Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.425
Очекувам Заев, како што го отвори, така да го затвори. Да биде официјално затворен, за да лежат.
Не може ние да си бидеме задоволни со мислата дека случајот веќе беше затворен, кога извршителите се ослободени.
Ти значи уште имаш надеж во Заев... баш ме интересира на кој основ ја темелиш таа надеж....
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Ти значи уште имаш надеж во Заев... баш ме интересира на кој основ ја темелиш таа надеж....
Нема избор тука.
Тие што беа ослободени, или треба да си лежат (обвинението не е сменето) или да се ослободат од судско гонење.
Ја можам до утре да си замислувам во главата дека ете ги осудија и за мене тоа е готово, а за тоа време они се на слобода.

Муабетов ти е како дебилниот муабет од владава дека "некој што изгубил работа денес, може ќе се вработи после два дена, тоа не е губење на работа".

Ги ослободиле терористите од Монструм, може ќе го затворат случајот после 38 години, тоа не значи дека Заев нѐ измочал.

Го пуштиле да избега убиецот на Мартин Нешковски, може ќе го фатат после 55 години, тоа не значи дека избегал.

Инаку, случајов сѐ уште не е затворен, што значи мочањето е во тек. Така да, не да ве измоча, ве удави во моч нобеловецот од Муртино, лично одликуван од принцот на Македонија и Црна Гора. :D
Да, на тоа мислев - ако ги осудат за двеста години, ќе речам ете Заев не не заеба.
:facepalm:
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.425
Нема избор тука.
Тие што беа ослободени, или треба да си лежат (обвинението не е сменето) или да се ослободат од судско гонење.
Ја можам до утре да си замислувам во главата дека ете ги осудија и за мене тоа е готово, а за тоа време они се на слобода.
тоа што го кажуваш важи за сите нас тука што дискутираме и за уште милион луѓе...

Ете Заев не е премиер веќе, а овие не се осудени, ниту ослободени... Утре Заев знаеш што ќе изјави, тоа не е до мене, судот така одлучи....

како што всушност направи за убиството на детето од страна на полицаецот, кој сега е на слобода... а со таа снимка (сечена и лепена) ги поткопа и ја доведе во прашање релевантноста буквално на сите снимки....

Или можда уште очекуваш некоја бомба за случајов?
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
тоа што го кажуваш важи за сите нас тука што дискутираме и за уште милион луѓе...

Ете Заев не е премиер веќе, а овие не се осудени, ниту ослободени... Утре Заев знаеш што ќе изјави, тоа не е до мене, судот така одлучи....
Секако дека ќе изјави така. Добро познат ни е тој тип на изјави, тука. Еве една:
- Ние ги употребивме сите механизми да ги побараме извршителите од Косово, ама ете они неќат. Што да праиме немоќни сме, не можеме да ги натераме.
Заев ќе ја има историската одговорност за ослободувањето (доколку наскоро не се реши случајов) или за изгледот на законот за јазици, а и за други нешта, исто како што Груевски ја има историската одговорност за амнестијата на воени злосторници, или за веењето на знамето на реп.Албанија во оваа земја и др. Таа одговорност, според мене оди на контото на двете партии, се додека јавно не се дистанцираат од одлуките на своите лидери.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.358
Поени од реакции
21.777
Да, на тоа мислев - ако ги осудат за двеста години, ќе речам ете Заев не не заеба.
:facepalm:
Од 2017та се пуштени на слобода убијците, случајот си тапка во место. Три години поминаа, кога е тоа наскоро решавање на случајот?

Но, океј, ете да речеме дека никој не е измочан, ако така ти е полесно. :D
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Од 2017та се пуштени на слобода убијците, случајот си тапка во место. Три години поминаа, кога е тоа наскоро решавање на случајот?

