Камбоџа, кој беше претставен во првиот филм Тум Рејдер со Анџелина Џоли.

Првично, Ангкор Ват бил хиндуистички комплекс од храмови изграден од кралот Сурјаварман II во XXII век и посветен на богот Вишну, а подоцна станал будистички храм.
Комплексот храмови Ангкор Ват е опкружен со водени канали, кои меѓу другото им служеле на работниците за превоз на големите камени блокови за време на изградбата. Јужниот дел е опкружен со воден канал широк 200 и долг 6 метра, кој го симболизира праокеанот. Заедно со бројните храмови, тој се вклопува во „вселената“. Самиот храм е одраз на кмерската космологија; на врвот од терасата се наоѓаат пет кули, кои се обликувани како лотосови цветови и кои ја симболизираат планината Мехру, домот на боговите. Наративните релјефи, кои ги пополнуваат тремовите околу галериите спаѓаат меѓу чудата на Ангкор Ват. Убаво и плитко обработувани, скулптурите кои илустрираат ликови или настани од хиндуистичките епови ја дополнуваат архитектурата на храмот. Многу ѕидови на храмот се украсени со танчерки, наречени апсари, кои имаат свое посебно обележје и не се меѓусебно слични. Ангкор Ват, денес е национален симбол, кој ги претставува кмерската култура и камбоџанскиот народ. Неговата слика се наоѓа на многу национални симболи, како што се националното знаме и банкнотата од 500 риели. И за време на владеењето на озлогласените Црвени Кмери, златна силуета на храмот била дел од знамето на земјата.

Воздушна снимка на Ангкор Ват

1280px-Angkor-Wat-from-the-air.JPG

the-ultimate-guide-for-visiting-Angkor-Wat-1280x640.jpg

Јужната капија на храмот

ab6d190db553953a2e5c408af4143889.jpg

Angkor-Wat-01.jpg

Барелјефот со приказ на митолошката сцена Матење на морето од млеко, која го прикажува богот Вишну во центарот, неговата желка Аватар Курма под него, асурите и девите од левата и десната страна и апсарите и Индра над нив

800px-Awatoceanofmilk01.JPG

Митолошките танчерки апсари

1024px-Awatdevatasupperlevel01.JPG

Анкгкор Ват на националното знаме на Камбоџа

1920px-Flag_of_Cambodia.svg.png


Аверсот на камбоџанската банкнота од 500 риели со приказ на храмот

Cambodia_2004_500r_obverse.jpg
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.849
Поени од реакции
21.620
Ангкор Ват у превод значи градски храм.Мора да се наведе дека д'ншни архитекти се чудиф сс какфу прецизност е изграден и како се држи на тој мочуришно нестабилно земјиште.Сама тај дијаметрична мандална прецизност га симболизира цел универзум.
За Ангкор Ват знам дека и преставља едно од најпознати и најважни мегалолитски опсерваторие,рамо до рамо сс Стоунхенџ,Абу Симбел и наше Кокино.
Заедно сс блиску планину Меру и сфои лотусни пет куле,овј храм претсавља астролошки календар,моменти нс солстис и еквинокс,сс помош на стубови се пратиф движење на с'лнце и месечину.

Едно од топ 10 дестинацие кои сакам да ги посету,али ради корону неможу
:D
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.486
Поени од реакции
4.323
Пирамидите во гиза(nuff said)
1587208156426.jpeg
луксор, eгипетски руини

1587208155604.png

абу симбел, египетски храм
1587208266650.png

, Теотихуакан, комплекс остатоци од месоамериканска култура
1587207498680.png
, чичен ица, мајански комплекс на јукатан во мексико
1587207682512.png
,
Мачу Пичу, презервиран град на икниките во перу

1587207852699.png

, Jапонски замоци(еве , на пример кумамото)
1587207976844.png

Стоунхенџ(друидски круг )
1587208304003.png
Moжда и некој си средновековни музеи и замоци
Ама билошто источно од истамбул, западно от јапонија, јужно од русија, немам намера да припарам. Ноуп.
 

Attachments

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Пирамидите во гиза(nuff said)
Прегледај го приврзокот 245460
луксор, eгипетски руини

Прегледај го приврзокот 245459

абу симбел, египетски храм
Прегледај го приврзокот 245461

, Теотихуакан, комплекс остатоци од месоамериканска култура
Прегледај го приврзокот 245453
, чичен ица, мајански комплекс на јукатан во мексико
Прегледај го приврзокот 245454
,
Мачу Пичу, презервиран град на икниките во перу

Прегледај го приврзокот 245455

, Jапонски замоци(еве , на пример кумамото)
Прегледај го приврзокот 245456

Стоунхенџ(друидски круг )
Прегледај го приврзокот 245462
Moжда и некој си средновековни музеи и замоци
Ама билошто источно од истамбул, западно от јапонија, јужно од русија, немам намера да припарам. Ноуп.
Погледнете дел од пирамидите и нивната внатрешност на сајтов (на кој ги има и светите места во Ерусалим, интересни сега за празников, па дури и некои локации од Македонија) ако сакате.


Пирамидите и 3D реконструкција на храмот во Луксор ги има тука (исто фин сајт за Египет генерално).


https://discoveringegypt.com/rebuilding-ancient-egyptian-temples-in-3d/3d-reconstruction-of-luxor-temple/

Мачу Пикчу и мене ми е меѓу омилените. :)
 
Последно уредено:

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.486
Поени од реакции
4.323
Иначе, ако збориме за природни знаметитости(добив импресија за човечки градби)
-сагуаро национален парк(аризона)
1587212345942.png
-џошуа три национален парк, САД(калифорнија)
1587212331801.png
-Јелоустоун САД, вајоминг

1587212401568.png


-Баха калифорнија сур мексико
1587212506558.png
-Везуф, неапол, Италија
1587213257815.png
-Шума на канделабри, етиопија, кенија
1587213312051.png
-стромболи, италија
1587213365716.png
Дел 1 од мене(природни локации)
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Природни знаменитости, како и човечки зданија доаѓаат предвид, секако. :)

„Огнениот“ водопад во американскиот национален парк Јосемити во Калифорнија.

Секоја година во одредено време, прекрасниот водопад во националниот парк Јосемити им приредува вистински визуелен спектакл на посетителите. Само оние кои ќе се затекнат на вистинското место и време можат да ја видат оваа неверојатна глетка.

Ова место во Калифорнија, во планините на Сиера Невада, е еден од најпосетуваните паркови, а наедно претставува и необичен природен феномен, наречен „Огнениот“ водопад Хорстеил. Тој се јавува повремено, кога врне дожд или кога снегот се топи на Ел Капитано, гранитна карпа висока еден километар. Тогаш, од околу 619 метри, околу 14 февруари, сончевите зраци паѓаат на водопадот под таков агол што се одбиваат од гранитот зад него, давајќи ѝ на водата црвена боја, што создава илузија дека низ карпата тече огнена лава. Овој природен феномен трае околу две недели, приближно до 1 март.

24406857534_ff6a2c930e_o.jpg

b69bf994c965ce2007f973d36e4c121c.jpg
 
Последно уредено:

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Пештерата Фингал во Шкотска е дел од националниот природен резерват на оваа држава. Таа е природна формација од хексагонални здружени базалтни столбови формирани од палеоценската лава. Оваа пештера е исполента со морска вода и по својата стуктура е слична на Гигантскиот премин во Ирска.

7557315ac5471d7f80105ab2b220449e828492f7.jpg

4681115733_5741ec75c4_b.jpg

Светлечките пештери на Ваитомо се лоцирани во Нов Зеланд и се познати по својот светлечки фасцинантен природен феномен, кој се должи на одредена габа која продуцира сино-зелена биолуминисценција. Оваа туристичка атракција има центар за посетителите на својот влез, конструиран од дрво. Во нејзините рамки постојат и организирани тури со бротчиња кои се движат под нејзините светлечки сводови.

travel-photography-glowworms-limestone-caves-shaun-jeffers-new-zealand-fb.png

01.jpg

Мистичниот пештерски комплекс во Бату, со пештерскиот храм во Куала Лумпур, Малезија, се состои од три главни пештери и уште неколку споредни. Најголемиот меѓу нив, наречен и Катедрален или Пештерски храм има многу висок кров кој прикажува хиндуистички светилишта. За да стигнат до него, посетителите мораат да се искачат по стрмна нагорница преку 272 скалила. На подножјето на ридот има уште два храма - Уметничката галерија и Музејската пештера, кои се исполнети со хиндуистички слики и статуи. Рамајана пештерата е ситуирана на крајната лева негова страна, на чијшто пат се наоѓа 15 метри високата статуа на Хануман, како и храмот посветен на него, кој инаку бил приврзаник и помошник на врвното индиско божество Рама. Церемонијата на осветување на овој храм се случила во 2001 година.

Едно од скалиштата во пештерата

1280px-Batu_caves_-_Intérieur_de_la_grotte.jpg

Еден од пештерските храмови

unnamed.jpg

15 метри високата статуа на Хануман

Hanuman_at_Batu_Caves.jpg Ед
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.217
Поени од реакции
84.129
Едно од топ 10 дестинацие кои сакам да ги посету,али ради корону неможу
:D
Да. Верувам дека сега ќе беше качен на храмот да гледаш залазак сунца (да не беше короната).
 
Член од
8 јануари 2020
Мислења
806
Поени од реакции
2.020
Да. Верувам дека сега ќе беше качен на храмот да гледаш залазак сунца (да не беше короната).
Шо се деси бе Берик, та изгуби смисол за хумор... чак у најосновна форма... ?
 
Член од
8 јануари 2020
Мислења
806
Поени од реакции
2.020
доста бре знам дека се заебава, аман
Епа тогаш дај некоја локација.... партиципирај... не туку мрчи.... тоа изгледа вака....


Пештера на кристалите или џиновската пештера кристал е пештера поврзана со рудникот Наика на длабочина од 300 метри во Наика , Чихуахуа , Мексико.

Најголемиот кристал во пештерата откриен до денес е во должина до 39 метри и 55 тони во тежина.

Без соодветна заштита, луѓето можат да издржат приближно десет минути....

20aa36dc98c366181b2cbcfe1c7efc48.jpg

1912acd7629ebb57808b74a21308d34b.jpg
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.217
Поени од реакции
84.129
Епа тогаш дај некоја локација.... партиципирај... не туку мрчи.... тоа изгледа вака....
Не. Сакав само да поминам и најнепродуктивно да истресам нешто (по можност паметен да се направам) и да си отидам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom