Непочитување на полициски час

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
За жал наместо да се споредуваме со словенците, хрватите и останатите понапредни од нас југословенски народи и да си ја развиваме културата, како што било во време на Југославија, нашето друштво се упропасти до тој степен што идоли ни станаа криминалци како Аркан, а забава ни е турбо фолкот. Нашето општество наспрема тоа пред 30 години е 10 пати поглупо, а за ефикасноста на државниот апарат, културата, образованието и ред други работи не ми се ни дискутира.
Еве ден денес паѓаме до степен да дискутираме за вакви банални теми, за кои по дефолт е јасно како треба да се постапи и им се дивиме на албанците зашто не се поткажувале. Гарантирам дека пред 30 години овој муабет да се спомнел би го отерале упм тој паметниот.
Одамна јас зборам, дека ова ни е проблемот. Наместо да гледаме да се подобриме, ние се прекоруваме што не сме биле солидарни во заебување на системот како некој друг.

Уствари види ти по темине за работа во странство, ќе пишеш вака така онака е и стандард некој ти улетува со клизач со прашање од типот на - а што, црнците да не се поарни? и фино лепо стискаш X на јазичето. Црнци и Албанци сингеличани ни се трешхолд.
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.334
Поени од реакции
7.695
Ликови со години се утепаа пишувајќи колку бил корумпиран системот, колку биле неписмени и само на себе мислеле политичарите/администрација, како мвр/дбк се главните меѓу криминалците и слично. Истите тие ликови сега солат памет да се почитувале мерките од системот, а пријавувањето на тие што не прават така е карактеристика со која треба да се гордееш итн итн .
Баш би сакал до средина на мај потполно истиве мерки да важат :cujte:

Нема врска тоа што мерките се неефикасни, противуставни и со трајни последици за економската и здраствена состојба на населението.

Ќе разберев системот да функционираше како во Шведска, Норвешка, ама самите пишуваа дека сме далеку од тоа, па зашто тоа бараат :toe::confused::brlav:
Се кодош до кодош, бараат да биле обединети, во меѓувреме почнуваат да офкаат. :tapp:
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Иако после обидот на дел племенскиот сојуз од Сингелиќ да развие колективен имунитет некако нема смисла да се критикува нашиот однос, вадат од кожа некои однесувања и постапки.
Денес, некаде околу 14:30, патот ме однесе во продавница во Карпош. Старци колку сакаш, мислам не некоја гранична возраст, туку 70+, мамички со нивните мали деца, неколку групи од по зелени 3-4 дечишта, групни пазарења. Ајде пензионериве им избегал возот, ај деца како деца, ама мајкиве што влечкаат со себе петгодишни деца и ни тие ни децата немаат ни ракавици, ни маски. Ах, пролет...
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.049
Поени од реакции
6.529
Мерките за неодење во шума се носат секоја година во овој период до на есен за да се избегнат пожари и немаат врска со коронавирусот.
Прв пат слушам за такви мерки, во Април да не се смее да се оди во шума, сигурен си?
Макар да, ништо не би ме изненадило од вакво дно од општество, фашистичка клептократија.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.049
Поени од реакции
6.529
Ликови со години се утепаа пишувајќи колку бил корумпиран системот, колку биле неписмени и само на себе мислеле политичарите/администрација, како мвр/дбк се главните меѓу криминалците и слично. Истите тие ликови сега солат памет да се почитувале мерките од системот, а пријавувањето на тие што не прават така е карактеристика со која треба да се гордееш итн итн .
Баш би сакал до средина на мај потполно истиве мерки да важат :cujte:

Нема врска тоа што мерките се неефикасни, противуставни и со трајни последици за економската и здраствена состојба на населението.

Ќе разберев системот да функционираше како во Шведска, Норвешка, ама самите пишуваа дека сме далеку од тоа, па зашто тоа бараат :toe::confused::brlav:
Се кодош до кодош, бараат да биле обединети, во меѓувреме почнуваат да офкаат. :tapp:
Имам во комшиии кодош кој пријавува ако некој прекрши полициски час 20 пати е доаѓана полиција пред влезов :D
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Прв пат слушам за такви мерки, во Април да не се смее да се оди во шума, сигурен си?
Макар да, ништо не би ме изненадило од вакво дно од општество, фашистичка клептократија.
Моја грешка, пошто планинарам секоја година се споменува истава забрана, но не сум приметил од кој датум обично се воведува. Гледам сега по стари вести забраната најрано се воведува почеток на јули до на есен. Прв пат е воведена олку рано, заради коронавирусот.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.334
Поени од реакции
7.695
Имам во комшиии кодош кој пријавува ако некој прекрши полициски час 20 пати е доаѓана полиција пред влезов :D
Кај еден другар во зградата имале таков пред некоја година. А прават журка, петок или сабота, одма полиција им викал за гласна музика, дрога, коцка итн (галама имало, макс до 02, не дрога и коцка). Дознаа кој ги пријавува, 2 пати гумите му ги сечеа, после тоа, чудо се случило, немало пријави.:toe:

