Првиот смртен случај од коронавирус во Вухан, Кина - 11 јануари. Првиот смртен случај од коронавирус во Велес, Македонија - 6 јануари. Изгледа никој од авторите на овој светски заговор не сметаше дека некој, таму во некоја Маќедоња, ќе заборави 3 месеци мртво тело во стан, а потоа ќе му текне да го тестира за Covid-19.
На крај ќе испадне дека успешно сме го дриблале вирусов и без посебни мерки изминативе месеци и дека сме на добар пат да стекнеме колективен имунитет. За полесните симптоми, заблагодарете и се на задолжителната БСЖ вакцина, измислена пред еден век.
Со тоа што BSG вакцината не ја имаат сите. Таа е онаа во рамо, што остава одвратна лузна до крај на живот?
Ако е вака како што збориме, ќе имаше барем некој случај на неспецифична пневмонија и некој лекар ќе алармираше нешто во тој период.
Друго, исто важно, многу одамна симптомите се поврзуваа со тие на сезонскиот грип, со тоа што од млаки, ненадејно преминуваа во животозагрозувачки (прашање на минути). Ова се информации од лекари кои работеле на нега на пациенти. Тука што читам на форумов, скоро сите што пишуваат дека прележале, не ги кажуваат тие симптоми што ги опишува Министерството и WHO. Кај коронава кашлицата е сува, а температурата не е висока.
Јас се согласувам дека официјалната статистика не е точна, не само овде, во ниедна земја и можно е да е дојден многу порано, февруари, може и јануари - тоа е период на празници, интензивно патување, со тоа што мој впечаток е дека многу, многу потешко се шири или е многу помалку заразлив од што се прикажува. Затоа на таа карта тргна Шведска, Германија, а пред тоа Холандија, Британија.
Мислам дека со маска и чисти раце, човек нема шанси да го фати, а физичката раздалеченост при комуникација е клучна. Специфично за Дебар на пример беше тој фамозен погреб, на кој сигурно имало плачење, течење нос, гушкање, лигавење. Нашиве муслимани, мажите имаат поздрав со некое гушкање и лична хигиена на најмизерно ниво, а лично и не верувам дека по тие нивните планински села дозволувале вакцинирање од било каков тип.....женските деца и ден денешен по некои села не смеат од дома да излезат, не се едуцираат.