Но, океј, ете да речеме дека никој не е измочан, ако така ти е полесно. :D
Не ми е битно кој е измочан.
Сакам да лежат овие, а не да се шетаат.
Или нека докажат спротивно. Само не вака како што е сега.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.425
Секако дека ќе изјави така. Добро познат ни е тој тип на изјави, тука. Еве една:
- Ние ги употребивме сите механизми да ги побараме извршителите од Косово, ама ете они неќат. Што да праиме немоќни сме, не можеме да ги натераме.
Заев ќе ја има историската одговорност за ослободувањето (доколку наскоро не се реши случајов) или за изгледот на законот за јазици, а и за други нешта, исто како што Груевски ја има историската одговорност за амнестијата на воени злосторници, или за веењето на знамето на реп.Албанија во оваа земја и др. Таа одговорност, според мене оди на контото на двете партии, се додека јавно не се дистанцираат од одлуките на своите лидери.
одговорноста на двете партии за денешната состојбата е несомнена... Ама во темава се збори за настан во кој обвинетите ги ослободи едната партија на сметка на ситни дневнополитички поени... неможеме да ја разводнуваме темата со муабети од типот "ама Груевски"
 
Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.969

Или ликот страда од Грујофобија или си одработува работно место. Трето нема. Се му налепи на Грујо и што треба и што не треба. Реков претходно лута ко воле пред матадор. Незнам дали не смета за малоумни во ера на интернет (21 век) 2020 г. и мисли дека со ширење полувистини и манипулации (да не речам лажни вести) ќе ја скрати т.е. подели со Грујо вината на неговиот ко божем довчерашен спасител. Еве најново Грујо го поврза и со законот за знамиња :aplauz:

исто како што Груевски ја има историската одговорност за амнестијата на воени злосторници, или за веењето на знамето на реп.Албанија во оваа земја и др.
Сега па му сметале зошто на слобода шетале, а кога беа затворени „бомби“ бараше. Еве ти на слушај бомби другар ти Зајко што не ги објави, од оние неселектираните. Не им текна на ДУИ од кога дојде СДС и Зајко да бараат слобода за уапсени во случајот, барале и претходно, ништо ново од нив. Само Заев испадна златна рипка за желби на се и сешто... жалам тоа е, толку ти делеле, па си немал капацитет да го процениш зајчето миличко сивичко навреме, па сега се инаетиш ко магаре.

До 2:15... останатото е разговор на двајца конформисти кои испаничиле од намерата на Грујо насила да го турка законот за бранители, испаничени да не останат без функции ако се распадни коалицијата со ДУИ.
 
Последно уредено:
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Очекувам Заев, како што го отвори, така да го затвори. Да биде официјално затворен, за да лежат.
Заев го врати на почеток (го отвори) без причина. Рече дека се од материјали предал на СЈО, а СЈО(Фатма) тоа се го презентираше на рочиште и сите слушнавме дека уствари било ништо. Значи, без причина. Кога нема нови околности, а некој(Заев) го враќа делото на почеток и ги ослободува убијците, шо мислиш, зошто го праи тоа?

Нема избор тука.
Тие што беа ослободени, или треба да си лежат (обвинението не е сменето) или да се ослободат од судско гонење.
Ја можам до утре да си замислувам во главата дека ете ги осудија и за мене тоа е готово, а за тоа време они се на слобода.
Доказите се overwhelming. Тие се сторителите, пресуда имаше. Единствен начин за Заев да ги спаси е да се развлече процесот до бесконечност, јавноста да заборави, да нема медиумска експонираност и да нема пресуда. Многу се труди да ги спаси, тоа е очигледно, безобразно многу се труди. Никогаш досега немало вакво нешто, никој вака апла не застанал на страна на убијци заради политички профит. Без никаква причина го пушти да избега убиецот на Мартин Нешковски откако пред тоа насмеан се поздрави со него во затвор. Без никаква причина ги ослободи убијците од Смилковско, откако пред тоа со години трубеше дека поседувал докази и постоеле големи сомнежи во врска со тој настан...

На таа гнида не и треба закон, таа гнида не почитува ни Устав, ни ред, ни поредок. Го разјадува тоа ткиво, уништува секаков потенцијал за создавање државен, а особено национален темел. Нема совест тој глуп, а алчен термит шо за макар и привидна моќ досега распродаде секаков државен интерес, секаква национална гордост и достоинство.