Јас сега околу 16:30 се вратив од пешачење, ама имаш комшии наздравје ќе ти кажат, а не во мвр.
Утре околу 10ч планирам, кодоши имајте осет :свиркам:
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.049
Поени од реакции
6.529
Моја грешка, пошто планинарам секоја година се споменува истава забрана, но не сум приметил од кој датум обично се воведува. Гледам сега по стари вести забраната најрано се воведува почеток на јули до на есен. Прв пат е воведена олку рано, заради коронавирусот.
И сега што правиме, позитивна мерка е забранава за движење низ шума поради вирусот или не е? Како така бе планинар да не знае ццц...
Ако не можеш или не сакаш ти да огдовориш, тогаш тие кои ти лајкнале пост нек ти помогнат :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Прв пат слушам за такви мерки, во Април да не се смее да се оди во шума, сигурен си?
Макар да, ништо не би ме изненадило од вакво дно од општество, фашистичка клептократија.
Лани зимоска било од март. Зависи изгледа од кога помасовно се очекуваат пожари.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.049
Поени од реакции
6.529
Иако после обидот на дел племенскиот сојуз од Сингелиќ да развие колективен имунитет некако нема смисла да се критикува нашиот однос, вадат од кожа некои однесувања и постапки.
Денес, некаде околу 14:30, патот ме однесе во продавница во Карпош. Старци колку сакаш, мислам не некоја гранична возраст, туку 70+, мамички со нивните мали деца, неколку групи од по зелени 3-4 дечишта, групни пазарења. Ајде пензионериве им избегал возот, ај деца како деца, ама мајкиве што влечкаат со себе петгодишни деца и ни тие ни децата немаат ни ракавици, ни маски. Ах, пролет...
Нормално дека ќе носат деца пошто и онака имаат мал временски прозорец во послениве 30+ дена, деца побеснуваат ако не излезат извесно време, настрана што изолацијата и претераното седење пред било кој екран им сјебува имунитет. Петгодишњаци што ќе ги убеди некој да се шетаат со маска и ракавици уште не се родил :)
Автоматски споено мислење:

Лани зимоска било од март. Зависи изгледа од кога помасовно се очекуваат пожари.
Зависи како ќе им дувне на некој/и бирократ, ништа нас не смије изненадити.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
И сега што правиме, позитивна мерка е забранава за движење низ шума поради вирусот или не е? Како така бе планинар да не знае ццц...
Ако не можеш или не сакаш ти да огдовориш, тогаш тие кои ти лајкнале пост нек ти помогнат :)
Ете бе не знаев цццццц....
Молам сите да го одлајкнат постот или задолжително да дадат отчет за оправданоста на мерката.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.334
Поени од реакции
7.695
И овие се од Сингелиќ

А може пол.час е намерно воведен, ем стадото побрзо ќе стекне имунитет, гужвајќи се и чекајќи пред банки, пазари, продавници, ем од стресот послабите ќе ојдат јабана, ќе останат поздравите единки. :гик:
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.049
Поени од реакции
6.529
Ете бе не знаев цццццц....
Молам сите да го одлајкнат постот или задолжително да дадат отчет за оправданоста на мерката.
Друг е муабетот, зошто и како луѓето прифаќаат драконски мерки поради икс причини и истите ги оправдуваат, не е ова нешто ново, се има случувано многу пати и во земји каде причина за рестриктивни мерки биле некои други состојби, некои од нив имале и многу хигиенски начин на поздрав (без допир) мене ми е шокантно како на млади луѓе не им се јавува отпор кон вакви ситуации, тоа не го разбирам...
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Друг е муабетот, зошто и како луѓето прифаќаат драконски мерки поради икс причини и истите ги оправдуваат, не е ова нешто ново, се има случувано многу пати и во земји каде причина за рестриктивни мерки биле некои други состојби, некои од нив имале и многу хигиенски начин на поздрав (без допир) мене ми е шокантно како на млади луѓе не им се јавува отпор кон вакви ситуации, тоа не го разбирам...
Никаде не искоментирав дали е оправдана или не мерката, a ни на крај памет не ми паднало да ја правдам. Од кај па знаеш дека мене ми е сеедно да чмаам дома 3 дена непрекинато и дека тоа кај мене не создава отпор? Кој си ти Иван Исцедител или Баба Ванѓа?
Влезен си во некој филм, па хистеришиш по форуми и мислиш правиш некоја кој знае каква работа, кога уствари само тресеш зелени како слабеење на имунитет заради тоа што децата ќе седеле дома 3-4 недели. :pos:
Ако си убеден дека ова е белосветска превара, организирај протест со бачето и останатите конспиратори, можда конечно ќе го затворат Бил Геј и ќе го ослободите светот од фашистите засекогаш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom