Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Oд ова што го читав, најмеродавни резултати, ако сакаш приватно да се прегледаш се во Филип Втори?
 
До понеделник ќе се удавиме и се испозаразиме од ѓубре. Сега треба да позајмам куче од комшиите за да фрлам ѓубре. бедно
 
Последно уредено:

Очигледно се уште не се знае како се шири по светов! Заразено момче од изолирано племе во Амазонија!
 

Очигледно се уште не се знае како се шири по светов! Заразено момче од изолирано племе во Амазонија!

немозможно е без контакт да се зарази некој, сигурно не се толку изолирани штом се разболел
 

Очигледно се уште не се знае како се шири по светов! Заразено момче од изолирано племе во Амазонија!
Чим има начин како да го тестира и да го однесе во болница, има начин како и да го зарази..
 
Немаат никаква логика бројките на кинезите наспрема тие на другите земји. Еве ако изговорот за Италија или Шпанија беше дека имале лошо здравство или немале свест истото не може да се каже за Германија, земја која моментално несомнено има подобар здравствен систем од Кина, па не се смири така одеднаш ситуацијата како во Кина. Лажат жолтите со бројките и тоа не големо.

EDIT: Ама па од друга страна и Јапонија, Тајланд и Ј.Кореја имаат ниски бројки. Кој ќе му знае што се дешава, ама исто неверојатно е цела Азија да лаже.
Италија има едно од најдобрите здравства во ЕУ, мислам дека не се надевале на таков бран!
Што се однесува до Кина, пошто имам постојан контакт со нив, не е за чудење тоа што не се прошири така. Еве регионот позади Хонг Конг, Гуанжу и околина речиси нула случаи!
И реално колегите од таму велат дека поминале без последици од вирусов. Разбирам дека они се во технолошко индустриска зона, ама пак воопшто да не бидат погодени, браво!
 

Очигледно се уште не се знае како се шири по светов! Заразено момче од изолирано племе во Амазонија!
Sto bi rekol Rick Grimes, site sme infecirani!!!!
 
Првиот смртен случај од коронавирус во Вухан, Кина - 11 јануари. Првиот смртен случај од коронавирус во Велес, Македонија - 6 јануари. Изгледа никој од авторите на овој светски заговор не сметаше дека некој, таму во некоја Маќедоња, ќе заборави 3 месеци мртво тело во стан, а потоа ќе му текне да го тестира за Covid-19.

На крај ќе испадне дека успешно сме го дриблале вирусов и без посебни мерки изминативе месеци и дека сме на добар пат да стекнеме колективен имунитет. За полесните симптоми, заблагодарете и се на задолжителната БСЖ вакцина, измислена пред еден век.
Со тоа што BSG вакцината не ја имаат сите. Таа е онаа во рамо, што остава одвратна лузна до крај на живот?

Ако е вака како што збориме, ќе имаше барем некој случај на неспецифична пневмонија и некој лекар ќе алармираше нешто во тој период.

Друго, исто важно, многу одамна симптомите се поврзуваа со тие на сезонскиот грип, со тоа што од млаки, ненадејно преминуваа во животозагрозувачки (прашање на минути). Ова се информации од лекари кои работеле на нега на пациенти. Тука што читам на форумов, скоро сите што пишуваат дека прележале, не ги кажуваат тие симптоми што ги опишува Министерството и WHO. Кај коронава кашлицата е сува, а температурата не е висока.

Јас се согласувам дека официјалната статистика не е точна, не само овде, во ниедна земја и можно е да е дојден многу порано, февруари, може и јануари - тоа е период на празници, интензивно патување, со тоа што мој впечаток е дека многу, многу потешко се шири или е многу помалку заразлив од што се прикажува. Затоа на таа карта тргна Шведска, Германија, а пред тоа Холандија, Британија.

Мислам дека со маска и чисти раце, човек нема шанси да го фати, а физичката раздалеченост при комуникација е клучна. Специфично за Дебар на пример беше тој фамозен погреб, на кој сигурно имало плачење, течење нос, гушкање, лигавење. Нашиве муслимани, мажите имаат поздрав со некое гушкање и лична хигиена на најмизерно ниво, а лично и не верувам дека по тие нивните планински села дозволувале вакцинирање од било каков тип.....женските деца и ден денешен по некои села не смеат од дома да излезат, не се едуцираат.
 
До понеделник ќе се удавиме и се испозаразиме од ѓубре. Сега треба да позајмам куче од комшиите за да фрлам ѓубре. бедно
Абе оди фрли у најлош случај ке те опеменат
 
Требаше ова со ѓубрево да го имаат предвид.
Исто, вчера сите го фрлиле ѓубрето во последен рок и сега контејнерите личат на депонии, а сигурен сум дека навечер ќе фрлаат скришум дополнително. Што беше проблем комунална хигиена да добие дозвола за движење, не знам.
Сега маалскиве кучиња го разнесуваат ѓубрето насекаде.
 
Требаше ова со ѓубрево да го имаат предвид.
Исто, вчера сите го фрлиле ѓубрето во последен рок и сега контејнерите личат на депонии, а сигурен сум дека навечер ќе фрлаат скришум дополнително. Што беше проблем комунална хигиена да добие дозвола за движење, не знам.
Сега маалскиве кучиња го разнесуваат ѓубрето насекаде.
Не знам дали е секаде но кај мене на улицата сабајле беа и ги испразнија контејнерите и продолжија да ги испразнуваат и понатака низ следните улици.
 
Не мислам дека после Велигден, ќе се олабават мерките.
Не знам, ама логично, ако пикот го достигнеме следните две недели, на истите тие заболени ќе му бидат потребни минимум три недели за да се опорават.
Стварно не го гледам крајот, барем не во скоро време.
 
Прв пат да уживам на балкон без да бидам загаден од звуци на автомобили, бесни пазарџии и моторџии. Се сончам на балкон слушам Shpongle и размислувам дека многу мои пријатели и колеги што "скоро никигаш" не биле болни пред месец-два се жалеа дека две недели не можат од кревет да станат. Со температура над 38, воспалени гради, кашлица, малаксаност. Јас имав суво воспалено грло и сува длабока кашлица, тоа го препишав на алергијата, но имав и малку покачена температура 37.2. Голема вртоглавица, се држев по огради да не се онесвестам, почна да ме чеша кожата на рацете. Три дена сеќавав болки на градите, како да имам тежок чекан врз нив. Се јавив кај матичната и со муабет некако ме смири. По препорака од неа седев 7 дена во самоизолација, немав симптоми потоа и се вратив на работа.
Ако имало корона во Велес пред неколку месеци и знаеме дека таа ги поагресивно ги напаѓа старите и оние со послаб имунитет и е многу вирулентен, зошто тогаш на постарите членови на фамилиите на луѓето што беа болни од "грип" не им беше ништо, а болни легнаа здрави и физички јаки луѓе?
 
Ne mi e jasno so panikive.....kako nemozat lugjevo da izdrzat policiski cas, sinkir gladni i zesni sme ostaeni..... Chitam i se chudam vo nekoi gradovi demek lugjeto "poludele", se baralo lek povekje, leb povekje. Jas so malo dete pa ojo ne mi trepnuva. Jadenje si imame, pienje si imame, mobilni imame, PlayStation imame :-). Podobro neshto od policiski cas nemozese da mi se sluchi :-)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom