Што значи дека народот генерално е многу дисциплиниран и муабетите од тип, мора да ги засилиме мерките зошто не ги почитувате (што е оксиморон само по себе) или за друштвен народ мора строги мерки е многу бедна ПР стратегија.
Во суштина да, добар дел од мерките и ограничувањата се такви што на народот не му оставаат баш простор да не прави гужви и групирања во периодот кога нема забрани.
Неспорно е дека има малку елементи тука на тренирање строгост од властите, но според мене клучен е продолжениот празничен викенд, ако помине слично како овој претходниот веројатно ќе почнат да се олабавуваат мерките. И мислам дека ќе помине добро, иако има “силни“ поединци по нетот (Миленко на пример и неговите следачи) кои се закануваат дека ништо нема да ги спречи да отидат на црква, мнозинството ќе се придржува на забраните, МПЦ има сосем исправен став и ги испраќаат вистинските пораки и упатсва, за разлика од нивните исламски колеги кои си го покажуваат нивото по не знам кој пат, како ли само ќе беше ако имаше голем муслимански празник овој период не сакам да знам.
Сигурно има поединци кои од икс причини (идеолошки, политички, религиозни или од чист сеир) би сакале немили и срамни сцени пред храмовите, меѓусебни навреди помеѓу полиција и народ, не верувам дека такво нешто ќе се случи, максимум може некој изолиран инцидент.