Неверојатно беше на почеток да гледаме како човек што се колне во децата, воздухот шо го дишел и жицата по која шо одел дека нема да го менува уставот, стои на говорница и ја соопштува рожбата на северџанистан.
Неверојатно беше како тоа човек кој се потсмеваше на тирански платформи и двојазичности и викаше дека биле во главите на вмровците, соопштува дека во уставот ќе биде имплементиран и некој гега јазик како службен на цела територија.
Неверојатно беше, човекот кој организираше „спонтани протести“ за убиството на Нешковски и бараше одлучна и брза правда за убиецот, потоа да го посети во затвор тој убиец, да се поздрави со него и на крај да го пушти на слобода.
Не знам веќе дали е неверојатно тоа дека и убијците од Смилковско ги пушти на слобода. Треба навика да стане, секојдневие. Треба да ни досади веќе и да престанеме да повторуваме, да стане нормално. Треба и да припазиме малку, да не шлапаме многу, оти ако пишуваме дека крвта на децата и рибарот убиени кај Смилковско езеро и крвта на Мартин Нешковски е на рацете на Зоран Заев, може и во станица да не викнат, да објасниме зошто се закануваме на нашиот мекотел мал шуплив Таип Реџеп Заев.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.348
Поени од реакции
26.350

Господинот Заев беше убеден дека нема да мора да го менува Уставот на нашата земја, ама околностите го примораа. Зарем ќе ја жртвуваме иднината на нашата земја за еден Устав? Нели си горд сега кога нашата Армија е рамо до рамо со најмоќните?

Тиранската платформа никогаш не му беше во план да ја прифати, ама откако Груевски ја измисли и прифати, немаше друг избор. Зарем порадо би да останеше режимот на власт?

Господинот Заев не бил свесен со кого се поздравува. Па зарем секој затвореник во државава би го знаел? Бегството е несреќен случај, се случува и на најдобрите.

Дека тие од Смилковско мора да бидат пуштени на слобода сведочи писанието на Охридскај што го постираше самиот некоја страна поназад. Нема апсолутно никаков материјален доказ, ниту мотив. Или ти би радо да бидат осудени невини?

За полициска станица, нема што да се секираш. Долго чекавме да дојде Живот во нашата земја. И тој е Живот во нашата земја за сите. Вклучувајќи ги и вмровците, колку и да клеветат.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
И Груевски и Заев се пазареа со необалистите околу случајот Монструм и од тоа нема бегање. Разликата е во тоа шо Груевски беше во подобра стартна позиција од оваа лејката сега, меѓутоа тоа го искористија во друга насока со братучедот.

Се додека родителите на децата не земат да ги решаваат по улици тие шо ги шетаат по тавани ќе биде играње дрн дупка со една ваква ликвидација.

Ние сме пластелин, тоа е тоа.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
20200417_225209.png
20200417_225237.png
20200417_225309.png
20200417_225334.png
20200417_225352.png
20200417_225416.png
20200417_225435.png
20200417_225545.png 20200417_225559.png 20200417_225627.png
20200417_225647.png

Еве доказ дека некој Македонци сеуште мисли како и пред неколку години.Жалосно.
А тоа шо Мицкоски продолжува со лажен патриотизам како претходниот лидер е за друга тема.
 
Attachments

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.536
Поени од реакции
9.429
дечко, би те замолил за една работа, немој секоја северџанска гнаса да ја поистоветуваш со Македонци.
 
Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.969
Еве доказ дека некој Македонци сеуште мисли како и пред неколку години.Жалосно.
А тоа шо Мицкоски продолжува со лажен патриотизам како претходниот лидер е за друга тема.
Денес кога Димитров цимолеше дека новите услови што ни ги поставува Бугарија се косат со „европските вредности“, вакви ликови го тешеа со коментари дека Заев ќе ја средел таа работа, знаел како. Така да нема потреба за внимание на вакви испрдоци на темата. Ќе дојдат избори кога тогаш ќе бидат збришени... тогаш ваквите ќе трпат, додека нивните политички идоли бараат азил низ Европите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom